3Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
Шоу бизСинди Крафорд е снимена прв пат по смртта на син ѝ- изгледа неутешноСинди Крафорд и Ренди Гербер се видени во јавноста за прв пат по смртта на нивниот 27-годишен син Пресли Гербер. Тие беа фотографирани како го напуштаат неговиот дом во Холивуд со автомобил во понеделник. Пресли Гербер почина во недела од сомневање за предозирање. Истрага за смртта Полициски извори потврдија дека Пресли Гербер бил во рехабилитационен центар во времето на неговата смрт. Итните служби беа повикани во центарот во Санта Моника во недела наутро откако Гербер беше пронајден во несвест. Полициските и противпожарните екипи се обидоа да го реанимираат, но набргу потоа беше прогласен за мртов. Полицијата изјави дека нема знаци на насилство и дека смртта во моментов се истражува како случај на предозирање. По веста за смртта, семејството објави кратко соопштение во кое бара приватност „во ова исклучително тешко и болно време“. Според информациите од повиците до службите за итни случаи, беа споменати срцев удар и предозирање. „Најлошиот кошмар на секој родител“ Кога го напуштаа домот на нивниот син, Крафорд и Гербер се обидоа да ги избегнат фотографите. Крафорд, на совозачкото седиште, го криеше лицето со темни очила и шапка. Пресли беше нивното единствено машко дете и постар брат на моделот и актерка Каја Гербер. Извор близок до семејството рече дека Синди Крофорд е неутешна и поминува низ „најлошиот кошмар на секој родител“. Истиот извор додаде: „Тие беа многу блиско семејство, а Каја и Пресли беа повеќе од брат и сестра. Синди е целосно скршена од срце и уништена. Семејството сè уште се обидува да се помири со сè што се случило“. Години проблеми со зависност Исто така, имаше извештаи дека Пресли не изгледал трезен кога пристигнал во центарот за рехабилитација. Во годините пред неговата смрт, тој отворено зборуваше за своите проблеми со зависноста и менталното здравје. Во обид да се опорави, тој ја спомена и психоделичната терапија. Во една од неговите последни објави на социјалните мрежи, неколку недели пред неговата смрт, Пресли напиша дека се „соочил“ со она од што бега и дека „го наоѓа патот назад“. Неговите родители и сестра силно го поддржаа во неговото закрепнување. Потоа неговата мајка коментираше на објавата: „Ти си воин! Пројде низ оган за да се пронајдеш себеси! Толку сум горда!“. Сестра Каја напиша: „Тоа е мојот брат, толку сум горда.“ Во јули, Синди Крофорд му испрати роденденска честитка на својот син: „Среќен роденден, толку сум горда на човекот во кој порасна, но за мене секогаш ќе бидеш моето мало момче! Те сакам.“ Поранешна семејна трагедија Семејството Крофорд-Гербер веќе се соочи со голема загуба во минатото. Братот на Синди Крофорд почина од рак кога таа беше дете. „Имав 8 години, а мојата постара сестра имаше 10. Мојата помлада сестра имаше 4, а Џеф имаше речиси 3 години кога му беше дијагностицирана болеста. Тој беше болен две години“, рече таа во неодамнешно интервју. „Кога почина, тоа беше катастрофално за целото семејство. Мислам дека мајка ми одлучи да помине низ тагувањето на вистинскиот начин. Одеше на предавања за смртта и умирањето. Имаше многу силна вера, па успеа да преброди сè. Татко ми мораше да се врати на работа три дена подоцна. Тие едноставно се справија со тагата на сосема различни начини“, додаде таа.Тагови: синди крафорд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГруби излегува од домашен притвор — се чека одлука за враќање на пасошотПоранешниот вицепремиер Артан Груби денеска излегува од домашен притвор, откако истече мерката што му ја одреди судот, а која најмногу може да трае до 60 дена согласно законот од нејзиното определување. Тој речиси осум месеци беше во домашен притвор, а од денеска движењето во државата повеќе не му е ограничено. Сè уште нема одлука за неговото барање за враќање на пасошот за кој понуди гаранција од околу 336.000 евра во недвижен имот. Адвокатот на Груби за Канал 5 кратко изјави дека го очекуваат решението од Кривичен за укинување на притворот во текот на денот. -Согласно последното решение за продолжување на куќен притвор истиот трае до 13.10. Подразбира дека од 13.10 притворот се смета за укинат. Очекуваме секако решение од судот во текот на денешниот ден – изјави адвокатот Ристески. Од Кривичен, минатата недела рекоа дека обвинителниот предлог по кој им се суди на Груби и на уште седуммина обвинети во предметот „Државна лотарија“ е поднесен на 13 август оваа година. Согласно членот 470 од Законот за кривична постапка, притворот што му е определен на ексвицепремиерот во конкретниот случај може да трае најдолго 60 дена од поднесувањето на обвинителниот предлог. По однос на понудената гаранција за мерката за претпазливост, од Кривичен рекоа дека е оформен предмет, кој е доставен на мислење до надлежното јавно обвинителство, а по добивањето на мислењето, Кривичниот совет ќе постапува по предлогот и ќе ја извести јавноста. Артан Груби е обвинет заедно со уште седум лица, меѓу кои и поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, за злоупотреба на службената положба во врска со набавката на ВЛТ-апарати за потребите на Лотарија. За ова дело е предвидена казна од една до пет години затвор. Поранешниниот вицепремиер, по повеќе од една година недостапност за органите на прогонот, во февруари годинава се врати во земјава и беше приведен на граничниот премин „Блаце“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОЈО Кочани со барање за притвор по бегството на Ива Михајлова, ќе има ли потерница по обвинетата?Кочанското обвинителство утрово побара судот во Кочани да и определи мерка притвор на Ива Михаилова, еден ден откако таа вчера заедно со својот адвокат побегна во Бугарија. Кочанското обвинителството утрово испратило допис до судот преку кој бара да и се определи притвор на Михаилова. -Надлежниот обвинител до судот утрово достави предлог за определување на мерка притвор за обвинетата. Тоа е она што обвинителството може да го направи во овој момент, иако судот може да постапува по службена должност. - Обвинителство Ова значи дека доколку судот одлучи да и одреди на Михаилова притвор, се отвора можноста МВР да распише меѓународна потерница за Михаилова. Меѓутоа, кочанскиот суд се уште ја нема донесено одлуката. Претседателот на Судот во Кочани, Спиро Борисов, во изјава за Канал 5, вели дека тие официјално од МВР за бегството на Михаилова биле известени утрово, а одлуката по предлогот на обвинителството допрва ќе треба да се носи. -Утринава во 09:40 е примено известувањето од МВР и доставено е до ОЈО Кочани, од каде беше доставен предлогот за определување на мерка притвор. Судот треба сега да одлучи за притворот, работиме со многу мал број на судии, но постапуваме ажурно. – Спиро Борисов, претседател на Основен суд Кочани Од МВР иако побаравме и натаму нема одговор како Михаилова и нејзиниот адвокат побегнале, ниту пак дали е во тек внатрешна истрагана МВР за евентуален пропуст на граничните службеници....Според поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓучевски, пак, полицијата во оваа фаза од постапката и не треба да открива детали од истрагата, но треба темелно да ги разгледа сите можни сценарија за бегството на Михаилова. – Еден од основите е поминување на границата со коруптивни елементи – коруптивните елементи значат дека некој полициски службеници кои биле на смена требало да евендтираат, да скенираат личен документ дали е патна исрапава и така натаму. Тоа се дејсвија кои биле должни да ги преземат. Вториот момент е со фалисфикувани документи – фалсификувана патна исправа, за што република бугарија е позната, по однос на издавање на фалсификувани патни документи, а тоа го имавме и ние во република македонија.- Љубомир Ѓурчевски, поранешен началник во МВР За бегството на Ива Михаилова во Бугарија македонската јавност дозна од по пристигнувањето во Бугарија – Таа и нејзиниот адвокат за тамошните медиуми изјавија дека легално ја поминале границата, а дека причина за заминувањето во Бугарија на Михаилова е нејзината влошена состојба. Иако Михаилова тврди дека за излез од Македонија и за влез во Бугарија користела лична карта, официјално, МВР соопшти дека во системот за гранична контрола нема евидентиран нејзин излез од земјата, а преку заедничкиот контакт-центар било добиено известување дека ниту бугарската гранична полиција нема евидентиран легален влез. На Ива Михаилова, која има двојно државјанство, и македонско и бугарско, и се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со трагичен крај, а во која загина 33-годишниот Бесим Дурмиши, од скопското село Љуботен. Ова не е прв пат член на семејството Михаилови избега од Македонија пред да се соочи со правдата. Во Бугарија избега и нејзиниот татко, Симеон Михаилов, кој е осуден на 12 и пол години затвор во случајот „Детонатор“ за обид за убиство, насилство и злосторничко здружување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
МакедонијаБугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокацијаБугарскиот амбасадор Жељаско Радуков повикан во македонското МНР за случајот Ива Михаилова. По најавата на бугарската претседателка Јотова дека ќе се сретне со обвинетата кога вчера избега од Македонија, и најавата од министерто за внатрешни работи дека е можно да и доделат и полцииско обезбедување, по дипломатски пат му укажале на Радуков дека таквиот потег е провокација. -На амбасадорот му беше пренесено дека начинот на кој Ива Михајлова беше пречекана во Софија, вклучително и најавите за нејзин прием на високо ниво, претставува провокација, ги подрива напорите за градење доверба и е спротивен на заложбите за развој на добрососедските односи. Воедно, беше нагласено дека ваквото постапување претставува директно навлегување во правниот систем на нашата држава и испраќа сериозно погрешна порака во однос на почитувањето на судските постапки и принципот на еднаквост пред законот. - МНР Радуков по средбата рече дека ја слушнал загриженоста на официјално Скопје, но сепак имаше разбирање за потегот на Михаилова, кој го нарече очајнички. Според него, нормална е и реакцијата на Јотова, иако потенцираше дека досега средба немало. На каков начин поминала граница, Радуков вели дека се уште немаат одговори ниту во Бугарија и се надева дека овој случај нема да наштети на билатералните односи меѓу двете земји. Од МНР соопштија дека како што најавија вчера, за случајот Ива Михаилова министерот Муцунски веќе ги известил европските институции и земјите членки, а во следниот период велат ќе реагираат и до други релевантни организации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook