Карни во посета на Европа со цел да ги зајакне врските со „доверливите сојузници“ - Канал 5

Карни во посета на Европа со цел да ги зајакне врските со „доверливите сојузници“

Премиерот на Канада, Марк Карни, на неговото прво патување во странство, вчера ги посети Лондон и Париз, изјави дека е важно да се зајакнат врските со „доверливите сојузници“ во Европа.

Карни во посета на Европа со цел да ги зајакне врските со „доверливите сојузници“

Одлуката на Карни да ги посети Париз и Лондон наместо Вашингтон, како што е вообичаено за канадските лидери, уследи откако американскиот претседател Доналд Трамп ги ескалира трговските тензии и со Канада и со Европа и се заканува со анексија на Канада.

- Поважно од кога било за Канада е да ги зајакне своите врски со доверливи сојузници како Франција, истакна Карни пред работниот ручек со претседателот Емануел Макрон во Елисејската палата, додавајќи оти Канада е „најевропската од неевропските држави“.

Додека Макрон алудирајќи на Трамп посочи дека „Канада е добар пример за земја, која ги штити националните интереси додека соработува на светската сцена.

- Мислам дека и двајцата веруваме дека правичната трговија, која ги почитува меѓународните правила, е добра за сечиј просперитет и секако е поефикасна од царините, истакна Макрон.

Карни по средбата со Макрон отпатува во Лондон каде се сретна со британскиот премиер Кир Стармер и кралот Чарлс Трети.

- Американскиот претседател Доналд Трамп мора да престане да дава непочитувачки коментари за Канада, пред двете земји да започнат сериозни разговори за идните врски, наведе Карни.

Тој потенцира дека Канада е подготвена за посеопфатна дискусија и преговарање за севкупните трговски и безбедносни односи помеѓу двете земји.

Ердоган од Тирана: Довербата на меѓународната сцена бледее, ни треба нов глобален систем

 Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Тирана изјави дека на светот му е потребна нова архитектура на глобално управување со цел да се надмине бледнеењето на довербата на меѓународната сцена, јави Анадолија.

Ердоган од Тирана: Довербата на меѓународната сцена бледее, ни треба нов глобален систем

Ердоган говореше на шестиот Самит на Европската политичка заедница кој се одржува во главниот град на Албанија, Тирана.

- За да го надминеме падот на довербата на меѓународната сцена, треба да изградиме фер и инклузивна архитектура на глобално управување, нагласи турскиот претседател.

Тој ја повика Европската Унија да ја ажурира Царинската унија и да се преиспитаат визните практики како Шенген за зајакнување на економската и социјална мобилност.

Ердоган нагласи дека „визните практики како Шенген, кои ја ограничуваат мобилноста на нивните граѓани и следствено, циркулацијата на стоки, услуги и капитал, мора да бидат преиспитани“.

Тој рече дека Турција верува дека „ажурирањето на нивната Царинска унија со ЕУ ќе придонесе за безбедноста на синџирите на снабдување“. Додаде дека тековните ограничувања не само што го попречуваат движењето на граѓаните, туку негативно влијаат и на трговските врски и пошироката економска интеграција со Европа.

- Како европски континент, мора да почнеме трансформација дома врз основа на принципите на неделива безбедност и пофер распределба на просперитетот, истакна тој.

- Додека разговараме за иднината на безбедноста на Европа во ова критично време, сметаме дека напорите на ЕУ за развој на својата одбранбена индустрија се корисни, нагласи тој.

Ердоган, исто така, ги повика европските земји да ги покажат потребната подготвеност и интерес за помош во воспоставувањето прекин на огнот во Газа.

Во врска со војната во Украина, Ердоган нагласи дека охрабрувањето и на Русија и на Украина без наметнување услови, со оглед на чувствителноста на процесот, е клучно за постигнување праведен и траен мир.

Одговарајќи на новинарско прашање за мировните преговори меѓу Русија и Украина, Ердоган рече: „Заедно со мојот брат (албанскиот премиер Еди Рама), ќе повикаме на мир до целиот свет од Албанија“.

Ердоган беше пречекан од Рама на влезот на плоштадот „Скендербег“, каде што се одржа Самитот.

Во Оперската куќа, каде што се одржуваат сесиите на Самитот, Ердоган досега кусо разговараше со неколку лидери, вклучувајќи ја данската премиерка Мете Фредериксен, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и косовската претседателка Вјоса Османи.

Над 110 повредени во пожарот во кочанската дискотека биле примени во штипската болница

Два месеца по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани здравствените работници од Клиничка болница во Штип велат дека иако немале искуство при вакви големи трагедии на 16 март успеале да извршат тријажа на над 110 млади луѓе.

Над 110 повредени во пожарот во кочанската дискотека биле примени во штипската болница

Два месеца по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани здравствените работници од Клиничка болница во Штип велат дека иако немале искуство при вакви големи трагедии на 16 март успеале да извршат тријажа на над 110 млади луѓе, кои биле транспортирани на Клиниките во Скопје, а потоа и по болниците во странство. Билјана Рогожарска, одговорна сестра за интрахоспитални инфекции, во Клиничка болница-Штип вели дека пред два месеца само еден телефонски повик, толку било потребно да се мобилизира целиот персонал во штипската болница.

-Се мобилизиравме сите, буквално сите што беа во градот, а не се на работа со еден повик се јавија на своите работни места. Функциониравме бепрекорно. Мора да нагласам дека ние претходно не сме имале обуки за елементарни непогоди или вакви тешки несреќи. Ние функциониравме со поглед. Беше тишина, а се се одвиваше екстремно брзо и добро, рече Рогожарска.

Таа вели дека траумите од тој кобен ден никогаш нема да се залечат. Рогожарска вели дека во тие моменти лекарите и медицинскиот персонал морале длабоко да ги потиснат своите чувства и емоции. На тој начин покажувајќи голема посветеност и професионализам на работните места.

-Во самата ситуација и во самиот момент при приемот на болните, немаше емоции, во смисол на стрес, испаниченост, исплашеност. Функциониравме во тишина, без збор. Кај нас емоциите доаѓаат оттпосле. Работевме од 3.30, се до нардниот ден до 12 по полноќ, кога и последниот пациент беше испратен за Скопје, рече Рогожарска, одговорна сестра за интрахоспитални инфекции, во Клиничка болница-Штип.

Со повредените од дискотеката „Пулс“ во Кочани работат физијатри и физиотерапевти од Одделението за физикална терапија, кои одредени денови помагаат и на своите колеги во Општата болница во Кочани.

Фидан повика на дипломатска поддршка на трилатералниот состанок на Турција, Русија и Украина

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан на денешниот трилатерален состанок на Турција, Русија и Украина во рамките на мировните преговори меѓу Русија и Украина во Истанбул повика на обновена посветеност на дипломатијата.

Фидан повика на дипломатска поддршка на трилатералниот состанок на Турција, Русија и Украина

- Мораме да ја искористиме оваа можност за да напредуваме на патот кон мирот, рече Фидан за време на својот воведен говор, обраќајќи им се на делегациите на Русија и Украина, како и на турските посредници, пренесе Анадолија.

Ова се први директни преговори меѓу Русија и Украина по три години.

притисни ентер