Јаревски: Владата преку ребалансот ја намалува невработеноста и го поттикнува бизнисот - Канал 5

Јаревски: Владата преку ребалансот ја намалува невработеноста и го поттикнува бизнисот

Оваа недела бевме сведоци токму од податоците што ги добивме од подготовката на материјалите од Владата и од Министерството дека Македонија забрзува. 

Јаревски: Владата преку ребалансот ја намалува невработеноста и го поттикнува бизнисот

„Оваа недела бевме сведоци токму од податоците што ги добивме од подготовката на материјалите од Владата и од Министерството дека Македонија забрзува. Имаме податоци за раст на БДП од 3,1 каде што сите оние потребни документи ни укажуваат дека ќе имаме до 3,5 до крајот на годината. Вкупни приходи од 374,9 милијарди коишто ќе бидат зголемени на 379,5 милијарди, зголемување од 4, а 575 милијарди или 4 милијарди 575 милиона, 1,26 зголемување. Вкупните расходи исто така ќе бидат зголемени благодарејќи на поголемата ефикасност и исполнителност на институциите“, истакна Тони Јаревски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисијата за финансирање и Буџет.

Јаревски истакна дека Владата преку ребалансот на Буџетот продолжува да спроведува мерки насочени кон намалување на невработеноста и поттикнување на самовработувањето. Тој посочи дека се отворени 18.000 нови работни места, невработеноста е намалена на 11,3 проценти, а големиот интерес за Оперативниот план, со повеќе од 3.000 апликации за самовработување, покажува дека граѓаните ги препознаваат можностите за започнување сопствен бизнис преку државната поддршка.

„Денес имаме наместо протести, наместо социјален немир и незадоволство 18,000 нови работни места створени од оваа Влада. Невработеност којашто е речиси едноцифрена. Денес кога ова го говориме 11,3% , но во исто време можеме да укажеме на неколку мерки што исто така ќе бидат поддржани со Буџетот и ребалансот на истиот коишто гарантираат дека таа дополнително ќе се намалува. Ќе ја споменам една од последните како што е оперативниот план. Веќе имаше повеќе од 3,000 апликации за самовработување. Мерки со коишто на секој еден самовработен до 29 години се нудат можности за финансирање од 10,000 евра доколку се двајца до 14,000 евра. Но исто така беа опфатени оние коишто се постари од 29 години, а имаат иницијатива, имаат идеја. Оваа Влада, ова мнозинство прави услови, прави начини како нив да им овозможи не само да преживеат за егзистенција како што бевме научени претходно од времето на СДС со некакви сомнителни субвенции, туку да ги научи да генерираат, да отворат свој бизнис и истиот да го развиваат“ посочи Јаревски.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На 14 септември камионџиите од Западен Балкан ќе ги блокираат границите кон ЕУ

Проблемот за превозниците се засили со воведувањето на електронскиот систем за влез/излез (EES), со кој автоматски се евидентира престојот на патниците од земји надвор од Шенген-зоната.

На 14 септември камионџиите од Западен Балкан ќе ги блокираат границите кон ЕУ

На 14 септември, професионалните возачи на камиони од Западен Балкан ќе ги блокираат сите гранични премини кон земјите од ЕУ, по потврдената потврда на Европската комисија дека правилото за престој од 90 дена во период од 180 дена во шенген зоната нема да биде променето..

Проблемот за превозниците се засили со воведувањето на електронскиот систем за влез/излез (EES), со кој автоматски се евидентира престојот на патниците од земји надвор од Шенген-зоната. Системот за земјите од Западен Балкан почна да се применува на 12 октомври 2025 година, а по завршувањето на преодниот период следеше целосна имплементација. Според информациите, возачите кои ќе го надминат дозволениот престој од 90 дена во рамките на 180 дена може да бидат вратени во земјата на живеење, додека товарните возила остануваат на местото каде што се наоѓале во моментот на проверката. Превозниците предупредуваат дека ваквите ограничувања создаваат сериозни проблеми за меѓународниот транспорт, бидејќи професионалните возачи, поради природата на работата, често мораат да престојуваат во земјите од ЕУ подолг период.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Загина возач на патот Охрид – Кичево, удрил во глутница кучиња и изгубил контрола на возилото

Загина возач на магистралниот пат Охрид- Кичево.

Загина возач на патот Охрид – Кичево,  удрил во глутница кучиња и изгубил контрола на возилото

Несреќата се случила ноќеса кога возачот најпрвило удрил во кучиња скитници изгубил контрола на возилото и удрил во металните оградни браници покрај патот и возилото се запалило.

Во возилото било пронајдено телото на починатиот возач. На местото интервенирала екипа на територијалната противпожарна единица Охрид, која го локализирала и изгаснала пожарот. По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на судска медицина за обдукција, како и за утврдување на идентитетот на починатото лице.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активни се пожарите во Маврово и ростуше и гори депонијата кај Шуто Оризари

Активни се два пожари на отворен простор, информираат од ЦУК.

Активни се пожарите во Маврово и ростуше и гори депонијата кај Шуто Оризари

Три пожари се ставени под контрола, а 22 се целосно изгаснати.

Активни се пожарите во општина Маврово и Ростуше, на месноста Голем Брдаш, каде што гори шума, како и во Шуто Оризари, во Визбегово, зад хотелот „New Star“, каде што гори депонија. Под контрола се пожарите над селото Палиград – Преслап во општина Зелениково, во мешана шума, во селото Копаница во општина Сарај, каде што гори нискостеблеста шума и ниска вегетација, како и пожарот кај селата Пискупштина, Буринец и Локов во Струга, каде што е зафатена нискостеблеста шума.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер