3Навивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)
МакедонијаАЕТМ: Над 530 милиони евра онлајн трансакции во првата половина од 2026 година – раст од 14,1%Во првите шест месеци од 2026 година реализирани се онлајн трансакции во вредност од над 530 милиони евра, што претставува раст од 14,1% во однос на истиот период лани.Кон македонските е-трговци реализирани се трансакции во вредност од 302,4 милиони евра, со раст од 14,9%. Македонците потрошиле 227,9 милиони евра онлајн кон странски е-трговци, односно 13,3% повеќе од лани. Бројот на онлајн трансакции достигна 15,3 милиони, со раст од 10,1%. Вредност на реализирани трансакции Асоцијацијата за е-трговија ги анализираше најновите објавени податоци за трансакции на места на продажба за е-трговија на Народната банка на Република Македонија, согласно кои може да се забележи дека во првата половина од 2026 година вредноста на вкупните трансакции направени кон е-продажни места од Македонци дома и во странство, како и од иматели на странски картички изнесува 32,611.2 милиони денари или 530,3 милиони евра, што преставува пораст од 14.1% во однос на истиот период минатата година. Кон македонските е-трговци биле направени онлајн трансакции во вредност од 18,597.6 милиони денари или 302.4 милиони евра од домашни и странски иматели на платежни картички, односно остварен е пораст од 14.9%. Од оваа вредност, македонските иматели на платежни картички кон домашните е-трговци реализирале 16,694.5 милиони денари или околу 271,5 милиони евра, со раст од 13,9%. Истовремено, имателите на странски платежни картички кон македонските е-трговци реализирале 1,903.9 милиони денари или околу 30,9 милиони евра, што претставува раст од 23,8% во однос на истиот период лани. Од друга страна, македонските иматели на платежни картички кон странските е-трговци реализирале онлајн трансакции во вредност од 14,013.7 милиони денари или околу 227,9 милиони евра, односно 13,3% повеќе во споредба со првата половина од 2025 година. Број на реализирани онлајн трансакции Вкупната вредност на онлајн трансакции е остварена со направени 15.3 милиони трансакции што преставува пораст од 10.1% во однос на истиот период минатата година. Најголем број трансакции се реализирани со македонски платежни картички кон домашните е-трговци – околу 8 милиони трансакции, со раст од 12,3% во однос на истиот период минатата година. Кон странските е-трговци, македонските иматели на платежни картички реализирале 6,45 милиони трансакции, што претставува раст од 5,7% во однос на истиот период минатата година. Истовремено, бројот на трансакции реализирани со странски платежни картички кон македонските е-трговци достигнал над 904 илјади, со раст од 26,7%. - „Податоците за првата половина од 2026 година покажуваат дека е-трговијата продолжува да расте, но со поумерена динамика во споредба со силниот скок од 34% што го видовме минатата година. Вкупната вредност на онлајн трансакциите надмина половина милијарда евра за само шест месеци, што е значаен показател за сè поголемата улога на дигиталните канали во потрошувачката. Особено позитивно е што раст бележат и домашните е-трговци, кон кои вредноста на трансакциите е зголемена за речиси 15%. Истовремено, кај купувањата од странство гледаме интересна промена. По експлозивниот раст на бројот на трансакции минатата година, кој во голема мера го поврзувавме со појавата на платформите како Temu, во 2026 година динамиката се стабилизира, додека просечната вредност на трансакцијата повторно расте. Овие трендови отвораат едно важно прашање за понатамошниот развој на пазарот: не само колку ќе расте онлајн потрошувачката, туку и колкав дел од неа ќе успеат да привлечат домашните е-трговци. Токму затоа, зајакнувањето на нивната конкурентност, подобрувањето на корисничкото искуство, логистиката и дигиталните плаќања остануваат клучни за понатамошниот развој на е-трговијата“, вели претседателката на АЕТСМ, д-р Нина Ангеловска Станков. Просечна вредност на трансакција Просечната вредност на онлајн трансакција во првата половина од 2026 година изнесува околу 34,6 евра, што претставува раст од приближно 3,7% во однос на истиот период минатата година. Интересна промена се забележува кај трансакциите реализирани од македонските иматели на платежни картички кон странските е-трговци. За разлика од минатата година, кога бројот на трансакции растеше значително побрзо од нивната вредност, во првата половина од 2026 година вредноста расте побрзо од бројот на трансакции. Како резултат на тоа, просечната вредност на трансакција кон странските е-трговци се зголемила за околу 7,2% и достигнала приближно 35,3 евра. Овој тренд укажува на промена во структурата на прекуграничните онлајн трансакции: по периодот на интензивен раст на бројот на нарачки со пониска вредност, сега се забележува зголемување на просечниот износ по трансакција. Нови отворени е-продавници Според податоците на Народната банка, заклучно со јуни 2026 година регистрирани се 2.408 места на продажба за е-трговија, наспроти 2.240 на крајот на 2025 година. Ова претставува нето зголемување од 168 е-продажни места во првите шест месеци од 2026 година, што укажува на продолжен развој на инфраструктурата за онлајн продажба и прифаќање картични плаќања. Во рамки на својата мисија за унапредување на е-трговијата, Асоцијацијата за е-трговија не само редовно што ги анализира податоците од Народната банка, туку и континуирано работи на едукација и поддршка на новите и постоечките е-трговци. Токму во таа насока, АЕТМ ја организира Годишната регионална конференција за е-трговија, која оваа година ќе се одржи по девети пат, на 3 ноември во Националната опера и Балет во Скопје. Конференцијата е препознаена како најголем регионален настан од оваа област и претставува уникатна платформа за споделување знаење, запознавање со најновите трендови и можности за вмрежување на компании, институции и професионалци од целиот регион. Повеќе информации за агендата, говорниците и билетите се достапни на официјалната веб-страница: www.ecommerceconference.mk.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаГермански тајкун призна дека учествувал во соборувањето на Себастијан Курц: Успешно го соборивме Поранешниот извршен директор на германската финансиска и технолошка компанија „Вајркард“, Јан Марсалек, кој е во бегство од 2020 година и е баран на меѓународно ниво, тврди дека имал улога во политичкиот пад на поранешниот австриски канцелар.Поранешниот извршен директор на германската финансиска и технолошка компанија „Вајркард“, Јан Марсалек, кој е во бегство од 2020 година и е баран на меѓународно ниво, тврди дека имал улога во политичкиот пад на поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц, според истражните документи добиени од мрежата на глобални репортери „Аксел Спрингер“. Во порака од 22 октомври 2021 година, упатена до Орлин Русев, кој предводеше шпионска група во Велика Британија поврзана со руското разузнавање, Марсалек изјави дека тие „успешно го собориле“ Курц, благодарение на запленувањето на мобилниот телефон на еден од неговите блиски соработници, објавува „Билд“. Курц ја објави својата оставка од функцијата австриски канцелар само 13 дена пред да ја испрати пораката. Според истражните документи, Марсалек тврдел дека запленувањето на телефонот овозможило пристап до пораки што го компромитирале тогашниот австриски лидер. Меѓу другото, станува збор за телефонот на Томас Шмид, поранешен висок функционер во австриското Министерство за финансии и близок соработник на Курц, кој беше запленет од австриските истражители во ноември 2019 година. Податоците пронајдени на телефонот, вклучувајќи ги и претходно избришаните пораки, станаа важен доказ во истрагите за корупција, политички назначувања и користење државни пари за финансирање на политички поволни истражувања и медиумски содржини. На 6 октомври 2021 година, австриските истражители ја пребараа канцеларијата на канцеларот, Министерството за финансии и седиштето на Австриската народна партија (ÖVP), а Курц ја објави својата оставка три дена подоцна. Тајунот Марсалек напиша во истата преписка дека преостанатите пораки од телефонот политички го „убиле канцеларот“, но истражните документи не даваат независни докази дека тој всушност го организирал запленувањето на уредот. Особено е нејасно дали Марсалек со терминот „ние“ мислел на компанијата Wirecard или на руската разузнавачка служба за која е осомничен дека работи, објавува Bild. 🔴Exklusiv: Der flüchtige frühere Wirecard-Vorstand Jan Marsalek hat behauptet, am Sturz des österreichischen Bundeskanzlers Sebastian Kurz beteiligt gewesen zu sein. Das geht aus Ermittlungsunterlagen hervor, die uns exklusiv vorliegen. Mit @haylesdixon & @camillahmturner: https://t.co/Gh9eEe8mNM — Tim Röhn (@Tim_Roehn) November 7, 2026 Марсалек е во бегство од јуни 2020 година, кога беше откриено дека околу 1,9 милијарди евра недостасуваат од билансите на компанијата по финансискиот колапс на Wirecard. Покрај финансиските измами, европските власти го истражуваат под сомнение за шпионажа за Русија. Русев, на кого Марсалек му ги испратил контроверзните пораки под кодното име „Руперт Тих“, подоцна беше осуден во Велика Британија на десет години и осум месеци затвор за активности поврзани со руска шпионска мрежа. Поранешниот австриски канцелар не сакаше да коментира за најновите наоди. Неговата придружба рече дека Курц отсекогаш верувал дека обвиненијата против него се политички мотивирани и дека бил шокиран кога дознал за можните врски на случајот со Русија. Британскиот пратеник Греам Дауни рече дека наодите се загрижувачки, предупредувајќи на поширок модел на руски обиди да влијаат на политичките процеси и да ги дестабилизираат демократиите во Европа. Истрагата продолжува, а британските истражители им доставија на австриските колеги дел од комуникациите запленети за време на апсењата на членовите на шпионската мрежа. Австриските власти, исто така, истражуваат дали лица од нивните разузнавачки структури му пренесувале информации на Марсалек, а индиректно на Русија.Тагови: Себастијан Курц тајкун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ФудбалСе урна преполна трибина во Норвешка- еден навивач заврши во болница, натпреварот е прекинат Натпревар од норвешката лига помеѓу Тромсе и Боде Глимт беше прекинат по 40 минути игра поради сериозен инцидент на стадионот Алфхајм, каде што дел од гостинската трибина се урна под тежината на навивачите. Едно лице е однесено во болница.Според норвешките медиуми, до пет лица паднале откако се урнала конструкцијата, а хоспитализираниот навивач бил свесен, потврди Симен Педерсен, службеник за односи со медиумите на Боде Глимт, објави Ројтерс. Инцидентот се случил зад еден од головите, додека гостинските навивачи скокале и пееле. Еден очевидец, Андрине Моен, изјави за локалниот весник VG дека подот одеднаш се урнал и редот пред неа се преполовил. Според неа, најмалку две лица паднале низ подот на трибината, но не е познато од која висина паднале или колку луѓе биле вклучени во инцидентот. Полицијата започна истрага и е одлучено дека оштетената трибина повеќе нема да се користи. Гостинските навивачи прво биле евакуирани, а потоа преместени на страничните трибини на стадионот. Натпреварот продолжи во 16 часот, а Боде/Глимт успеаја да се вратат на фудбалските обврски и да поведат непосредно пред крајот на првото полувреме. Ола Бринхилдсен постигна гол во втората минута од судиското продолжение (45+2). До крајот, Бринхилдсен го зголеми резултатот на 2-0 во 73-тата минута.Тагови: навивач трибина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗаврши ли времето на Нетанјаху- Ајзенкот е новиот мандатар за состав на владата на Израел Израелскиот претседател Исак Херцог ја започна прес-конференцијата со изјава дека одржал консултации со претставници на сите партии, по израелските избори кои резултираа со политичка блокада.Тој ги опиша разговорите како „тешки и длабоки“, објави Скај Њуз. „Стана јасно дека сите граѓани на Израел, без оглед на нивните ставови, начини на живот или верувања, имаат еднаков глас, независно од тоа од која страна или партија доаѓаат“, вели тој. „Основното прашање е: кој има најголеми шанси да формира влада? „Затоа, во својство на претседател, одлучив мандатот за формирање влада да му го доделам на претседателот на партијата ‚Јашар‘, Гади Ајзенкот.“ За контекст: Како што веќе известувавме, Бенјамин Нетанјаху се бори да остане на функцијата, откако неговата верско-националистичка коалиција го загуби мнозинството на изборите одржани на 27 октомври. Опозицискиот кандидат Ајзенкот, поранешен началник на Генералштабот, настапи како главен ривал, предводејќи блок од партии кои имаат за цел да го сменат израелскиот премиер со најдолг стаж на власт.Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44