Петнаесет танчерки од Србија, Албанија и Колумбија се фатени во полициска акција во гостиварско- уапсени се две лица
2Петнаесет танчерки од Србија, Албанија и Колумбија се фатени во полициска акција во гостиварско- уапсени се две лица
МакедонијаЈанкуловски: Со ребалансот на Буџетот фокусот е на стабилноста, отчетноста и ефективноста во трошењето на јавните финансии Предложените измени и дополнувања на Буџетот за 2025 година се потврда на фискалната политика за неопходноста од консолидација и подобрено управување со јавните финансии. Се базираат на непроменети макроекономски претпоставки и прилагодување на фискалните проекции кои на расходната страна обезбедуваат целосно финансирање и реализирање на стратешките приоритети и програмски определби без да се промени нивото на буџетскиот дефицит, рече денеска заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски, на почетокот на дебатата за ребалансот воп собраниската Комисија за финансирање и буџет. Тој побара поддршка за предложениот ребаланс од пратениците истакнувајќи дека со него ќе се обезбеди поефикасно и поодговорно управување со јавните финансии, со фокус на стабилност, отчетност и ефективност во трошењето. - Целта е непречено извршување на Буџетот и одржување на идентично ниво на буџетскиот дефицит планиран со иницијалниот Буџет. Со ревидираните фискални проекции се врши усогласување на расходите со досегашната реализација и очекувањата, односно се дообезбедуваат средства за исплата на плати, пензии, програмски и проектни активности со едновремено искористувања на средствата од предходните години на посебните сметки, наведе Јанкуловски. За Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година поднесени се над 200 амандамни. Вкупните приходи се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари, а расходите на износ од 403,7 милијарди денари, по еден процент (околу 3,5 милијарди денари) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за годинава. Проекцијата за БДП останува 3,7 проценти, а инфлацијата е проектирана на ниво од 2,8 проценти. Буџетскиот дефицит останува непроменет и во апсолутен износ и како процент од БДП, односно 41,3 милијарди денари или 4 проценти од БДП. Капиталните расходи, пак, на износ од 47,5 милијарди денари. Државниот долг на крајот на 2025 година според проекциите на Владата ќе изнесува 53,3 проценти од БДП, а јавниот долг се очекува да биде на нивото од 62,1 процент. Стапката на невработеност се очекува да се намали на ниво до 11,1 проценти во 2025 година а стапката на вработеност да достигне 47 проценти. Како што нагласи Јанкуловски, годинава се очекува понатамошно стабилизирање на инфлацијата проектирана со ребалансот на ниво од 2,8 проценти. - Иако на почетокот од 2025 година беше регистриран нагорен тренд на инфлацијата поради притисокот од прехранбената компонента, мерките кои Владата ги донесе за ограничување на маржите, придонесоа кон значително забавување на цените во март и април. Базичната инфлација која бележи забавување на растот се очекува да го задржи трендот и во наредниот период, рече Јанкуловски. Тој укажа дека основното макроекономско сценарио е придружено со ризици, коишто се оценуваат како надолни во однос на проектираниот економски раст. - Конфликтот во Украина и Блискиот Исток и понатаму опстојува и покрај заложбите за прекин на воените дејствија и предизвикува понатамошна неизвесност. Евентуалното разгорување на трговската војна може да има неповолни ефекти врз синџирите на снабдување и надворешното окружување. Нарушената доверба на меѓународно ниво може да ги забави одлуките на компаниите за реализација на планираните инвестиции. Во однос на домашните фактори, забавената реализација на предвидените реформи и капитални инвестиции може да го одложи очекуваното динамизирање на економската активност. Ризиците за проекцијата на инфлацијата се поврзани со движењата на цените на примарните производи, односно раст на истите поради геополитичките фактори и нарушувања во синџирот на снабдување, рече Јанкуловски. Се очекува, како што рече, забрзување на економската активност и нема отстапување од проекцијата за раст на БДП од 3,7 проценти имајќи во предвид дека остварувањата во првиот квартал од 3,2 проценти се во рамки на очекувањата со изгледи за понатамошно интензивирање. Главна улога во придвижувањето на економската активност се очекува да имаат бруто-инвестициите. Нивниот силен раст во првиот квартал се очекува да се одржи во текот на 2025 година и е проектиран на ниво од 8,6 проценти, како резултат на интензивирањето на реализацијата на големите инфраструктурни проекти финансирани од државата, и капиталните инвестиции од општините за кои се обезбедени дополнителни финансиски средства под поволни услови. Значителен импулс се очекува и од реализацијата на приватните инвестиции во производни и извозни капацитети преку обезбедените средства под исклучително поволни услови, имајќи во вид дека само во првите пет месеци од годината повлеченa е половина од предвидениот износ. Приватната потрошувачка се очекува да забележи реален раст од 2,6 проценти во 2025 година, во услови на реален раст на платите и вработеноста, раст на кредитирањето и одржување на солидно ниво на приватни трансфери, и како резултат на зголемените пензии во март 2025 година, со што се заокружи предвиденото зголемување од 5.000 денари. Растот на јавната потрошувачка во 2025 година е проектиран на 2,9 проценти, главно како резултат на ефектите од зголемувањето на платите во одделни сектори во јавната администрација, пред сѐ образование и здравство, и усогласувањето со минималната плата. Извозната активност која во изминатите две години забележа пад како резултат на неповолното надворешно окружување, во 2025 година се очекува да закрепне и да забележи раст од 2,2 проценти, односно позитивните остварувања од првиот квартал умерено да се интензивираат до крајот на година. Во услови на умерен раст на извозната активност и раст на домашната побарувачка, реалниот раст на увозот на стоки и услуги е проектиран на 3,3 проценти за 2025 година, што имплицира негативен придонес на нето-извозот врз економскиот раст. Заменик-министерот Јанкуловски пред пратениците соопшти дека во периодот јануари-мај годинава вкупните приходи на Буџетот се реализирани во износ од 132,6 милијарди денари или околу 37 проценти од проекцијата со Буџетот за 2025 година, а вкупните расходи во износ од 151,4 милијарди денари, односно 37,8 проценти од проекцијата. Вкупните приходи со ребалансот планирани на ниво од 362,4 милијарди денари се повисоки за околу процент процент (3,5 милијарди денари) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2025 година, како резултат на непроменета проекција на даночни приходи, зголемени неданочни приходи по основ на уплата од Народната банка, како и проширувања на сметките за самофинансирачки активности. - Врз основа на најновите податоци за растот на БДП во првиот квартал од 2025 година, кои покажуваат континуирана стабилност и позитивен тренд, заедно со податоците за останатите макроекономски индикатори и позитивните резултати во наплатата на даночните приходи, не се очекуваат значајни отстапувања од планираните даночни приходи, наведе Јанкуловски. Дополнителен придонес кон остварувањето на планираните даночните приходи се очекува да дадат заложбите за поголема наплата на средствата во државниот буџет, намалувањето на сивата економија, засилената даночна и царинска контрола, како и со поедноставувањето и дигитализацијата на даночните и царинските процедури. Во измените и дополнувањата на Буџетот за 2025 година планирано е да се реализираат околу 30,6 милијарди денари по основ на неданочни приходи (административни такси, концесии, уплата од Народната банка и други неданочни приходи), околу 2,8 милијарди денари од капитални приходи (по основ на продажба на земјоделско земјиште и општествени станови, како и по основ на планирана дивиденда од АД Македонски Телеком), како и 9,7 милијарди денари по основ на донации кон буџетските корисници за конкретни проекти и од повлекувања од предпристапните фондови на ЕУ. Социјалните придонеси како изворни приходи на фондовите за пензиско и здравствено осигурување и на Агенцијата за вработување се планирани во износ од 117,1 милијарди денари, непроменети во однос на придонесите планирани со Буџетот за 2025 година. Буџетскиот дефицит е непроменет и изнесува 41,3 милијарди денари, односно 4 проценти од БДП, а отстапувањето од фискалното правило е резултат на обезбедување на неопходни средства наменети за исплата на обврски од законски решенија и договори, како и за финансирање на инфраструктурни проекти. Зголемувањето на расходите до крајот на годината за околу 3,5 милијарди денари, појасни Јанкуловски, подразбира реалокација на средства помеѓу буџетски корисници, користење на сопствените приходи со цел непречено тековно работење, односно се обезбедија дополнителни средства за проекти од област на животната средина, поддршка во енергетиката, културата и образованието, набавка на инсулин и медицинска опрема, дообезбедување на средства за непречена исплата на плати, пред се наменети за финансирање на платите во Министерството за внатрешни работи, зголемен трансфер до Фондот за ПИОМ од Централен Буџет со цел непречено финансирање и исполнување на обврските на Фондот за исплата на зголемените пензии и транзициски трошоци, како и дообезбедување на средства за капитални расходи кај институции за проекти со поинтензивна реализација, пред се во Министерството за одбрана. Јанкуловски најави дека со ребалансот продолжува финансиската поддршка и соработка на Владата со општините за капитални инфраструктурни проекти, зголемување на нивната финансиска стабилност, поволности и стимулација за општините кои имаат планирани буџети, висок степен на реализација, како и висок степен на наплата на локалните даноци и подобрена методологија за пресметка на трошоците за тековно одржување. Проектираниот дефицит за 2025 година во износ од 41,35 милијарди денари и одлив во износ од 82,5 милијарди денари, (за отплата на надворешен долг 49,2 милијарди денари, за домашен долг 17,01 милијарди денари, како и по гаранции во износ од 1 милјарда денари и по даден заем кон Развојна банка во износ од 15,4 милијарди денари) ќе се финансираат преку домашно и странско задолжување. Отплатата на главнината по основ на надворешен долг во износ од 49,2 милијарди денари го вклучува редовното сервисирање на обврските кон странските кредитори: еврообврзницата издадена во 2018 година, во износ од 30,7 милиони денари, обврзница - НСВ во износ од 7,7 милијарди денари, ММФ во износ од 2,6 милијарди денари, ИБРД во износ од 3,5 милијарди денари, ЕБРД 2,1 милијарди денари, ИДА 0,9 милијарди денари, Централаната инвестициска банка 0,6 милијарди денари, Европската инвестициска банка 0,7 милијарди денари и остатокот од 0,4 милијарди денари кон други билатерални кредитори (ИФАД, КфВ, Јапонска агенција за меѓународна соработка и др.). Отплатата на главнината по основ на домашен долг во вкупен износ од 17,01 милијарди денари се однесува на отплати на 2, 3, 5 и 10-годишни државни обврзници во износ од 16,6 милијарди денари и отплата на структурни обврзници во износ од 0,4 милијарди денари. Другите долгорочни обврзници коишто се со рочности од 7, 15 и 30 години немаат доспевања во 2025 година. Предвиденото ниво на домашно задолжување изнесува 59,7 милијарди денари, а како што речее Јанкуловски ќе се обезбеди преку задолжување со државни хартии од вредност или домашен заем. Задолжувањето во странство ќе се реализира преку повлекување на средства од Европската унија, билатерален заем во износ од 500 милиони евра, како и преку повлекување средства од други кредитни линии од странски финансиски институции наменети за финансирање одделни проекти и/или буџетски дефицит. Износот на државниот долг заклучно со март годинава е 8.328,7 милиони евра, односно 50,1 процент од БДП, а на јавниот долг 9.583,9 милиони евра, односно 57,7 проценти од БДП. Согласно со Стратегијата за управување со јавниот долг 2026-2028 државниот долг на крајот на годинава ќе изнесува 53,3 проценти од БДП, а јавниот долг се очекува да биде на нивото од 62,1 процент. - Имајќи ги предвид проекциите, потребата од фискална консолидација и реструктуирање на буџетските расходи, навременото сервисирање на доспеаните обврски, целосно финансирање и реализирање на стратешките приоритети и програмски определби како и имплементирање на локалните инфраструктурни проекти, се надевам дека предложените измени и дополнувања на Буџетот за 2025 година ќе бидат поддржани од сите вас, а со крајна цел поефикасно и поодговорно управување со јавните финансии, со фокус на стабилност, отчетност и ефективност во трошењето, рече Јанкуловски, во образложението на дебатата за ребалансот, која продолжува со излагање на претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев.Тагови: ребаланс на Буџетот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГевгеличанец во БМВ „летал“ со 204 км/час кај Смоквица, уапсен е Гевгеличанец возел „бмв“ со скоро двојно поголема брзина од дозволеното, запрен е и лишен од слобода, следува соодветна пријава.На 29.07.2026 во 21:26 часот на автопат А1, кај клучка Смоквица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ж.Д.(29) од Гевгелија. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ж.Д. управува патничко возило „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки со брзина од 204 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час. Тој е исклучен од сообраќај и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00
Црна хроникаПетнаесет танчерки од Србија, Албанија и Колумбија се фатени во полициска акција во гостиварско- уапсени се две лица Акциска контрола во угостителски објекти во гостиварско, затекнати 15 странски државјанки, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица.Денеска (30.07.2025), во периодот од 02:00 до 04:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар спровеле акциска контрола во два угостителски објекти на подрачјето на ОВР Гостивар. При контролата во с.Чегране, гостиварско, околу 02:00 часот од слобода е лишен М.Х.(50) од с.Форино, гостиварско. Тој, откако ги забележал полициските службеници пред објектот, ја заклучил влезната врата и ги предупредил присутните да бегаат, но по брза реакција на полициските службеници на задниот излез било спречено бегство на повеќе женски лица – странски државјанки. Додека, пак, во угостителски објект на подрачјето на Полициското одделение Галате, полициските службеници го лишија од слобода А.А.(53) од Гостивар затоа што кај него била пронајдена марихуана. При контролите во двата објекта, поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта, приведени се вкупно 15 странски државјанки на возраст од 19 до 40 години од Србија, Албанија и Колумбија, од кои 11 во угостителскиот објект во с.Чегране и четири во угостителскиот објект во подрачје на Полициското одделение Галате. Сите се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00
МакедонијаТошковски: Петкратно зголемена ефикасноста во постапувањето по случаи на семејно насилствоДенеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го посети Одделението за семејно насилство при СВР Скопје, каде непосредно се запозна со нивната секојдневна работа, предизвиците со кои се соочуваат и резултатите што ги постигнуваат.Во периодот од 2022 до 2026 година евидентирани се вкупно 1.275 пријавени настани на семејно насилство, и тоа: 326 во 2022 година, 216 во 2023 година, по 273 во 2024 и 2025 година и 187 во 2026 година, заклучно со денес. Податоците покажуваат и значително унапредување на ефикасноста во постапувањето. Во 2022 година по брза постапка биле процесуирани 10 случаи и изречени четири мерки на претпазливост, во 2023 година 18 случаи и седум мерки, во 2024 година 25 случаи и 11 мерки, во 2025 година 34 случаи и 15 мерки, а во 2026 година, заклучно со денес, процесуирани се 52 случаи и изречени се 23 мерки на претпазливост. Во споредба со 2022 година, бројот на случаи процесуирани по брза постапка и изречени мерки на претпазливост е зголемен за повеќе од пет пати, што укажува на побрза, поорганизирана и поодлучна институционална реакција. Министерот Тошковски истакна дека семејното насилство се третира со највисок степен на сериозност и дека приоритет останува обезбедувањето навремена заштита за секоја жртва, како и брза и решителна реакција кон сторителите, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook