16 загинати во нападот на трговскиот центар во Украина, се проверува дали продавницата требало да биде евакуирана
216 загинати во нападот на трговскиот центар во Украина, се проверува дали продавницата требало да биде евакуирана
ЖивотЈа исфрлиле од теретана зашто била провокативно облечена„Тиктокерката“ Лини Мари јавно се пожали дека поради својата провокативна облека била мета на напад во сала за вежбање, па ѝ било оневозможено да вежба.Имено, оваа девојка снимила видео во својот автомобил за да покаже што е „непристојно“, односно што другите посетители на вежбалната го сметаат за несоодветно за вежбање. Лини Мари прикажува видео на кое седи во автомобил облечена во дуксер, а потоа го соблекува покажувајќи го атрактивниот горен дел што го носи. Покрај видеото стои коментар: - Што да правам? Јас сум професионалец што бара внимание - вели Лини. Иако маицата е со деколте, горниот дел е припиен за телото, но не покажува премногу гола кожа. @leanie.marie Sweats an all baby 💪🏻😤 #miltok #fitcheck #gymfit ♬ original sound - riverside.gsp Придружниците на оваа корисничка на ТикТок рекоа дека е можно теретаната да се обидува да промовира вистински вредности, но дека е лудо да ја бојкотира поради начинот на кој се облекува, бидејќи нема ништо спорно во тоа. Во коментарите некои ѝ порачале дека би сакале девојките во теретаната во која вежбаат да се облекуваат како неа, со оглед на тоа што гледаат многу поразголени девојки. Имаше и такви коментари во кои луѓето претпоставиле дека е можно да се работи за љубоморна жена или жена инструктор на која ѝ пречи нејзината фигура или, пак, маж кој би сакал да излезе со неа. Еден од корисниците ја посоветувал да не обраќа внимание на лудите правила во салата во која вежба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп повторно објави мапа: „Нова територија на САД“Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави мапа на Ормутскиот теснец на својата социјална мрежа „Truth social“ и го прогласи за територија на САД.Објавената слика покажува мапа на која е заокружен делот што го вклучува ормутскиот теснец, иранскиот остров Кешм, делови од територијата на Оман, па дури и градот Дубаи. Над тоа е коментарот: „нова територија на САД“. Само еден ден претходно, Трамп изјави дека САД имаат „целосна контрола“ врз целиот регион што има врска со Ормутскиот теснец.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет16 загинати во нападот на трговскиот центар во Украина, се проверува дали продавницата требало да биде евакуиранаУкраинската полиција отвори кривична постапка против директорот на супермаркет во трговскиот центар во Криви Рих, кој беше погоден во руски напад со дронови.Во рускиот напад загинаа најмалку 16 лица, а повредени беа уште 130, меѓу кои и 23 деца. спасувачките екипи и натаму трагаат по исчезнати лица. Директорот се истражува поради сомнение за немар, бидејќи продавницата наводно останала отворена и за време на воздушната тревога. Според украинските власти, од моментот кога била вклучена воздушната тревога до првиот удар со дрон поминале околу 20 минути. Истрагата треба да утврди дали вработените и посетителите биле навреме предупредени за опасноста, дали била издадена наредба за евакуација и дали биле почитувани безбедносните протоколи за објект во регион близу до фронтот. Ќе се проверуваат и наводите дека вратите на засолништето биле блокирани. Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВо Србија е уапсен „платен убиец“ од Македонија, се истражува кој наводно требало да биде жртваСрпската полиција уапсила државјанин на Македонија кај градот Прибој, под сомнение дека влегол во Србија како ангажиран извршител на нарачано убиство, објави српски Телеграф повикувајќи се на полициски извори.Според медиумот, осомничениот во полициските евиденции наводно се водел како платен убиец кој работел за Кавачкиот клан, а се доведувал во врска и со претходен обид за убиство на Марко Љубиша Кан. По добиените оперативни информации, српската полиција распоредила засилени сили и го блокирала теренот во Прибој, а истрагата сега е насочена кон утврдување на идентитетот на лицето кое требало да биде мета, како и кон откривање на локациите и лицата што евентуално му обезбедувале логистичка поддршка по влегувањето во Србија. На осомничениот му е определено задржување до 48 часа, по што со кривична пријава треба да биде изведен пред надлежното обвинителство. Фото: ВИТагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter