Отишол на погреб на пријател, а во ковчегот била неговата мајка- двете семејства шокирани - Канал 5

Отишол на погреб на пријател, а во ковчегот била неговата мајка- двете семејства шокирани

Дождот немилосрдно врне врз ожалостените на гробиштата до црквата Твета, недалеку од шведскиот град Седертеље. Атмосферата е тивка, тешка и исполнета со неверување.

Отишол на погреб на пријател, а во ковчегот била неговата мајка- двете семејства шокирани

Два гроба, околу кои стојат луѓе, се покриени со свежа земја. Зад нив е паркиран жолт багер, нем сведок на настан што потресе две семејства и покрена прашања за процедурите во државниот здравствен систем.

Серија шокантни откритија

Во среда, Варда Атван Сархан била погребана - по втор пат.

78-годишната жена починала минатата недела во болница во градот Седертеље, по кратко боледување. Нејзините последни часови беа мирни, како што многумина посакуваат. Таа беше опкружена со своето семејство и најблиските.

„Сè беше многу тивко и достоинствено“, рече внуката Јасмин Ангела Азиз, стоејќи на дождот со качулка на главата.

Семејството планирало погреб за вторник, точно седум дена по смртта на нивната баба. Сепак, настаните што следеа го претворија планот во серија шокантни откритија.

Кога во понеделник контактирале со болницата за да го земат телото, како што била и постапката, членовите на семејството добиле неочекувани и вознемирувачки информации - телото на нивната мајка и баба повеќе не било таму!

„Им беше чудно...“

Се испоставило дека друго семејство погрешно го собрало телото на покојната Варда една недела претходно - и го закопале, верувајќи дека е нивен починат член, објавува Aftonbladet.

Двете семејства припаѓаат на религиозната заедница Мандаи. Според нивните обичаи, телото на починатиот се завиткува во бела крпа по смртта. Затоа, лицето и телото не се видливи во мртовечницата, што, очигледно, придонело за погрешниот идентитет.

Според семејството, телото кое било погрешно помешано со телото на Варда му припаѓало на постар маж - значително повисок и покрупен од неа, најмалку 20 сантиметри повисок. Токму ова тело било оставено во мртовечницата кога пристигнало семејството на Варда.

„Не можам да разберам како можеше ова да се случи. Мојата баба беше ситна жена. Се чини невозможно да се измешаат телата, дури и да беа покриени“, рече Јасмин Ангела Азиз, гледајќи ги двата гроба еден до друг.

Според неа, и другото семејство имало сомнежи.

„Им било чудно кога го виделе телото пред погребот. Го прашале персоналот зошто е толку мало. Им било кажано дека телото може да се намали по смртта“, рече таа.

„Семејството е во целосен шок“

Во вторник, семејството на починатата баба имало состанок со болничките службеници. Тие изразија жалење за тоа што се случило и најавија внатрешна истрага за да се утврди како можела да се случи грешката.

Семејството објави дека ќе го пријави случајот до надлежните институции и размислува за понатамошни правни мерки.

„Тие се извинија за ова. Но, нешто вакво воопшто не требаше да се случи. Семејството е во целосен шок и очај“, рече Хелин Азиз, исто така внука на починатата.

Особено трауматичен аспект на ситуацијата е фактот што синот на Варда, Басем Бустан Азиз, присуствувал на погрешен погреб - не знаејќи дека во ковчегот всушност е неговата мајка.

Тој го познавал семејството кое погрешно го зело телото, поради што бил меѓу присутните на последното збогување, одржано минатата недела.

„Беше ужасно да се разбере“

„Како син, незамисливо е дека нешто вакво можело да се случи. Ова не требало да се случи“, рече тој.

Кога подоцна сфатил што навистина се случило, се соочил со дополнителен товар.

„Беше ужасно да се разбере“, додаде Басем.

И покрај сè, тој се обидува да најде барем делумен мир во фактот дека на неговата мајка конечно ѝ е упатено достоинствено збогување.

„Благодарен сум што таа сепак имала убаво збогување со своите најблиски и што сега може да почива на вистинското место, под свое име“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!

Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. 

СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!

Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината.

Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ.

Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ.

Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски.

Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари.

Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност.

Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ.

Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност.

Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот.

Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците?

Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите.

Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон.

Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа.

Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат!

Скопје, 13.11.2026 година

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ

Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ

Вистината за случајот со Алта банка излегува на виделина. Документите и фактите јасно покажуваат дека СДС и Венко Филипче пласираат невистини и се обидуваат да создадат политичка хистерија околу влезот на Алта банка на македонскиот финансиски пазар.

Како што беше посочено и на надзорната расправа во Собранието, уште во 2023 година, за време на владата на СДС и ДУИ, на 194 седница на Владата додека претседател бил Димитар Ковачевски, одржана на 24 октомври, тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими побарал одобрување Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта банка од Србија во сопственост на Давор Мацура.

Тоа значи дека токму владата на СДС и ДУИ ја разгледувала и ја прифатила можноста за воспоставување деловна соработка со истата банка и истиот сопственик, за кои денес, Филипче и СДС шират обвинувања.

Исто така, невистинити се и тврдењата дека Алта банка имала забрана за работа во Европската Унија или дека била санкционирана од Европската централна банка.

Податоците објавени на официјалната веб-страница на Адико банка во Виена покажуваат дека Алта банка Белград поседувала 9,63 проценти од акциите на оваа банка, а тој удел банката го има до ден денес.

Дополнително, Алта банка склучила договор со Рајфајзен банка од Виена во врска со планираното преземање на Адико банка и идното пренесување на нејзините филијали во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Ваквата одлука е активна до моментот на одземањето на лиценцата на Алта банка во Србија, по што Рајфајзен банка носи нова одлука со која ја прекинува соработката со српската банка.

Овие факти се во спротивност со политичките тврдења на СДС дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ.

Особено е важно да се потенцира дека македонските институции постапуваат врз основа на законите и надлежностите, а не врз основа на политички конструкции и неаргументирани обвинувања. Банката не само што не била забранета, туку била дел од сопственичките структури на ЕУ банка.

Од друга страна, СДС и Венко Филипче треба да одговорат зошто во 2023 година нивната влада ја разгледувала деловната соработка со Алта банка, а денес истата таа банка ја користат за политички конструкции и напади, со кои свесно шират паника за да ја нарушат довербата во финансискиот систем и државата, а тоа нема да им успее.

Затоа го повикуваме Јавното обвинителство да ги истражи сите овие основни сомнежи и да започне постапка против претседателот на СДС, Венко Филипче.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија на поправен во Глазгов по први бодови во Б сегементот од Лигата нации

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва (од 20.45 часот) во Глазгов  во рамките од 5 коло во сегментот Б од Лигата на нации и гостува на силната селекција на Шкотска.

Македонија на поправен во Глазгов по први бодови во Б сегементот од Лигата нации

Во претходните 4 кола црвено жолтите се без постигнат гол и освооен бод, поради што нашите најдобри фудбалер вечерва и посакуваат да ја прекинат оваа лоша серија во Лигата на нации.

Предводникот на нашиот национален тим, Гоце Седлоски посакува подобро издание на Македонија и прекин на негативната резултатска серија во ова натпреварување.

„Следниот меч е голем меч, со една силна Шкотска. Знаеме со какви играчи располага. Игравме пред еден месец со овој ривал во Скопје и успеа да не победи. Свесни сме за грешките и мора да ги поправиме. Во изминатите три дена трениравме, имаме одлична атмосфера. Играчите се фокусирани и мотивирани. Се надевам дека она што го работевме ќе го покажат и на теренот. Сакам да видам верба, тактички добро да стоиме и да одиграме добар натпревар. Резултатите се такви какви што се, свесни сме и ние и играчите, но се надевам дека со мечот против Шкотска ќе излеземе од негативната серија. Против себе ќе имаме силен ривал, кој го доби Мектоминеј како повратник. Мора да играме храбро, играчите да уживаат и да не се плашиме. Драго ми е што сите репрезентативци добиваат минутажа во клубовите и се надевам дека ќе продолжат и понатаму така“, изјави Седлоски.

Матеј Гаштаров е еден од младите фудбалери во македонската репрезентација во овој циклус од Лигата на нациите. Фудбалерот на Црвена Звезда се надева дека ќе стигнеме до позитивен резултат против Шкотска на „Хампден парк“.

„Кога го носиме дресот на Македонија, мислам дека не треба да бараме посебна мотивација, затоа што самото тоа што сме во А-репрезентацијата ја носи мотивацијата. Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма. Ќе излеземе на теренот да дадеме се од себе и да уживаме. За мене, во дваесет дена ми се смени целиот живот и ова е нешто ново. Гледам кога ќе излезам на теренот да уживам. Играв против многу големи играчи и големи репрезентации, немам притисок и гледам да уживам во моментот“, изјави Гаштаров.

По четири кола води Швајцарија со 12 бода, а потоа се Словенија со седум, Шкотска со четири и Македонија без бодови. Во лигата Б, победниците на групите ќе се пласираат во лигата А, второпласираните ќе играат плејоф за пласман во највисокото ниво на Лигата на нациите, третопласираните ќе опстанат во лигата Б и ќе ја завршат сезоната, а четвртопласираните ќе настапат во плејофот за опстанок во лигата Б, против второпласирана селекција од групите во лигата Ц.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер