Италија или Португалија- една од нив нема да оди во Катар, Македонија доби најтешка ждрепка - Канал 5

Италија или Португалија- една од нив нема да оди во Катар, Македонија доби најтешка ждрепка

Денеска од 17 часот во Цирих се одржа ждрепката за квалификациите за Светското првенство.

Италија или Португалија- една од нив нема да оди во Катар, Македонија доби најтешка ждрепка

Тоа ќе бидат невидени дополнителни квалификации во европската зона во која ќе учествуваат дури 12 репрезентации.

Она што го посакуваа голем број фанови се оствари. Италија и Португалија се во иста група. Македонија ја доби најтешката ждрепка. Полуфиналето ќе го играат во Италија, додека во второто полуфинале Португалија ќе се сретне со Турција. Домаќин на финалето ќе биде победникот од вториот натпревар.

На вториот турнир Полска ќе игра во Русија, а Чешка во Шведска. Домаќин на финалето ќе биде победникот од првиот натпревар.

На последниот турнир ќе играат Шкотска - Украина и Велс - Австрија. Домаќин на финалето ќе биде победникот од првиот натпревар.

Парови:

Турнир 1:

Велс - Австрија

Шкотска - Украина

Турнир 2:

Русија - Полска

Шведска - Чешка

Турнир 3:

Португалија - Турција

Италија - Македонија

На Светското првенство одат само победниците. Полуфиналните пресметки ќе се играат на 24 и 25 март следната година, а финалето е закажано три дена подоцна. Светското првенство започнува на 21 ноември.

Претходно на Мундијалот место обезбедија Хрватска, Германија, Данска, Франција, Белгија, Шпанија, Србија, Англија, Швајцарија и Холандија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со претседавачот на ОБСЕ, Касис

Унапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата.

Средба на министерот Муцунски со претседавачот на ОБСЕ, Касис

Унапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата меѓу министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и швајцарскиот министер за надворешни работи, Ињацио Касис, кој е и актуелен претседавач со ОБСЕ.

На средбата двајцата министри разговарале за можностите за натамошно унапредување на политичките, економските и развојните односи меѓу двете земји, како и за континуираната швајцарска поддршка во областа на развојната соработка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ССМ: Со документарецот „Живот до први“ ќе ги будиме пратениците

Во организација на ССМ денеска се прикажа документарен филм „До први“ еден пратеник, една минимална плата каде се потикнува да видат пратениците како е да се живее со минималец..

ССМ: Со документарецот „Живот до први“ ќе ги будиме пратениците

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти

ПАТИШТАТА, МОСТОВИТЕ И КОРИДОРИТЕ ЈА ПОКАЖУВААТ РАЗЛИКАТА !

Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти

Бројките за нискоградбата покажуваат силна промена во динамиката на инфраструктурните работи.

Овие бројки го докажуваат реализирањето на проектите.

Во анализираните 8 квартали од јули 2024 до јуни 2026 на владата на ВМРО - ДПМНЕ, просечната реална годишна стапка изнесува +26,1%.

Во споредбениот период од претходните 29 квартали влада на ДУИ/СДСМ просекот изнесува -3,2%.

Значи споредуваме 2 со 7 години.

Тоа е разлика од дури 29,3 процентни поени !

Според методолошкото објаснување на Државниот завод за статистика нискоградба е градежна работа на објекти кои „со својот главен дел се наоѓаат на површината на земјата или во земјата“.

Нискоградбата значи патишта, автопати, мостови, тунели и крупна инфраструктура – инвестиции што остануваат и создаваат услови за побрз економски развој.

Затоа овие бројки не се само статистика.

Зад нив стојат конкретни проекти, активни градилишта и нова инфраструктура.

Кога се гради инфраструктура – се гради иднината на Македонија.

Линк од фб објава:

https://www.facebook.com/share/p/1Hgzuc9hzg/

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер