Белгија ги декласира САД во најконтроверзниот натпревар на Мундијалот, Роналдо се прости од Португалија
1Белгија ги декласира САД во најконтроверзниот натпревар на Мундијалот, Роналдо се прости од Португалија
Шоу бизЈоко Оно ја доби судската битка за часовникот на Џон ЛенонЈоко Оно ја доби правната битка со која е утврдено дека часовникот некогаш во сопственост на нејзиниот убиен сопруг Џон Ленон и припаѓал на неа, а не на приватен колекционер.Швајцарскиот сојузен врховен суд го отфрли барањето на колекционерот кој го купил часовникот на аукција. Јоко Оно на својот сопруг му подарила часовник „Patek Philippe“, вреден четири милиони швајцарски франци, во 1980 година за неговиот 40-ти роденден, само два месеци пред неговото убиство во Њујорк. На часовникот имала изгравирано стих од песна што заедно ја компонирале. Неколку децении подоцна, часовникот се појави во аукциска куќа во Германија. Таму го купил еден колекционер, но кога се обидел да го процени во Женева, Јоко Оно дознала за тоа. Колекционерот сакал да го задржи часовникот за кој платил, тврдејќи дека го купил со добра волја. Сепак, швајцарските судови пресудиле против него, вклучително и швајцарскиот сојузен врховен суд, кој е последна инстанца. Во пресудата се наведува дека возачот кој работел за Јоко Оно го украл часовникот. Судбината на возачот по кражбата не била дел од постапката во Швајцарија. Извор: Индекс.хрКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерот Мисајловски на Самитот на НАТО во АнкараДенеска и утре (7 и 8 јули) во Анкара се одржува Самитот на Северноатлантската Алијансата, каде нашата држава ќе биде претставена од највисока делегација.Денеска и утре (7 и 8 јули) во Анкара се одржува Самитот на Северноатлантската Алијансата, каде нашата држава ќе биде претставена од највисока делегација, предводена од претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска – Давкова, а составена од министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцински и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски. На претстојниот Самит фокус ќе бидат неколку значајни теми меѓу кои и инвестициите наменети за одбраната, развојот на одбранбената индустрија и помошта за Украина. Министерот Мисајловски во рамки на Самитот ќе учествува на Форумот за одбранбена индустрија; приемот за министри за одбрана организиран од турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер и на церемонијата за приклучување на Франција, Финска и Шведска кон Мултинационалната соработка за воспоставување на НАТО обука за летање во Европа (NFTE – NATO Flight Training Europe). Во Анкара министерот ќе оствари повеќе работни средби со неговите колеги министри за одбрана на сојузничките земји и ќе учествува на работниот состанок на Северноатлантскиот Совет со партнерите од Индо-пацифичкиот регион (Австралија, Јапонија, Нов Зеланд и Република Кореја).Тагови: Владо Мисајловски НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоСЗО: Нов топлотен бран се формира над Атлантикот, Европа со екстремни горештини„НОВ топлотен бран веќе се формира над Атлантикот. Прогнозите предвидуваат температури што ќе достигнат 43°C во Португалија и јужна Шпанија уште, неделава. Франција и земјите од Бенелукс се подготвуваат за уште еден топлотен бран, додека делови од Централна Азија веќе се преплавени со температури што надминуваат 40°C“, предупреди д-р Ханс Анри П. Клуге, регионален директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, во драматична изјава. Како одговор на оваа итна и сериозна ситуација, европскиот шеф на СЗО свика итен состанок на кој присуствуваа претставници од 41 земја-членка, Европската комисија и организации од граѓанското општество. Според Клуге, учеството на над 130 учесници јасно сигнализира дека земјите конечно почнуваат да ја третираат екстремната топлина како вонредна состојба за јавното здравје, а не само како стандардна временска прогноза. Поставеното прашање беше директно: што научивме од минатите топлотни бранови и дали сме подготвени за она што нè очекува? Клуге оцени дека националните акциски планови за справување со екстремните температури спасуваат животи и ги посочи Италија, Шпанија, Австрија, Белгија и Франција како примери на земји што успешно ги координирале своите здравствени системи. „Националните одговори покажаа вистински напредок, но исто така и недостатоци што едноставно не можеме да си ги дозволиме. Националните акциони планови за заштита од топлина буквално спасуваат животи. Земјите што ги имаат реагираа брзо и на координиран начин“, истакна Клуге, наведувајќи примери како Италија - која добива податоци во реално време преку следење на смртноста во 45 градови - Шпанија, која соработува со медиумите за комуникација на ризик, и Австрија, Белгија и Франција, кои успешно го ублажија товарот врз нивните здравствени системи.Тагови: топлотен бран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТанкер бил погоден од проектил додека пловел во близина на Ормутскиот теснецТанкер бил погоден од непознат проектил додека пловел во близина на Ормутскиот теснец информираше британската поморска служба.Повикувајќи се на неименуван американски функционер, „Волстрит џурнал“ објави дека корпусот на исламската револуционерна гарда на Иран отворил оган врз два комерцијални брода во близина на теснецот. „Аксиос“, објави дека Иран испукал ракети врз комерцијални бродови што транзитирале низ теснецот. Нападот се случил неколку часа пред американскиот претседател Доналд Трамп да замине на самитот на НАТО во Анкара, Турција, каде што се очекува лидерите да разговараат за безбедноста во протокот, и додека Иран го одбележува повеќедневниот погреб на убиениот поранешен врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи. Техеран ги прекина кревките преговори со САД, чија цел беше постигнување траен договор за прекин на нивниот конфликт, за време на повеќедневните комеморации за Хамнеи, кој беше убиен во американско-израелски напад во февруари, на првиот ден од војната.Тагови: Ормутскиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook