ЈП Паркинзи на Општина Центар отвори нова канцеларија за грижа за корисници - Канал 5

ЈП Паркинзи на Општина Центар отвори нова канцеларија за грижа за корисници

ЈП Паркинзи на Општина Центар официјално ја отвори новата канцеларија за грижа за корисници, современ простор наменет за побрза, поквалитетна и поефикасна услуга за сите корисници на претпријатието.

ЈП Паркинзи на Општина Центар отвори нова канцеларија за грижа за корисници

Во рамки на инвестицијата е изведен целосно нов и модерен ентериер, воведен е современ административен систем за управување со редот на чекање преку автоматско издавање бројчиња, набавени се нови специјализирани скенери за обработка и дигитализација на документацијата и нова информатичка опрема, а инсталирани се и системи за видео надзор и алармна заштита.

„Денес не отвораме само нова канцеларија – отвораме нов начин на комуникација со нашите корисници. Тука ќе доаѓаат граѓаните кога им е потребна информација, кога склучуваат договори, поднесуваат барања или кога им е потребна поддршка за прашања поврзани со работењето на претпријатието. Со оваа инвестиција воспоставуваме повисок стандард во односот кон корисниците. Современата опрема и новите административни решенија ќе овозможат побрза и поефикасна услуга, поедноставни работни процеси и подобро корисничко искуство. Инвестираме во современи услови затоа што веруваме дека зад секоја добра јавна услуга стои добро организиран систем и професионален однос кон секој корисник“, изјави директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Душко Коцевски.

На отворањето присуствуваше и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, кој истакна дека модерните јавни услуги започнуваат со квалитетен однос кон граѓаните.

„Отворањето на новата канцеларија за грижа за корисници е директно вложување во подобра и подостапна услуга за граѓаните. Корисниците отсега на едно место ќе можат побрзо и поедноставно да ги завршат своите обврски и да ја добијат потребната поддршка. Го поздравувам вложувањето на ЈП Паркинзи на Општина Центар во модернизација на условите и работните процеси, бидејќи токму преку вакви конкретни чекори се гради довербата и се унапредува квалитетот на јавните услуги“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Новата канцеларија е целосно реализирана со сопствени средства на ЈП Паркинзи на Општина Центар и претставува дел од континуираниот процес на модернизација на претпријатието. Со нејзиното отворање се создаваат подобри услови за прием и услужување на корисниците, како и поорганизирани и поефикасни административни процеси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ССМ: Синдикалната минимална кошница за октомври 70.358 денари, зголемена e за 926 денари

Синдикалната кошница надмина 70 илјади денари.

ССМ: Синдикалната минимална кошница за октомври 70.358 денари, зголемена e за 926 денари

Споредбено со септември, пресметките на ССМ, покажале дека трошоците за четиричлено семејство пораснале за 926 денари, а дека цела една минимална плата, нешто над 26 илјади денари, треба да се потроши само за најосновните потреби - за храна и пијалоци. Ако се направи споредба со почетокот на годината пак, минималната синдикална кошничка се зголемима за 3945 денари.

Заменик-министерот за економија Ристески оценува дека скокот на цените на горивата има влијание на целата економија, но со владините политики вели граѓаните не се оставени сами на себе. Во понеделник на социо-економскиот совет во Владата, пак, ќе се дебатира за владината потрошувачка кошница, која на неодамнешната презентација покажа драстично помали трошоци за живот во однос на синдикалната.

-Владата покажа дека и во ваква тешка економска светска криза има капацитет да се справува со правење на одлични мерки кои досега дадоа и резултати. А дека има резултати покажува и фактот дека имаме и една од најниските инфлации во Европа и регионот. / Имаме зголемување на просечната исплатена нето плата во Македонија, што најголем дел од населението да речам се движи околу таа просечна плата, бидејќи само 2 проценти од населението реално земаат минимална плата, така да ќе гледаме таа просечна или медијална плата да се зголемува и понатаму,- Марјан Ристески – заменик министер за економија.

-Цената на нафтата држи константно повисока цена, има раст на платите во привнатниот бизнис, тоа е потврдено со официјални податоци од заводот за статистика, зголемени суровини.. Сето тоа придонесува да има притисок на излезната страна, во однос на тоа да има потреба да се покачат одредени цени. Горан Ѓорѓиевски – претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија.

За да се зголеми продуктивноста и можноста за поголема заработката на работниците, Ѓорѓиевски најавува дека во следниот период ССК ќе се залага за плаќање по час, модел кој оценува дека фукционира добро во многу други држави и во приватниот и во јавниот сектор.

Инаку, според извештај на Здружението за истражување и анализи - ЗМАИ, Македонија достигнува 64 проценти од просечното ниво на благосостојба во ЕУ.

Според нивните заклучоци, доколку се задржи просечното темпо на приближување од последните пет години, ќе бидат потребни уште 52 години за да се достигне европскиот просек.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се решава статусот на професионалните војници со навршени 45 години и трансформација на работниот однос

Министерот за одбрана Мисајловски и началникот на генералштабот на армијата, Лафчиски попладнево во владата одржаа прес-конференција заедно со претставници на синдикалните здруженија.. 

 Се решава статусот на професионалните војници со навршени 45 години и трансформација на работниот однос

Афродита Рамос го следи пресот.

Афродита, има ли трајно решеение за статусот на професионалните војници со навршени 45 години возраст?

Во видедото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски нема дилема: Усмениот дел од правосудниот испит останува да биде на македонски јазик

Македонскиот јазик е официјален во државата и тоа треба да се почитува и за правосудниот испит порача премиерот Христијан Мицкоски, откако студентите Албанци вчера упатија ултиматум целиот испит да се полага на албански.

Мицкоски нема дилема: Усмениот дел од правосудниот испит останува да биде на македонски јазик

Мицкоски во целост застана зад предлогот што минстерто за правда Шасивари... дециден е дека дека писмениот дел од испитот треба да се полага на јазикот на кој студентите го завршиле високото образование, додека усмениот дел според него треба да се одвива на македонски јазик, како официјален јазик на правосудниот систем во Македонија и согласно препораката на Венецијанската комисија.

- Во Македонија високо образование на правните факултети се оформува на три јазици различни од македонскиот, и за нас како Влада логично е писмениот дел да се полага на тој јазик на кој е формирано високото образование додека во усмениот дел каде се симулираат еден граѓански и еден кривичен спор, тоа значи право и кога зборуваме за правото и правосудниот систем имаме принцип на „франка лингва“ односно еден јазик. Во Македонија тој јазик е македонскиот, изјави Мицкоски.

Шасивари најави дека за предлогот сега ќе се побара мислење од Венецијанската комсија, па дури потоа ќе биде испратен во Собранието. Но, веќе е извесно дека ДУИ ќе биде и против овој закон.. Тие денеска преку соопштение го обвинија министерот дека со својот пристап кон полагањето на правосудниот испит на албански јазик создава нови проблеми наместо да понуди решение.

-ДУИ оценува дека уставните права не можат да зависат од волјата на министерот, од резултатите на средбите или од толкувањата на подзаконските акти. Подзаконските акти треба да служат за спроведување на Уставот и законите, а не за нивно заменување или ограничување на правото што тие го гарантираат. Албанскиот јазик на правосудниот испит не е прашање на компромис, туку прашање на еднаквост и почитување на уставниот поредок, реагираат од партијата на Ахмети.

Албанските студенти по средбата со министерот се прогласија за победници, но изразија незадоволство од понуденото според нив делумно решение и порачаа дека се подготвени повторно да излезат на улица доколку не им се исполни нивното барање во целост.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер