1Д-р: Даниловски: Вирусот западен нил активно циркулира, се наоѓаме во период на засилена трансмисија
АвтомобилизамКаде е сега автомобилот „Tesla Roadster“, кој беше лансиран во вселената во 2018 година?Во моментов се движи со брзина од најмалку 27.000 км/ч.Пред четири години, ракета Фалкон Хеви однесе автомобил „Tesla Roadster“ во вселената со кукла на вселенски патник по име Старман по песна на Дејвид Боуви. Набрзо пристигнаа првите снимки од вселената од ова возило, придружени со музиката на Боуви Денес, малку заборавениот „Roadster“ сè уште патува низ вселената, а благодарение на „Whereisroadster.com“, знаеме и каде се наоѓа. Во моментов се движи кон Марс, со брзина од најмалку 27.000 км/ч. Сегашната позиција е оддалечена дури 377 милиони километри од Земјата и околу 320 милиони километри од Марс. Ако се прашувате што останало од автомобилот, можеби нема да ви се допадне одговорот. Радијацијата си го направила своето, па многу материјали се распаднале. Камерите се исклучиле, а материјалите како кожа и пластика исчезнале. Исклучок е алуминиумската рамка на автомобилот, која се уште е недопрена, сметаат научниците. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНајголемиот пожар во историјата регистриран во Белгија, ЕУ испраќа помошЗемјите-членки на ЕУ испратија три хеликоптери и два авиона за гаснење пожари за да ѝ помогнат на Белгија во справувањето со пожар во источниот дел на земјата.Земјите-членки на ЕУ испратија три хеликоптери и два авиона за гаснење пожари за да ѝ помогнат на Белгија во справувањето со пожар во источниот дел на земјата, изјави европскиот комесар за управување со кризи, откако белгиските власти побараа итни засилувања за да го стават под контрола најголемиот пожар што ја погодил земјата во последните неколку децении. Огнот го зафати „От Фан“ (Hautes Fagnes), најголемиот белгиски природен резерват, каде што пожарот беснее уште од петокот. Локалните пожарникари, земјоделците и ангажираните воени сили се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот. Според извештаите на локалните медиуми, кои се повикуваат на податоци од гувернерот на провинцијата Лиеж, до денес попладне изгореле околу 1.600 хектари. Ова е најголемиот пожар регистриран во Белгија досега – кој го надминува дури и пожарот од 2011 година, кога изгореа речиси 1.400 хектари – според податоците на Европскиот информативен систем за шумски пожари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГрад Скопје: По 30 години чекање, булеварот „Борис Трајковски“ добива нов асфалтПо три децении чекање и бројни најави, започна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“, со што проектот влегува во својата завршна фаза.По решавањето на долгогодишните имотно-правни прашања и завршената експропријација, трасата е целосно ослободена за реализација на градежните активности. Во рамки на проектот е изградена и нова атмосферска канализација, со што се создава современа и функционална инфраструктурна основа за овој значаен сообраќаен коридор. Започнатото асфалтирање е конкретен чекор кон целосното завршување на булеварот и подобрување на сообраќајното поврзување, безбедноста и условите за движење на граѓаните. Она што со години беше само ветување, денес се претвора во конкретен резултат. Ова е пример дека со решавање на проблемите, сериозна работа и посветеност, Скопје може да добива инфраструктура која ќе служи на граѓаните и ќе остане за идните генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеД-р: Даниловски: Вирусот западен нил активно циркулира, се наоѓаме во период на засилена трансмисијаЕпидемиологот доктор Драган Даниловски за Канал 5 вели дека Македонија веќе се наоѓа во засилена трансмисија на Западен Нил, но не може да се каже дали ова е врвот на епидемијата. Смета дека околу 80 проценти од заразените се асимптоматски.Целиот разговор на Сања Трајковска Ставро со епидемиологот Данаиловски гледајте го во вестите во 18 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook