МакедонијаКанал 5 дознава: Во петок средба на македонскиот и францускиот премиер Премиерот Заев во петок ќе има средба со неговиот француски колега Едуард Филип, во обид да издејствува датум за преговори, дознава Канал 5.Во Познан Полска каде ке се одржи конференцијата ЕУ –Западане Балкан кон крајот на неделава ,премиерот Заев ќе оствари средба со феранцускиот премиер Едуард Филип, дознава Канал 5. Состанокот на кој главен фокус е отворање на пристапните префговори СО ЕУ, е на барање на францускиот премиер..Какви пораки од официјален Париз ќе пренесе засега не е познато, но во пресрет на средбата претседателот Макрон синока во Брисел се огласи со директна порака дека ќе блокира секакво проширување на Унијата. ,,Скептичен сум кон оние кои ни објаснуваат дека е потребно ново проширување, не успеваме ни со 28 членки да се договориме, така што ќе бидам бескомпромисен кон каков било вид проширување пред да се случи длабока реформа на нашето институционално фунцкионирање.” Изјавата на Макрон доага откако лидерите на 28-те земји членки на ЕУ по 18-часовни разговори не успеаја да се договорат околу кандидатите за водечките позиции на институциите на Унијата, по што синока започнатито самит беше прекинат а продолжението е закажано за утре Во Познан ќе бидат и лидерите на сите држави кој учествуваат во „Берлинскиот процес“, а меѓу нив и германската канцеларка Ангела Меркел. Од Владата велат дека настанот во Полска ќе биде можност повторно да се лобира и да се убедат европските лидери во октомври да дадат „зелено светло“ за почеток на преговори со ЕУ. Вчерашната изјава на германската канцеларка Меркел дека не очекува брз прием на нови земји членки во ЕУ е очекувана, бидејќи реално ниту една земја од Западен Балкан во овој момент не е подготвена за такво нешто. Од Владата велат дека Македонија дефинитивно е подготвена веднаш да ги отвори првите поглавја, Инаку, по вчерашната маратонска расправа во Брисел нема договор за наследникот на Јункер. Дел од земјите членки биле лути што лидерите на Франција, Шпанија, Холандија и Германија во рамките на самитот Г-20 се договориле Франс Тимерманс да биде нов претседател на Европската Комисија . Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотПомалку часовник, повеќе уметничко дело: Глечерите на Алјаска во вашите раце (ФОТО)Францускиот луксузен бренд „Louis Vuitton“ претстави уникатен џебен часовник инспириран од глечерот Марџери во Алјаска.Часовникот е направен како уникатно уметничко дело и нема да биде достапен за продажба. Наменет е исклучиво за одбрани колекционери кои нарачуваат вакви модели директно од производителот. Дизајнот е инспириран од ледените пејзажи и дивиот свет на Националниот парк „Glacier Bay“. Бројчаникот содржи подвижни елементи во форма на пингвини, орки и китови, заедно со препознатливите куфери „Louis Vuitton“ кои дополнително го нагласуваат уметничкиот карактер на часовникот. Компанијата нагласува дека ова е сосема уникатен примерок, направен само во еден примерок, поради што е повеќе колекционерско уметничко дело отколку класичен луксузен часовник. Извор:Б92Тагови: часовник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРусите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружјеНајмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти.Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана. „Денешните успешни напади врз два објекти од воено-индустрискиот комплекс во Киев и инфраструктурата на морските пристаништа Одеса, Чорноморск и Измаил во регионот Одеса ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели низ цела Украина“, се вели во соопштението, според ТАСС. Се вели дека анализата на употребата на оружје со висока прецизност од страна на руските вооружени сили ја потврдила способноста сигурно да ги пробијат системите за воздушна и ракетна одбрана „што му ги обезбедиле на Зеленски неговите западни спонзори“. „Групни напади со прецизно оружје се извршуваат со висока ефикасност против украинските пристанишни објекти, како и разни бродови што испорачуваат оружје и воена опрема на режимот на Зеленски“, нагласи министерството. Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти претходно денес. Според началникот на Воената администрација на градот Киев, Тимур Ткаченко, и градските власти, пријавени се штети во неколку делови од градот.Тагови: оружје русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)Пожар избувнал вечерва во сендвичарата Бејкинг Бред во центарот на Скопје.На местото на настанот интервенирале екипите на противпожарната бригада и МВР. Се уште не е познато како настанал пожарот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter