Тошковски на средба со регионалниот претставник на UNODC Данило Рици - Канал 5

Тошковски на средба со регионалниот претставник на UNODC Данило Рици

„Ја продлабочуваме соработката во борбата против недозволената трговија со дрога“.

Тошковски на средба со регионалниот претставник на UNODC Данило Рици

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со Данило Рици, регионален претставник на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC) за Југоисточна Европа, на која беше разговарано за продлабочување на соработката во борбата против недозволената трговија со дрога и психотропни супстанции, како и за јакнење на капацитетите на Министерството за внатрешни работи во оваа област.

На средбата беа продолжени разговорите за унапредување на пристапот во справувањето со проблемот со дрогата, при што беше нагласена важноста од користење на меѓународните искуства и добри практики, експертската поддршка на UNODC, како и од координиран пристап кој ги поврзува полициското постапување, превенцијата и институционалната соработка.

„Борбата против недозволената трговија со дрога бара силни институции, добро обучени полициски службеници и истражители и современи истражни капацитети. Затоа за нас е значајна соработката со UNODC и размената на искуства со меѓународните партнери, особено во делот на истрагите, финансиските текови поврзани со криминалот и одземањето на незаконски стекнатиот имот“, истакна министерот Тошковски.

Во тој контекст, на средбата беше поздравена и конкретната поддршка што UNODC, заедно со Амбасадата на Соединетите Американски Држави, ја обезбедува за спроведувањето на Националната стратегија за дроги.

Во следните четири дена, во полициската академија ќе се реализира специјализирана обука за истраги поврзани со дрога, со предавачи со искуство во областите на истрагата и кривичното гонење. Обуката ги поврзува овие теми со финансиските истраги, одземањето имот и примената на посебни истражни техники, со цел дополнително унапредување на знаењата и практичните капацитети на полициските службеници.

Тошковски нагласи дека ефикасниот одговор на организираниот криминал поврзан со дрога не завршува со полициска акција и заплена, туку подразбира истрагите да ги опфатат и финансиските текови и имотната корист стекната со криминал.

„Целта не е само да ја откриеме дрогата и сторителите. Мора да ги следиме парите, да го откриваме и одземаме имотот стекнат со криминал и да ги користиме сите законски механизми што ни стојат на располагање. Само така можеме посериозно да ги погодиме криминалните структури и нивниот интерес од вршењето на овие кривични дела“, потенцираше Тошковски.

На средбата беше изразена подготвеност соработката меѓу Министерството за внатрешни работи и UNODC да продолжи и во наредниот период преку експертска поддршка, обуки и размена на меѓународни искуства во областите од заеднички интерес.

Од страна на Претставникот на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал Данило Рици беа претставени проектните активности и беше даден осврт на работата на организацијата, при што истакна дека Министерството за внатрешни работи претставува значаен и кредибилен партнер во спроведување на сите проекти кои се имплементираат од страна на УНОДЦ. Данило Рици се заблагодари за континуираната поддршка и посветеноста на Министерството за внатрешни работи во спроведувањето на заедничките иницијативи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња

Истрагата опфаќа 1,2 милиони возила на „Ford“ во САД.

Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња

Американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на автопатиштата (NHTSA) денеска започна прелиминарна истрага за повеќе од 1,2 милиони возила на „Ford“, по добиени извештаи за ненамерно активирање на страничните воздушни перничиња, што резултирало со сериозни изгореници кај патниците.

Како што пренесува Ројтерс, агенцијата соопшти дека примила осум поплаки и четири извештаи за инциденти поврзани со возила од моделот „Ford Explorer“, произведени во периодот од 2021 до 2026 година.

Според податоците на „NHTSA“, возачите, патниците на предните седишта, како и некои полициски службеници – кои го користеле моделот „Explorer Police Interceptor“ – се здобиле со изгореници од втор и трет степен откако се активирале страничните воздушни перничиња вградени во седиштата.

Покренувањето на прелиминарна истрага претставува прва фаза од регулаторниот процес, во текот на која „NHTSA“ го проценува обемот на проблемот и утврдува дали е потребно дополнително испитување или евентуално повлекување на возилата.

Од „NHTSA“ наведуваат дека прелиминарната проценка обично трае до осум месеци. Доколку се појават дополнителни докази, агенцијата може да ја прошири истрагата и, на крајот, да наложи повлекување на возилата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозија во Турција, расте бројот на жртви: Спасувачките операции продолжуваат

Бројот на загинати во експлозија во челичарница во Измир се искачи на најмалку 16, а пријавени се и 13 повредени, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по работници заробени под урнатините.

Експлозија во Турција, расте бројот на жртви: Спасувачките операции продолжуваат

Во изјава по состанокот на кабинетот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека 16 лица ги загубиле животите, а 13 се повредени – од кои двајца потешко – во експлозија во фабрика за железо и челик во Измир, пренесува агенцијата Анадолија.

Тој изјави дека одговорните за каква било небрежност во Измир ќе сносат одговорност.

Претходно, тој добил извештај за несреќата од министерот за внатрешни работи Мустафа Чифтчи и министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар, кои отпатуваа во Измир.

Според „ТРТ Хабер“, во Измир пристигнал и министерот за труд и социјална сигурност, Ведат Ишикхан. Тој најави дека Институцијата за социјална сигурност назначила главен инспектор за истражување на околностите под кои се случила несреќата.

Министерот за правда, Акин Ѓурлек, изјави дека е започната истрага и дека на случајот се ангажирани четворица обвинители од Јавното обвинителство во Менемен.

Турските власти изразија сочувство до семејствата на жртвите и посакаа брзо закрепнување на повредените, напоменувајќи дека спасувачките операции се во тек, а околностите околу несреќата се истражуваат. Експлозијата се случила за време на леење на стопен челик.

Експлозијата се случила денеска околу пладне во погон на компанијата „Хабаш“ во областа Бозкој, предизвикувајќи пожар и густ чад над фабриката.

Противпожарните екипи го изгаснаа пожарот, додека на местото на настанот беа испратени полиција, медицински персонал и спасувачки тимови.

Според првичните информации, до експлозијата дошло за време на леење на стопен челик, кога кран се откачил и паднал во електрична печка.

Во соопштение од регионалните власти се наведува дека осум работници останале заробени под урнатините, поради што спасувачките екипи започнале интензивна операција за нивно пронаоѓање.

Повредените се пренесени во блиските болници, а едно лице со хеликоптер е префрлено во болница во Измир. Компанијата Хабаш соопшти дека несреќата се случила за време на планирани работи за одржување на една од печките со електричен лак, додавајќи дека повредените добиле итна помош и биле пренесени во болници.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар зафати куќи кај Бит – пазар, има материјална штета

Пожарот што попладнево избувна во куќи во близина на Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола, но причинета е материјална штета, соопштија од скопската противпожарна единица. 

Пожар зафати куќи кај Бит – пазар, има материјална штета

Командатот на единицата Звонко Томески, кажа дека со пожарот зафатени биле индивидуални куќи. Избувнал на кров на двокатна куќа, а потоа поради близината на околните објекти, зафатил делови од уште две други куќи. Интервенирале со девет возила и со 22 пожарникари, кои го ставиле пожарот под целосна контрола. Повреднеи нема, а висината на материјалната штета допрва ќе се утврдува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер