Како е ослободено Скопје - сведоштва на Михајло Апостолски - Канал 5

Како е ослободено Скопје - сведоштва на Михајло Апостолски

На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народнослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација. 

Како е ослободено Скопје - сведоштва на Михајло Апостолски

(Сведоштва за ослободувањето на Скопје на командантот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ – Михајло Апостолски)

На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народнослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација. По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“, која беше распоредена пред Качаничката Клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.

Планот на битката за Скопје

За ослободувањето на Скопје, кое беше солидно организирано и брането со сили од околу една дивизија, можеа да се ангажираат само 42. НО и 50. НО дивизија, и XVI бригада од Кумановската дивизија. 41. НО дивизија доби задача држејќи ги комуникациите во реонот на Градско, Криволок, Кавадарци, Плетвар, да ја затвори долината на Вардар и со тоа да ги заштити од дејството на Германците по тој правец операциите на 49. НО дивизија во правецот на Битола, како и операциите на 42. и 50. НО дивизија во битката за Скопје, и најпосле да послужи како резерва на Главниот штаб на НОв и пО на Македонија. Оттука 41. НО дивизија можеше да се употреби за 2-3 дневен марш, спрема Битола, како поддршка за 49. дивизија спрема Кичево, за да го осигура евентуално бокот во време на нападот на Скопје од дејството на балистите од Западна Македонија (на овој правец подоцна беше и употребена), како и спрема Скопје за експлоатација на успехот на 42. и 50. НО дивизија.

За да можат да се соединат 42. и 50. дивизија, неопходно беше прво да се заземе Штип и Велес и дури потоа да се овозможи настапувањето кон Скопје на 42. и 50. НО дивизија.

Замислата за спроведување на битката беше: од југ, исток и север концентрично, со содејство на ударните групи од градот, да се нападнат германските сили во Скопје, да се обиколат и потоа со брз продор во градот да се изолираат одделни групи и уништат.

Планот за напад и заземање на Скопје беше следниот:

42. НО дивизија со две бригади (III и XII ударна македонска бригада) да напаѓа од југ преку Карлијак, со задача по заземањето на надворешната одбрана на Скопје со главните сили да се пробие до мостовите на реката Вардар и по секоја цена да му оневозможи на непријателот да ги урне, а со дел од силите да дејствува спрема Ханриево.

50. НО дивизија и VIII бригада од 42. НО дивизија да настапуваат по левиот брег по долината на Вардар, со задача да нападнат од источната страна на Скопје, потоа, во содејство на XVI македонска ударна бригада да го заземат северниот дел на градот и со тоа да го затворат обрачот околу Скопје, а потоа со дел од силите да ѝ содејствуваат на 42. дивизија при заземањето на мостовите на Вардар и уништувањето на германските сили во Скопје, на десниот брег на Вардар. Со дел од силите да се обезбеди спрема Куманово (кое до 11 ноември беше во рацете на Германците).

XVI македонска бригада од Кумановската дивизија, која дотогаш дејствуваше на комуникацијата: Скопје-Качаник, доби задача од Скопска Црна Гора да нападне на северниот дел од градот, да ги заземе касарните (к. 307) и да ѝ содејствува на 50. НО дивизија, та со тоа да овозможи потполно опколување на германскиот гарнизон во Скопје.

Ударните групи, формирани од страна на партиската организација во градот од работници и младинци од градот, имаа задача, во моментот на навлегувањето на нашите единици во градот, да нападнат на одделни германски посади, нарочно на мостовите на Вардар и со тоа да го помогнат дејството на нашите единици; потоа да им послужат на нашите единици како водачи во уличните борби.

Нападот да се подготви и спроведува така што да се предизвика полно изненадување – оти единиците немаа доволно артилерија за артилериска подготовка (50. дивизија имаше еден дивизион артилерија, а артилеријата на 42. дивизија остана во Велес, бидејќи не можеше да се префрли преку Вардар, а по дивизијата не можеше да се движи низ планините).

Прибирање на силите

42. НО дивизија подолго време се наоѓаше во постојани, секојдневни борби против германските и балистичките сили, првин на Карлијак, а потоа на Сува Планина. Пред 42. НО дивизија беше поставена задача со усилен марш да се префрли преку Караџица и да се концентрира во велешкиот реон, да нападне на Велес, потоа на 8.XI. да се спои со 50. НО дивизија и со брз марш да продолжат двете дивизии за Скопје.

Како што е порано изнесено со борбите што се водеа на 8 и 9 ноември, 42. НО дивизија го зазеде Велес, а 50. НО дивизија, после долги борби кај Штип, на 8 ноември го зазеде Штип и веднаш продолжи со претходниците да ги брка разбиените Германци. Германците по разбивањето кај Штип со дел од силите отстапија преку Св. Николе за Куманово, со помали сили за Велес, каде што повеќето беа уништени, еден незначителен дел успеа да се спои со силите од велешкиот гарнизон и да отстапи за Скопје. Во текот на 9 ноември предните делови на 50. НО дивизија се споија со 42. НО дивизија кај Велес.

Со заземањето на Велес и Штип и со спојувањето на 42. и 50. НО дивизија кај Велес, беа создадени услови за да отпочне настапувањето кон Скопје.

На 10 ноември 42. НО дивизија направи марш до селото Количани (јужно од Скопје), каде што стигна вечерта на 10 ноември. 50. НО дивизија и VIII бригада од 42. НО дивизија вршеа прибирање на единиците, потоа направија пократок марш спрема Скопје, а со претходниците ги бркаа Германците спрема Катланово (југоисточно од Скопје).

Во времето кога се водеа борбите за Штип, V бугарска дивизија стоеше наполно пасивна на Злетовска Река, а дури по ослободувањето на Велес тргна во правец кон Скопје и ноќта меѓу 13 и 14 ноември, со наредба од Главниот штаб (издадена е на самото место усно), беше вратена назад за Бугарија, пред да стигне целата дивизија во Катланово.

Борбите за ослободување на Скопје

Битката за Скопје претставува една многу сложена операција, како во смисла за прибирањето на силите, така и во смисла на самиот чин за спроведување на нападот. Во подготвителната фаза силите беа наполно разделени со голем меѓупростор: 50 НО дивизија во реонот на Штип, а 42 дивизија на Сува Гора. Ова растојание меѓу двете дивизии во воздушна линија изнесува повеќе од 100 километри. Покрај тоа, силите беа разделени и со германските гарнизони во Велес и Штип, што требаше претходно да се ликвидираат и дури потоа да се создадат услови за заедничко настапување кон Скопје. Благодарејќи на енергичното дејство од единиците - задачата: спојување на силите во реонот на Велес, беше извршена со незначително задоцнување од страна на 50 НО дивизија (за еден ден), што дојде прво, поради давање многу силен отпор на Германците во реонот на Штип, потоа поради недостатокот на артилерија за разбивање на непријателските укрепленија, како и поради сосема пасивното држење на V бугарска дивизија на Злетовска Река.

Единиците имаа многу малку артилерија - еден дивизион при 50 НО дивизија и Артилериската школа на Главниот штаб, која ја претставуваше артилеријата на 42 дивизија кај Велес.

Артилеријата на 42 НО дивизија не зеде учество во нападот на Скопје, зашто крај десниот брег на Вардар нема комуникации за да се доведе артилерија, а на левиот брег, поради разурнатите мостови и неумешноста на младите артилерци, не беше префрлена. Сето ова диктираше нападот на Скопје да се изведе само благодарејќи на високиот морал на нашите единици. На тој начин поставениот план за нападот на Скопје доведе до постепено ангажирање на силите. Првин се ангажира 42 НО дивизија во јужниот крај на градот, а потоа 50 НО дивизија, речиси за ден подоцна во источниот дел на градот, а малку подоцна XVI бригада во северозападниот дел. Незгодата беше таа, што најголемиот товар на борбата го прими на себе 42 НО дивизија. Но, од друга страна, Германците во текот на 11 и 12 ноември го ангажираа поголемиот дел на своите сили против 42 НО дивизија (во јужниот дел на градот). Ова пак овозможи релативно лесно да навлезат 50 НО дивизија и VIII бригада од исток и услови резултатите на битката да бидат поголеми, а германските сили на одделни отпорни точки (порано споменатите укрепени згради) сосема да се уништат.

Ударните групи (формирани во градот уште од порано од страна на партиската организација) дадоа големи резултати, како во смисла на дејството од градот, така исто и како водачи на единиците низ градот.

12 и 13 ноември

Ноќта меѓу 11 и 12 ноември единиците од 42 НО дивизија продолжија да настапуваат и се пробиваа во градот. Утрото рано на 12 ноември отпочна борбата во јужниот дел на градот Скопје. Борбата се водеше низ улиците на градот; нашите единици бргу напредуваа, а германските сили отстапуваа и се прибираа околу порано утврдените згради. III македонска бригада од правецот од Кисела Вода, со еден силен напад, ползувајќи ја маглата што го покриваше Скопје тој ден, се пробива со главните сили до палатата на денешното претседателство на Владата и зградата на полицијата и на јуриш, совладувајќи го многу жилавиот отпор на Германците, ги зазеде овие згради и ненадејно се појави во зградите на кејот, каде што отпочна борба за мостовите. Делови од XII и III бригада ја блокираа железничката станица и отпочнаа борба за самата зграда и за Кранговата палата, што се наоѓа во близина на железничката станица. Главните сили на XII бригада отпочнаа борба за зградата на Учителската школа и Поштата; едно бочно осигурување на XII ударна бригада изби на мостот кај Ханриево.

Во текот на 12 и 13 ноември се развија жестоки борби; одделни згради, како Народната банка, поштата и др. по неколкупати преминуваа од раце в раце. Во тие борби голема улога изиграа ударните групи од градот. Тие веднаш по продорот на единиците од III и XII бригада во градот, се појавија и со самопрегорен елан ненадејно нападнаа на Германците в грб и в бокови, се поврзаа со нашите единици и вршеа улога на незаменливи водачи, оти точно го познаваа не само градот туку и организацијата на германската одбрана, та со тоа им укажуваа огромна услуга на нашите единици.

50 НО дивизија и VIII бригада, со извесно задоцнување претпладне на 12 ноември отпочнаа напад на германската одбрана на источниот дел од градот. И овде се развија тешки борби, нарочно во индустрискиот дел од градот и во регионот Гази Баба. Дејството на овие единици почна да се сеќава кај 42 НО дивизија. Успесите на единиците од 42 НО дивизија во јужниот дел на Скопје, се зацврснаа со успешното и енергично напредување на 50 НО дивизија и VIII бригада. Германците почнаа да го сеќаваат стегањето на обрачот.

XVI бригада од Скопска Црна Гора во текот на 11 и 12 ноември успеа да разбие неколку балистички групи, што ја напаѓаа при нејзиното спуштање од Скопска Црна Гора и на 12 ноември, попладне, го отпочна нападот на касарните, каде што беше распоредена и германската артилерија.

Ноќта меѓу 12 и 13, и на 13 ноември борбите продолжуваа низ сето Скопје.

Германските сили, што беа во северниот дел и во североисточниот дел на Скопје, како и во деловите во западниот дел на градот, успеаја да се извлечат под заштита на тенкови и да отстапат во правецот кон Качаник. Германците што се беа забарикадирале во разни згради, гледајќи дека им пропаднале сите противнапади, како нивните за пробивање така исто и на единиците за деблокирање, почнаа постепено да капитулираат. Најдолго се држеа Германците во Учителската школа и Поштата, што капитулираа доцна ноќта на 13 ноември. Ноќта меѓу 13 и 14 ноември вршено е чистење на градот од одделни помали заостанати групи Германци. Ова чистење беше продолжено и во текот на 14 ноември.

Благодарејќи на брзите и силните напади и упорните борби од нашите единици, Германците не успеаја да ги разурнат друмските мостови во Скопје, иако беа минирани. Потоа не успеаја да ги разурнат ни главните згради што ги бранеа, иако и тие беа минирани; само во Скопје и Ханриево и едно крило од зградата на Железничката станица, а подоцна една непронајдена мина ја оштети Народната банка.

Левата побочница од 42 НО дицизија (баталјон од XII бригада) по заземањето на Бел Камен (953) водеше многу жестоки борби во реонот на селото Матка, каде што германските инженерци со балистички сили се обидоа да ја минираат и разурнат хидроцентралата Матка. Меѓутоа, држејќи се упорно овој баталјон, помогнат од ударните групи на месното население, успеа да ги разбие балистите и Германците и со тоа да ја сочува хидроцентралата, а и Скопје од евентуална поплава. Задачата на побочницата во потполност беше извршена.

14 ноември

Веднаш по заземањето на Скопје, рано утрото на 14 ноември нашите единици го продолжија гонењето на непријателот. 42 НО дивизија со XVI бригада го гони непријателот, и тоа со три бригади по правецот: Скопје - Качаник и со една бригада по долината на Вардар кон Хромовите рудници Радуша. 50 НО дивизија го гонеше непријателот во правецот Скопје-Групчин-Тетово. Во текот на тој ден дојде до многу тешки борби на линијата на селата: Орман-Село, Ново Село, Оризари, Глумово и Матка. Германците и балистите од оваа линија неколкупати вршеа противнапади. Нашите единици не само што ги издржуваа тие противнапади, туку успеваа да ги разбијат Германците и балистите и да го продолжат гонењето по определените правци кон Качаник и кон Тетово.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл.

Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени.

Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата.

На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“.

„Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата.

На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август.

Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден.

„Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“.

За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби.

Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“.

„Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање.

„Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. 

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ.

Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра.

Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи.

Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови.

„Сите опции се отворени“

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат.

„Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој.

Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој.

Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина.

Беше во брак со Клое Кардашијан

Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус.

Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24).

Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3.

Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен.

Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето.

Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер