Делегација на македонското Собрание во посета на Израел - Канал 5

Делегација на македонското Собрание во посета на Израел

На покана на министерството за надворешни работи на Државата Израел, Делегација на пратениците од Собранието беше во посета на Израел во периодот од 11 до 16 октомври 2026 година.

Делегација на македонското Собрание во посета на Израел

Делегацијата ја предводи пратеничката Рашела Мизрахи, претседателка на Групата за соработка, а во нејзиниот состав се и пратениците: Беким Ќоку, Бобан Карапејовски, Зоранчо Јованчев, Илир Хасани, Јован Јаулески, Катерина Димитровска, Малиша Станковиќ, Мартин Стојановски, Моника Зајкова, Петар Марков, Славјанка Петровска и Тони Јаревски.

Програмата започна со средба на Делегацијата со претставници во Кнесетот. На средбата се истакна континуираната билатерална соработка помеѓу двете држави. Дополнително се разговараше за понатамошен развој на соработката во делот на трговската размена и продлабочување на соработката во стратешки сектори за двете држави, особено во областа на здравството, земјоделството, безбедноста, претприемништвото, културната размена и туризмот.

Делегацијата го посети и Врховниот суд на Израел каде поблиску се запозна со работата на Судот.

Делегацијата ја продолжи својата посета во Клиничката болница Хадаса и Хадасит - Иновацискиот центар за медицина каде се запознаа со работата на медицинскиот центар и посебниот модел кој овозможува развој и иновација во медицински помагала и техники.

Во Светскиот центар за сеќавање на холокаустот, Јад Вашем, Делегацијата учествуваше во церемонијата на полагање на венец, со што се оддаде почит на жртвите од холокаустот. Исто така, Делегацијата положи венец на гробовите на Теодор Херцл, Јицак Рабин и Шимон Перес.

Делегацијата оствари состанок со Теофилос, патријарх на грчката православна патријаршија во Ерусалим. На средбата пратеникот Петар Марков се заблагодари за приемот, додека патријархот ја истакна важноста на религијата во разрешување на етничките конфликти.

Во Тел Авив, Делегацијата го посети Центарот „Перес“ за мир и иновации каде се запозна со нивната работа во делот на технолошките иновации во различни области. Во Медицински центар „Волфсон“ Холон, Делегацијата се запозна со работата на одделот за трауматологија и нивната методологија за менаџирање на пациенти.

Како дел од посетата Делегацијата имаше можност да се запознае со работата на Израелска управа за противпожарна заштита и спасување и постројка на „Мекорот“ за третман на вода и десалинизација. Делегацијата посетата ја заврши со посета на Институтот за студии за национална безбедност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од ДУИ одат во вториот круг на изборите за градоначалник на Брвеница

На 1-ви ноември кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ Стојанчо Радичевски и Аркин Јахиј во вториот круг на предвремените локални избири во општина Брвеница повторно ќе ги одмерат силите. 

Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од ДУИ одат во вториот круг на изборите за градоначалник на Брвеница

Радически на вчерашното галсање ОСВОИ 2.945 гласови и имаше предност од 800 гласа во однос на Аркин Јахиј од ДУИ за кого гласаа 2.152 граѓани. Јакуп Хуисеини од ВРЕДИ освои над 1500 гласови, а кандидатот на СДСМ Јовица Радески доби 707 гласови. Првичните резулати денеска ги потврдија и од ДИК, по што почнуваат да течат и роковите за поднесување приговори.

И Мицкоски и Ахмети како и кандидати за градоначалници очекуваат победа во вториот изборен круг. Победникот најветројатно ќе го одредат гласовите од кандидатот на ВРЕДИ, Акуп Хусеини, кој пак лично му честиташе на противкандидатот од ДУИ Јахиј влез во вториот круг. Сепак, Мицкоски порача дека на 1-ви ноември ги очекуваат гласовите од сите етнички заедници и дека е убеден во победата.

Задоволни од изборните резултати се и од опозициската СДСМ. Според нивните математики партијата имала раст на гласовите од 46 проценти, односно 200 гласови повеќе од претходните локални избори, а ВМРО-ДПМНЕ имале пад на гласовите од 13 проценти. Сепак од партијата бараат истрага за гласањето на болните и немоќни лица, обвинувајќи ја ВМРО-ДПМНЕ за објавување на резултатитеуште пред да бидат отпечатени гласачките кутии.

„Како е можно да се знаат гласовите од запечатените кутии што се отвораат во исто време со гласовите од избирачките места? Бараме одговорност. Бараме да се види кој ги отворил кутиите, кој ги броел на „ВМРО начин“ и кој го пратил бројот да се објави јавно пред да стигне до комисијата“- Богданка Кузеска, портпаролка и член на ИО на СДСМ.

На гласачките места во Брвеница во првиот круг од предвремените избори гласале 7.565 избирачи, што претставува излезност од 46,56 отсто. Регистрирани биле и 160 неважечки ливчиња, а според оценките од МБВР првиот круг поминал мирно и без инциденти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?

Министерот за правда Јетон Шасивари ги повика на консултативно-информативна средба студентите и деканите на правните факултети за да им го презентира законското решение за начинот на полагање на правосудниот испит.

Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?

Пред почетокот на средбата, Шасивари одржа прес конференција, но без да соопшти детали што предвидува предлогот.

Во министерството за правда е Михајло Видимлиски.

Михајло, има ли епилог од средбата и кога предлогот ќе биде јавно објавен?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дизелот поскапува за 2 денари, цените на бензините се намалуваат за 2,5 денари

Дизелот поскапува за 2 денари, а бензините поевтинуваат за 2,5 денари. 

Дизелот поскапува за 2 денари, цените на бензините се намалуваат за 2,5 денари

Според одлуката на РКЕ, од полноќ дизелот ќе се продава по 99 денари за литар, бензинот Еуросупер 95 за 96 денари, а Еуросуперот 98 за 98 денари за литар.

Во меѓувреме Собранието на денешната седница ја продолжи кризната состојба со снабдувањето со нафта и нафтени деривати до април 2027 година. Со тоа се отвара простор за продолжување на мерките за ублажување на ценовниот удар. На владина седница пак се очекува да биде продолжена мерката за намалено ДДВ кај дизелот од 18 на 10%, која истекува утре, но е пресметана во овонеделната одлука на РКЕ. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави и дека во завршна фаза се преговори со ОКТА за дополнителен попуст од два денари по литар за дизелот. Тој уверува дека земјава има обезбедено доволни количини на гориво за до крајот на годинава, а очекува стабилно снабдување и во текот на следната година.

-Мислам дека сме блиску до постигнување решение за дополнителни 2 денари по литар да имаме, барем кај дизелот, намалување на цената. Продуктоводот или нафтоводот којшто нè поврзува, Солунското пристаниште со нашата рафинерија, е под притисок, е наполнет, така што доволни количини на гориво ќе има за македонските граѓани. И не само за македонските граѓани, бидејќи имаме најниска цена за горивата, граѓаните од соседните земји доаѓаат, полнат кај нас, со што двојно се зголеми конзумот на дизел, посебно во пограничните места,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

На светските берзи, цената на нафтата во петокот се затвори на највисоко ниво од мај годинава, а новата недела започна со пад. Барел нафтата „Брент“ во петокот достигна цена од речиси 110 долари, додека денеска се тргува за околу 108 долари за барел. Падот следуваше по извршната наредба која ја потпиша американскиот претседател Доналд Трамп со која привремено ја одложи примената на дел од новите сакции и царини кон Русија, отварајки можност за поголем извоз на руски горива.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер