Канал 5 репортажа: Опасност од зарази-центарот на Скопје преполн со човечки измет - Канал 5

Канал 5 репортажа: Опасност од зарази-центарот на Скопје преполн со човечки измет

 Како изгледаше Скопје на денот кога одбележуваше 80 години од ослободување? Ситуацијата за жал е алармантна. 

Канал 5 репортажа: Опасност од зарази-центарот на Скопје преполн со човечки измет

Во центарот на Скопје поради фекалии има опасност од зарази.

Репортажа и уреднички коментар на Александар Видиновски.

-Додека како држава и град се бориме против загаден воздух, диви депонии, расфрлани отпадоци, во Скопје ни се заканува и опасност од зарази. Нема да одиме далеку да снимаме некои запуштени периферни делови од градот. Во неколку минути ќе ви ја пренесеме грозната слики од плоштадот, неговата непосредна околина.

Скопје, плоштад Македонија. Пред неколку години тука се изгради овој објект наречен летниковец, во кој се одржуваа концерти на класична музика. Сега изгледа вака. Полн е со измет и урина. Миризбата ужасна. Сликата најдобро говори за понижувачката состојба. И околината е мизерна и бедна. Се е толку валкано што на човек не му е сеедно кога и со чевли се движи тука. Каде и да погледнете - хаос.

Одиме од спротивната страна на плоштадот. И тука ситуацијата иста. Човечки измет спокојно постои. Тешко е да се опише во што живееме и колку е големо понижување ова за секој од нас. Ова е Скопје на 10 метри од централниот плоштад.

Тука е жена паркот. Ова спомен обележје е посветено на сите паднати херои за Македонија. Се изгради во спомен на војводите, комитите, партизаните, бранителите. Имаше и вечен оган во нивна чест. Сега отпадоци. Кога ќе се доближите и тука ќе ве пречека човечки измет стратешки поставен во центарот на објектот. Ова е почитта на нашата генерација кон оние кои го дадоа животот за нашата држава. Дали повторно некој друг ни е виновен?

Човечки физиолошки остатоци има и од спротива. На 10 метри од Собранието мириса на запуштен јавен тоалет. Ова е Домот на Армијата, која е дел до НАТО Алијансата.

Од неа и историската Феудална кула. Во неа спомен собата за Мајка Тереза. Тешко е да се опише тоа што го гледаме. Тука е и малто светилиште посветено за нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проевски. И тука ѓубре, отпадоци, но и измет.

На 10тина метри е и едно најпосетуваните туристички места во Скопје – Спомен куќата за Мајка Тереза. Ова е тоа што како слика им го нудиме на туристите и оваа е споменот кои ќе го понесат од Скопје. Дали на овој начин сами си го уништуваме идентитетот за кој толкму многу се бориме?

Слична е сликата и под Камениот мост кој поради смрдеата луѓето го избегнуваат. Опасност од зарази има и на скалите пред Универзитетската библиотека Свети Климент охридски.

Потребно е конечно да се соочиме со реалноста. Дека додека Солун добива метро, Тирана прераснува во модерен град, Белград изгради фантастична инфраструктура, ние сепак најнапред ќе мора да се исчистиме од фекалии.

Предупредување дека сцените кои следат може да предизвикаат непријатност кај некои гледачи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украинците погодија една од најголемите рафинерии на „Лукоил“ (ВИДЕО)

Генералштабот на вооружените сили на Украина потврди дека украинските сили вчера ја нападнале рафинеријата за нафта Лукоил-Пермнефтеоргсинтез во рускиот град Перм. 

Украинците погодија една од најголемите рафинерии на  „Лукоил“ (ВИДЕО)

Тоа е еден од клучните објекти во Русија, во сопственост на Лукоил, една од најголемите руски нафтени компании. Рафинеријата годишно преработува повеќе од 13 милиони тони сурова нафта и произведува бензин, дизел, авијациско гориво и мазива.

Вчера, околу 10 часот по локално време, на руските социјални мрежи се појавија фотографии и снимки на кои наводно се гледа напад врз рафинеријата. Гувернерот на Пермскиот регион, Дмитриј Махонин, подоцна потврди дека е погоден „индустриски објект“. Тој додаде дека неколку дронови биле пресретнати додека се приближувале кон локацијата и дека никој не е повреден во нападот.

Потврда од Киев

Претседателот Володимир Зеленски, исто така, вчера потврди дека Украина имплементирала „долгорочни санкции“ против рафинерија во Пермскиот регион, но не прецизираше за кој објект станува збор. Безбедносната служба на Украина (СБУ) подоцна ја презеде одговорноста за нападот. СБУ откри дека целта била рафинеријата Лукоил-Пермнефтеоргсинтез, која се наоѓа на повеќе од 1.500 километри од украинската граница.

Генералштабот објави дека по нападот избувнал пожар во рафинерискиот комплекс. Според првичните информации, пожарот се проширил на примарната фабрика за преработка на нафта, која е една од клучните единици во комплексот.

Кампања против руската нафтена индустрија

Нападот во Перм е дел од пошироката украинска кампања на напади со долг дострел длабоко на руска територија. Нападите се насочени кон руската нафтена индустрија и имаат за цел да го нарушат снабдувањето со гориво и да ја намалат способноста на Москва да ја продолжи војната.

Украинските напади врз цели во Русија и на окупираните територии, вклучувајќи го и Крим, доведоа до недостиг на гориво во некои региони. Медиумските извештаи за бензински пумпи кои остануваат без залихи и долги редици возила.

Зеленски: Со притисок за дипломатија

На 26 јули, Зеленски одржа состанок со военото раководство, каде што ја анализираа кампањата на напади со долг дострел. По состанокот, тој истакна дека украинските сили извршиле повеќе од 1.000 напади од почетокот на оваа година, како дел од стратегијата што тој ја нарекува „долгорочни санкции“.

„Нашата главна цел е притисокот на долг рок да ја турне Русија уште повеќе кон дипломатијата. Ова го постигнуваме со прекинување на производството на компоненти за оружје, предизвикувајќи загуби во нафтениот и другите економски сектори и враќајќи ја оваа војна во нејзиното „домашно пристаниште“, напиша Зеленски на Фејсбук.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски се сокри зад неговиот сателит ЗНАМ за да побегне од пратеничките прашања

Христијан Мицкоски попладнево се сокри зад неговиот сателит – ЗНАМ за да побегне од одговорите на пратеничките прашања.

СДСМ: Мицкоски се сокри зад неговиот сателит ЗНАМ за да побегне од пратеничките прашања

Бидејќи нема одговор на ниту едно прашање, нема одговори за неисполнетите ветувања, за труењето на Македонија, за економскиот колапс, за изолацијата....

По целодневните процедурални одлагања, токму во моментот кога претседателот на СДСМ, Венко Филипче требаше да му постави дополнително прашање на Мицкоски, привезокот

ЗНАМ ја одигра својата улога, за што е скапо платен со тендери.

Координаторот на сателитот ЗНАМ, Бобан Карапејовски побара 1 час пауза а Потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, исто така од ЗНАМ побрза да ја прекине седницата.

Мицкоски се уплаши од прашањата од претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче а министрите во неговата Влада од прашањата од опозицијата.

Целата македонска јавност денеска тоа го виде.

Ама бегање од прашањата нема. Нема бегање од вистината, нема бегање од правдата и нема бегање од одговорноста.

Граѓаните знаат се и наскоро ќе дојдат по своето,с е наведува во партиоското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илинденското посланието од Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан

Господин господин Стефан, по Милоста Божја, Архиепископ Охридски и Македонски, заедно со Светиот Архијерејски Синод, по повод илинденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога.

Илинденското посланието од Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан

Господин господин Стефан,по Милоста Божја, Архиепископ Охридски И Македонски, заедно со Светиот Архијерејски Синод, по повод илинденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, до монаштвото и до сите чеда на Македонската Православна Црква

Возљубени празникољупци,

Денес, со трепет и со духовна радост, го прославуваме Илинден – големиот настан од нашата народна и црковна историја, денот кога го чествуваме споменот на светиот и славен пророк Илија, но и кога се сеќаваме на родољубивата и храбра борба на нашите предци за слобода, правда и чест.

Денешното празнување е длабоко врежано во спомените на нашиот слободољубив народ. Зашто Илинден не е само празнично одбележување, туку е и сеќавање коешто преобразува, коешто нѐ потсетува на богоугодните дела на светиот пророк Илија, но и на славните илинденци, и коешто нѐ повикува нивните вера и верба да останат да бидат наш пример и патоказ.

Светото Писмо ни го посведочува пророкот Илија како исповедник на вечно живиот Бог многу векови пред Христа. Одликувајќи се со исклучителна вера и честитост, тој истапил против постапките на тогашните цар и царица кои отпаднале од вистинскиот Бог.

Иако живеел во Стариот, светиот Илија се јавил и во Новиот Завет, на гората Тавор, заедно со Мојсеја, за време на Христовото преображение[2]. А пред крајот на светот повторно ќе дојде, како што пееме и во неговиот тропар: „Ангел во тело, столб на пророците, втор Претеча на Христовото доаѓање“[3].

Возљубени во Господа,

Пророкот Илија го прославуваме како боговидец и ревнител за Божјото слово, како изобличител на беззаконите цареви и на лажните пророци. Таков бил свети Илија: чувар на Божјиот завет, постојан сведок Божји и будител на заспаната совест. Затоа, од нашиот народ неговиот празник бил избран за ден кога македонскиот народ се кренал на востание.

И денес, во времиња кога се поткопуваат моралните вредности низ светот и кога мнозина наметнуваат лажни верувања – светиот Илија нека ни биде пример за следба. Неговиот живот е сличен на историјата на македонскиот народ, која е исполнета со страдања, но и со надеж; со порази, но и со воскреснувања. Храбрите илинденски јунаци не се плашеле од оние кои можеле да го убијат телото[4], па храбро се кренале против петвековниот поробувач. Имајќи вера во Бога, тие биле подготвени на жртва за идните поколенија да живеат слободно. И токму на Илинден ја започнале борбата за слобода – борбата да бидат свои на своето и достоинствени пред историјата.

Инаку, троен е Илинден во македонската историја: првиот, од 1903 година, кога македонскиот народ се кренал на востание. Вториот, асномскиот Илинден, од 1944 година, го потврди правото на сопствена држава. Третиот, пак, од 1991 година, донесе независност и, иако само на дел од македонската земја, конечно дочекавме слободна и независна држава.

Сите три Илиндена не се само датуми, туку се сведоштво дека Македонија постоела и постои, и дека живее во срцата на своите чеда, а нашата слобода е плод на духовната зрелост и жртвата на нашите предци. Но слободата не е нешто што ни е дадено еднаш и засекогаш, туку е подвиг којшто треба да се чува. Затоа, да се трудиме постојано да стоиме во слободата, со која Христос нѐ ослободи, и да не се подаваме повторно под ропски јарем[5].

Возљубени родољупци,

И ние, наследниците на славните илинденци, се наоѓаме на историски крстопат, соочени со нови бури и премрежија. Затоа и нашето поколение треба да го продолжи илинденскиот подвиг и да го чува она коешто е стекнато со многу страдања и жртви.

Како македонски народ, Илинден нѐ повикува на покајание и на враќање кон светите вредности – кон: верата, правдата, честа и достоинството. Но, само доколку сме чесни, верни и воцрковени, ако се обединиме и се помириме како народ, ќе се одбраниме и ќе постоиме, трудејќи се да го запазиме единството на Духот преку врските на мирот[6].

Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква,

Во времињата кога сме немале своја држава, Црквата била таа којашто нѐ чувала во сите овоземни бури. Во неа не се чувала само верата, туку и просветата и писменоста, културата и националната свест. Таа била народен дом во кој се чувала свеста за достоинството на македонскиот човек. И денес нашата Црква е жива и бодра Мајка, која постојано нѐ потсетува дека без верата во Христа нема ниту спасение, ниту национално опстојување.

Затоа, како библиски народ, секогаш да се трудиме да останеме чеда Божји, исполнети со богољубие, родољубие и човекољубие. Да бидеме народ кој го памети и го живее славниот Илинден. Да ги негуваме илинденските идеали, зашто само така ќе ги сочуваме како наследство и аманет за идните македонски поколенија, каде и да живееме како народ. По примерот на свети Илија да бидеме бодри и ревносно да си ја чуваме прадедовската вера, па чувајќи си ја верата, да си ги запазиме и Црквата, и Татковината и националната посебност.

Во овие празнични мигови, да се помолиме семилостивот Бог да ги всели во рајската населба душите на сите кои се жртвувале за слободата на Македонија! Ним нека им е вечен споменот, а нас, нивните наследници, Бог нека нѐ чува и нека нѐ благослови! Амин!

Честит и вечен Илинден!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер