Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа
1Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа
3МОН го замени сексуалното образование со „заштита на здравјето“, без зборовите „род“ и „контрацепција“
СудбинаМајка ѝ го дала својот едномесечен син на непозната жена, во замена за телефонски повик- уапсена е Мајка тинејџерка на18 години, е уапсена и обвинета за предавање на своето бебе на непозната жена на автобуска станица во Тексас затоа што повеќе не сакала да се грижи за детето!Околу 22:45 часот по локално време во недела, 13 септември, Карла Ибара ѝ се приближила на Џенифер Бенавидес на автобуска станица во центарот на Сан Антонио и побарала да го користи нејзиниот телефон. Ситуацијата добила неочекуван пресврт кога 18-годишната Ибара наводно потоа ѝ го предала своето бебе на Бенавидес, објавува „Пипл“. „Многу убаво бебе. Толку е слатко. Старо е еден месец“, се присети Бенавидес на разговорот меѓу мајката и нејзиното дете. „И потоа ми рече: „Па, го сакаш? Ќе го дадам на некого. Ќе го дадам на некого.“ Почна да ми го дава неговиот извод од матичната книга на родените, неговата картичка Медикејд и неговата картичка за социјално осигурување“, додаде Бенавидес. Ибара го оставила бебето кај непозната жена бидејќи повеќе не го сакала детето, објавија медиумите, повикувајќи се на полициската управа во Сан Антонио. Според KSAT 12, Бенавидес се обидела да побара помош од пријателка која живее во близина кога сфатила дека Ибара е решена да го остави бебето. Двете жени отишле во куќата на пријателката, а потоа Ибара се качила на Убер, оставајќи го синот зад себе. Texas teen mom hands 1-month-old son to stranger at bus stop, flees in Uber: cops https://t.co/AEDx0AhgdS https://t.co/NfzX0ljHn9 — New York Post (@nypost) September 20, 2026 Ибара била уапсена откако подоцна се вратила во областа, а за нејзиниот син се грижат други роднини, потврдија Службите за заштита на децата. „Не можам да си прифатам никаква заслуга за ова. Бог едноставно ме стави на вистинското место во вистинско време“, рече Бенавидес, додавајќи: „Вознемирувачки е да се знае дека со сите ресурси што ги имаме, некој би можел да направи нешто вакво.“ Оттогаш Ибара е обвинета за напуштање и загрозување на дете со намера да се врати по него, објави Сан Антонио Експрес-Њуз, повикувајќи се на судските записи од округот Бексар. Судијата одреди кауција за Карла Ибара од 7.000 долари. Законот за безбедна зона во Тексас, познат и како Закон за бебето Мојсеј, беше донесен во 1999 година. Тој им овозможува на родителите анонимно и легално да ги остават своите неповредени новороденчиња на одредена безбедна локација без правни последици. Бебето мора да биде старо 60 дена или помладо за да биде оставено на локации, вклучувајќи противпожарни станици, амбулантни возила и болници. Бебето мора физички да му биде предадено на вработен, освен ако не се користи безбедна кутија за бебиња.Тагови: жена мајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеДржавата планира современо лекување за паркинсон и алцхајмер во МакедонијаНаместо електроди во мозокот да им се вградуваат во Турција, пациентите со Паркинсонова болест наскоро би можеле ваквите операции да ги прават и во Македонија. Државата планира да ја воведе длабоката мозочна стимулација, современа неврохируршка метода за контрола на нарушувањата во движењето, но и нови биолошки терапии за пациенти со Алцхајмерова болест. Методата на мозочна стимулација во светот се применува со децении, но кај нас допрва ќе се обучуваат тимови за нејзино спроведување. Обуката на македонските лекари ќе ја спроведуваат експерти од Клиниката за неврологија во Љубљана. Оттаму сметаат дека воспоставувањето на методата во Македонија нема да биде тежок процес, а за дел од пациентите таа може да значи значително подобар квалитет на живот. Според проценките, во Македонија има околу 24.000 лица со Алцхајмерова болест и други форми на деменција, додека бројот на пациенти со Паркинсонова болест, според министерот за здравство, е околу 5.000. Очекувањата се двете новини во лекувањето да станат достапни во земјава во текот на 2027 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИздаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќаУште 102 страници и апликации кои нелегално приредувале онлјан игри на среќа ќе бидат блокирани за домашните корисници на интернет, информираат од Министерството за дигитална трансформација.Оттаму за Канал 5 велат дека со ова, бројката на блокирани страници од овој тип е 462, а целта е да се спречат измами и нелегално испумпување на пари од граѓаните. Од ресорното министерство велат дека овие страници најчесто ги создаваат лица кои се сопственици сервери надвор од државата и поради тоа велат дека е клучна нивната превентивна реакција. - На тие игри не се знае каде завршуваат нивните податоци, каде завршуваат нивните пари, не се знае ниту дали самата игра е фер за граѓанинот и не постојат механизми за нивна заштита во случај на измама, затоа што ваквите игри најчесто се регистрираат, односно се воспоставуваат во држави каде оваа дејност не е регистрирана, односно каде што нема да подлежат на одговорност. - Мирослав Гроздановски, советник во кабинет на министерот за дигитална трансформација На овие нелегални страници најчесто се организираат игри како покер томболи и други игри на среќа, но граѓаните кога ќе кликнат на нив, сепак добиваат известување дека се дел од нелегална мрежа на игри на среќа, за која согласно новиот закон се предвидени и казни и за нив како учесници, објаснуваат од министерството. Сепак, иако новата законска регулатива е во сила уште од летово, казни во пракса за индивидуалци кои биле дел од вакви игри на среќа засега нема. – И самото учество на граѓаните во ваквите игри на среќа е забрането со новиот закон за игри на среќа – се предвидуваат глоби од 1000 до 2000 евра. Има ли санкциониран граѓанин досега? Досега според нашите информации нема санкциониран граѓанин. - Мирослав Гроздановски, советник во кабинет на министерот за дигитална трансформација Согласно законските измени, единствен приредувач на игри на среќа во државата во онлајн просторот е државна лотарија. Токму лотарија пак доставува список на нелегални страници кои приредуваат игри на среќа, а се лесно достапни за граѓаните. Потоа лотарија му го проследува тој список на Министерството за дигитална трансформација, од каде се издава налог за блокирање на страници, а Агенцијата за електронски медиуми има рок од пет дена го оневозможи пристапот до спорните страници на нашите граѓани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеЧетворица потврдени со морбили, едно бебе завршило во инфективна Бебе под една година завршило на клиниката за инфективни болести, заради добивање на ситни сипаници или морбили. Бебето е во стабилна состојба и е пуштено на домашно лекување. Освен овој пациент уште кај тројца е потврдено дека имаат морбили, странски државнијан, уште едно дете помало од година и 40 годишен маж, сите се невакцинирани, потврди министерот за здравство Клековски. „Инстиутот за јавно здравје ги прави анктите, дали има поврзаност помеѓу случаите со морбили. Засега нема епидемија од морбили, но мора да се внимава и да се применуваат сите препораки и да се вакцинираат децата“, вели Сашо Клековски министер за здравство. Во моментот опфатот до МРП вакцината е под 70%, она што е важно да се вакцинираат сите деца, оние возрасни кои се вакцинирани со една доза. Вирусот е брзо пренослив и оние кои имаат симптоми на црвенило на кожа, зголемена температура да се јават на доктор и да не се мешаат на места каде има луѓе. „Вакцинирајте се, мора да има заштита. На пример децата под една година не се според календарот за вакцинација, а се заразени. И може да имаат компликации“, вели Сашо Клековски министер за здравство. Од 2018 година во Македонија имаше прогласено епидемија на морбили. 1900 луѓе се заразија со сипаниците, а почина четворица заради компликации. Од ИЈЗ апелираат на редовна вакцинација бидејќи станува збор за сипаници кои даваат сериозни последици по здравјето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook