3Навивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)
СветСтапката на самоубиства во Германија расте, особено кај постарите мажиБројот на самоубиства во Германија повторно расте, по долготраен пад. Според официјалните податоци за 2025 година, 11.334 лица си го одзеле животот – што претставува зголемување од 964 случаи, односно 9,3 отсто, во споредба со претходната година. Тоа значи дека, во просек, 28 луѓе дневно си го одземаат животот. Бројот на самоубиства во Германија го надминува вкупниот број на смртни случаи кои се последица на сообраќајни несреќи, насилство и употреба на нелегални дроги, пренесува „Дојче веле“. Анализата на податоците покажува дека најзасегната група се постарите мажи родени во 1960-тите години. Иако има случаи и меѓу младите луѓе кои тешко се справуваат со животните предизвици, најголем пораст на самоубиствата е забележан кај возрасната група од 55 до 65 години. По оваа возрасна граница бројот опаѓа, но повторно расте кај лицата на возраст од 80 до 90 години. Во сите возрасни групи, мажите почесто извршуваат самоубиство отколку жените. Минатата година, тие сочинуваа 69,2 отсто од сите случаи. Сепак, и бројот на самоубиства кај жените е во пораст во последните години. Повеќе од 100.000 луѓе во Германија се обидуваат да извршат самоубиство секоја година Бројот на самоубиства во Германија расте четврта година по ред и сочинува приближно 1,1 отсто од сите смртни случаи. Ова претставува пресврт на трендот што траеше речиси четири децении. Бројките постојано опаѓаа од рекордната 1981 година, кога беа забележани 18.825 случаи, сè до најниското ниво од 9.215 самоубиства во 2021 година. Според проценките на Националната програма за превенција од самоубиства, повеќе од 100.000 луѓе во Германија се обидуваат да извршат самоубиство секоја година. Фондацијата за помош при депресија наведува бројка од приближно 500 такви обиди дневно. Германското здружение за хуман начин на умирање објави дека 1.287 лица ги искористиле услугите за организирано потпомогнато умирање, што претставува 11,4 отсто од сите самоубиства во Германија. Ваквата помош останува предмет на дебата во земјата. „Ретко постои само една причина за самоубиство“ Правната основа за ова е одлуката на Сојузниот уставен суд од 2020 година, која на секој поединец му гарантира право да си го одземе животот, под услов тоа да биде чин на слободна волја – без надворешен притисок и да не е резултат на тешка депресија. Оваа одлука не дозволува друго лице да го одземе животот на некого, дури ни на барање на самото лице – практика која, до одреден степен, е можна во Холандија или Белгија. Во Германија, дозволено е само да се обезбедат средства и да се понуди помош, самиот чин мора да го изврши поединецот. Фондацијата за помош при депресија и превенција од самоубиства смета дека ваквите случаи се пречести, истакнувајќи дека нивниот број е зголемен за 32 отсто од донесувањето на судската одлука. Стручњаците посочуваат дека ретко постои само една причина за самоубиство. Речиси секогаш станува збор за комбинација од меѓусебно поврзани фактори. Ниту еден поединечен настан, ниту самото присуство на ментално заболување, не се единствениот одлучувачки фактор. Самоубиството е крајна точка на сложен кризен процес во кој поединецот повеќе не гледа излез и не е во состојба да прифати помош. Многумина веруваат дека никој не може да ги разбере Постојат бројни ситуации што можат да предизвикаат таква состојба: губење на работа, финансиска нестабилност, сиромаштија, трауматски искуства, губење на блиски лица, повлекување од општествениот живот и социјална изолација. Истражувањата покажуваат дека лицата кои извршиле самоубиство често барале медицинска помош, но немале чувство дека некој навистина може да им помогне. На многумина им е тешко отворено да му кажат на лекар или терапевт колку се блиску до точката на целосен слом. Самоубиството останува табу-тема, а луѓето често се плашат дека ќе бидат етикетирани како ментално болни, дека ќе бидат подложени на присилно лекување или дека ќе ги изгубат своите социјални врски. Како резултат на тоа, многумина веруваат дека никој не може да ги разбере. Германската фондација за помош при депресија нагласува дека секое спомнување на самоубиство мора да се сфати сериозно, а изјавите како „ништо веќе нема смисла“ можат да бидат знак дека некој е изложен на ризик. Кај постарите лица, чувството на бескорисност може да послужи како поттикнувач (тригер) Стручните лица ги советуваат пријателите и семејството да не се двоумат да поставуваат прашања, но истовремено предупредуваат да се избегнува давање премногу едноставни совети, како на пример: „работите ќе се подобрат“. Покорисни се пораки како: „Треба да знаеш дека си исклучително важен за мене“, „Се обидувам да разберам низ што поминуваш“ или „Заедно ќе го надминеме ова“. Општеството фокусирано на успех често ги занемарува оние што не можат да го следат тој чекор, пренесува „DW“. Луѓето од најблиското опкружување можат – па дури и мора – да обрнат внимание на лицето кое е во ризик. Светската здравствена организација проценува дека секое самоубиство директно погодува во просек шест лица блиски до поединецот, додека последиците ги чувствува и поширок круг луѓе – од колеги, преку медицински персонал, па сè до сведоци. Кај постарите лица, чувството на бескорисност – често наметнато од средината – може да делува како поттикнувач. Во такви случаи, дури и најмалиот гест на внимание може да помогне. Во август, германското Министерство за здравство претстави нацрт-закон за превенција од самоубиства, иако критичарите сметаат дека предложените мерки се недоволни. „Одвоените 1,4 милиони евра се далеку од она што е потребно“ Германската фондација за заштита на пациентите истакнува дека издвоените 1,4 милиони евра се далеку под потребните финансиски средства. Првата точка за контакт при барање помош е матичниот лекар, кој, доколку е потребно, може да го упати пациентот кај психотерапевт или психијатар. Извор: Индекс.хрТагови: Германија самоубиства Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаГермански тајкун призна дека учествувал во соборувањето на Себастијан Курц: Успешно го соборивме Поранешниот извршен директор на германската финансиска и технолошка компанија „Вајркард“, Јан Марсалек, кој е во бегство од 2020 година и е баран на меѓународно ниво, тврди дека имал улога во политичкиот пад на поранешниот австриски канцелар.Поранешниот извршен директор на германската финансиска и технолошка компанија „Вајркард“, Јан Марсалек, кој е во бегство од 2020 година и е баран на меѓународно ниво, тврди дека имал улога во политичкиот пад на поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц, според истражните документи добиени од мрежата на глобални репортери „Аксел Спрингер“. Во порака од 22 октомври 2021 година, упатена до Орлин Русев, кој предводеше шпионска група во Велика Британија поврзана со руското разузнавање, Марсалек изјави дека тие „успешно го собориле“ Курц, благодарение на запленувањето на мобилниот телефон на еден од неговите блиски соработници, објавува „Билд“. Курц ја објави својата оставка од функцијата австриски канцелар само 13 дена пред да ја испрати пораката. Според истражните документи, Марсалек тврдел дека запленувањето на телефонот овозможило пристап до пораки што го компромитирале тогашниот австриски лидер. Меѓу другото, станува збор за телефонот на Томас Шмид, поранешен висок функционер во австриското Министерство за финансии и близок соработник на Курц, кој беше запленет од австриските истражители во ноември 2019 година. Податоците пронајдени на телефонот, вклучувајќи ги и претходно избришаните пораки, станаа важен доказ во истрагите за корупција, политички назначувања и користење државни пари за финансирање на политички поволни истражувања и медиумски содржини. На 6 октомври 2021 година, австриските истражители ја пребараа канцеларијата на канцеларот, Министерството за финансии и седиштето на Австриската народна партија (ÖVP), а Курц ја објави својата оставка три дена подоцна. Тајунот Марсалек напиша во истата преписка дека преостанатите пораки од телефонот политички го „убиле канцеларот“, но истражните документи не даваат независни докази дека тој всушност го организирал запленувањето на уредот. Особено е нејасно дали Марсалек со терминот „ние“ мислел на компанијата Wirecard или на руската разузнавачка служба за која е осомничен дека работи, објавува Bild. 🔴Exklusiv: Der flüchtige frühere Wirecard-Vorstand Jan Marsalek hat behauptet, am Sturz des österreichischen Bundeskanzlers Sebastian Kurz beteiligt gewesen zu sein. Das geht aus Ermittlungsunterlagen hervor, die uns exklusiv vorliegen. Mit @haylesdixon & @camillahmturner: https://t.co/Gh9eEe8mNM — Tim Röhn (@Tim_Roehn) November 7, 2026 Марсалек е во бегство од јуни 2020 година, кога беше откриено дека околу 1,9 милијарди евра недостасуваат од билансите на компанијата по финансискиот колапс на Wirecard. Покрај финансиските измами, европските власти го истражуваат под сомнение за шпионажа за Русија. Русев, на кого Марсалек му ги испратил контроверзните пораки под кодното име „Руперт Тих“, подоцна беше осуден во Велика Британија на десет години и осум месеци затвор за активности поврзани со руска шпионска мрежа. Поранешниот австриски канцелар не сакаше да коментира за најновите наоди. Неговата придружба рече дека Курц отсекогаш верувал дека обвиненијата против него се политички мотивирани и дека бил шокиран кога дознал за можните врски на случајот со Русија. Британскиот пратеник Греам Дауни рече дека наодите се загрижувачки, предупредувајќи на поширок модел на руски обиди да влијаат на политичките процеси и да ги дестабилизираат демократиите во Европа. Истрагата продолжува, а британските истражители им доставија на австриските колеги дел од комуникациите запленети за време на апсењата на членовите на шпионската мрежа. Австриските власти, исто така, истражуваат дали лица од нивните разузнавачки структури му пренесувале информации на Марсалек, а индиректно на Русија.Тагови: Себастијан Курц тајкун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ФудбалСе урна преполна трибина во Норвешка- еден навивач заврши во болница, натпреварот е прекинат Натпревар од норвешката лига помеѓу Тромсе и Боде Глимт беше прекинат по 40 минути игра поради сериозен инцидент на стадионот Алфхајм, каде што дел од гостинската трибина се урна под тежината на навивачите. Едно лице е однесено во болница.Според норвешките медиуми, до пет лица паднале откако се урнала конструкцијата, а хоспитализираниот навивач бил свесен, потврди Симен Педерсен, службеник за односи со медиумите на Боде Глимт, објави Ројтерс. Инцидентот се случил зад еден од головите, додека гостинските навивачи скокале и пееле. Еден очевидец, Андрине Моен, изјави за локалниот весник VG дека подот одеднаш се урнал и редот пред неа се преполовил. Според неа, најмалку две лица паднале низ подот на трибината, но не е познато од која висина паднале или колку луѓе биле вклучени во инцидентот. Полицијата започна истрага и е одлучено дека оштетената трибина повеќе нема да се користи. Гостинските навивачи прво биле евакуирани, а потоа преместени на страничните трибини на стадионот. Натпреварот продолжи во 16 часот, а Боде/Глимт успеаја да се вратат на фудбалските обврски и да поведат непосредно пред крајот на првото полувреме. Ола Бринхилдсен постигна гол во втората минута од судиското продолжение (45+2). До крајот, Бринхилдсен го зголеми резултатот на 2-0 во 73-тата минута.Тагови: навивач трибина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗаврши ли времето на Нетанјаху- Ајзенкот е новиот мандатар за состав на владата на Израел Израелскиот претседател Исак Херцог ја започна прес-конференцијата со изјава дека одржал консултации со претставници на сите партии, по израелските избори кои резултираа со политичка блокада.Тој ги опиша разговорите како „тешки и длабоки“, објави Скај Њуз. „Стана јасно дека сите граѓани на Израел, без оглед на нивните ставови, начини на живот или верувања, имаат еднаков глас, независно од тоа од која страна или партија доаѓаат“, вели тој. „Основното прашање е: кој има најголеми шанси да формира влада? „Затоа, во својство на претседател, одлучив мандатот за формирање влада да му го доделам на претседателот на партијата ‚Јашар‘, Гади Ајзенкот.“ За контекст: Како што веќе известувавме, Бенјамин Нетанјаху се бори да остане на функцијата, откако неговата верско-националистичка коалиција го загуби мнозинството на изборите одржани на 27 октомври. Опозицискиот кандидат Ајзенкот, поранешен началник на Генералштабот, настапи како главен ривал, предводејќи блок од партии кои имаат за цел да го сменат израелскиот премиер со најдолг стаж на власт.Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter