МакедонијаКампања на МВР и РСБСП: Не користи мобилен телефон додека возишСекое патување започнува со една едноставна одлука….Секое патување започнува со една едноставна одлука… да седнеш зад воланот. Мислиме дека сѐ е под контрола. И дека ништо не може да тргне наопаку. Но, понекогаш… доволен е само еден момент за да го изгубиш вниманието. При брзина од 80 километри на час… само една секунда невнимание значи повеќе од 20 метри поминати возејќи „на слепо“. Дали вреди? Држи го погледот на патот. Твојот живот – и животите на другите – зависат од тоа. Животот е премногу вреден за да го изгубите поради мал момент на невнимание вози внимателно и не користи мобилен телефон - не заборавај, „Секој живот е важен.“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00
ЗдравјеМесеци без КТ снимања во Струмица: Болницата најавува пуштање на новиот апаратПациентите од струмичкиот регион реагираат дека мора приватно да се снимаат на компјутерска томографија, бидејќи во болницата се уште не е пуштен апаратот во употреба. Термини за во Скопје нема, а најчесто итните снимања се кај пациентите со канцер. Од струмичката болница за Канал 5 одговорија дека болницата, конечно има нов апарат и дека од наредната недела ќе биде пуштен во употреба. „Болницата има нов апарат, во претходниот период се правеа пробни снимања и имаше добра и правилна едукација на персоналот, кој ќе работи во делот на снимање и читање на снимките“-Општа болница Струмица . И од гевгелиската болница објаснуваат дека ги разбираат пациентите од Струмица и дека снимањата се прават во нивната болница но нема термин, имаат голема преоптовареност каде дневнио се прават и над 20 снимања, потврдија за Канал 5 од болницата. Тие објаснуваат дека работат без прекин и очекуваат по почнување со работа на новиот томограф во Струмица да се намали притисокот во нивната болница. Министерот за здравство Сашо Клековски објаснува дека еден од приоритетите е да се променат апаратите што се стари и немаат добар квалитет пред се во внатрешноста. На тој начин ќе се намали притисокот во клиничкиот центар и болници во Скопје и нема да патуваат за снимање. Министерот посочи дека се работи и за недостаткот на лекови кои се важни во летниот период, како што е инјекцијата Синопен која помага при алергиски шок ја нема во моментот и граѓаните ја купуваат во соседните земји. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00
МакедонијаСпортската сала „Борис Трајковски“ и официјално стана „Т Арена“ – доби и сосема нов ликОд денес, најголемата спортска сала во Македонија, којашто функционира во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, започнува да работи со ново име,Т арена.Почетокот на новата сезона во Т Арена ќе биде одбележан со голем музички настан за сите граѓани, посветен на јубилејот 35 години независна Македонија во рамките на програмата на Владата. На 2-ри септември, Т Арена ќе биде домаќин на концерт на македонски уметници којшто ќе биде реализиран со поддршка од Македонски Телеком. Според главниот директор на Македонски Телеком,ова стратешко партнерство ќе донесе нова вредност за граѓаните, а од денеска спортската арена стои рамо до рамо со арените во ЛАс Вегас, Атина и Бон. Директорот на СЦ Борис Трајковски, Даниел Апостолоски вели дека соработката со Македонски Телеком и ребрендирањето ќе донесат многу поволности за посетителите во салата, на спортски и музички настани. Со почетокот на работата на Т Арена, преку програмата Magenta Moments, корисниците ќе добијат 20% попуст за користење на капацитетите коишто ги нуди СЦ „Борис Трајковски“, како и други поволности и искуства во Т Арена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаДесетици милиони евра штета претрпел Буџетот преку намалените акцизи и ДДВ меркиДесетици милиони евра штета претрпел Буџетот преку намалените акцизи и ДДВ мерки кои Владата ги воведе по стартот на војната на Блискиот Исток .Десетици милиони евра штета претрпел Буџетот преку намалените акцизи и ДДВ мерки кои Владата ги воведе по стартот на војната на Блискиот Исток – но целта била да се одржи ценовната стабилност и да се обезбеди непречно снабување со деривати рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, потенцирајќи дека Владата будно ја следи состојбата. Цената на нафтата на светските берзи во меѓувреме и натаму се менува од ден во ден, но мицкоски вели иако е рано да се каже, очекува в понеделник цените на дериватите во земјава да се намалат. По последното разгоување на конфликтот и растот на цените на светските берзи, Владата ја намали акцизата кај дизелот и бенизните за 2 односно 1 денари по литар. А во последниве две недели дизелот поскапе за 9,5 денари, а бенизните за 6 денари по литар. „Јас очекувам веќе во понеделник да имаме надолно нивелирање но она што е важно е дека ние како држава останува со најниски цени... Станува збор за десетици милиони евра не само акцизите туку и ДДВ то но целта беше да одржиме ценовна стабилност и континуирано снабдување... “- Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Освен кај горивата се следат и цените на храната но во моментов според надлежните, нема основ за мерки. Мицкоски вели лично правел анализи на цените на храната и тоа за месец јуни 2022 и јуни 2026 та година кои покажале дека инфлацијата осбено во делот на прехрнабените производи била значително пониска годинава. „Ако тогаш сме имале 14,7 инфлација сега имаме 3,4. Ако тогаш прехранбените производи биле над 15 проценти и тоа бил главниот драјвер сега тие се 2,5 % јас очекувам дополнително стабилизирање во делот јули. Ние ќе продолжиме активно да работиме во насока на зачувување на ценовната стабилност. “- Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Инаку и според заводот за статистика во јуни инфлацијата бележи намалување и изнеусваше 3,4%. Минимално намалување во месечните трошоци пресмета и Сојузот на синдикати, чија кошничка месецов иако е над 68илјади денари, бележи намалување во делот кај храната и транспортот од вкупно 156 денари споредбено со минатитот месец. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter