3Филипче: Со Мицкоски странските инвестиции паднаа на само 18 милиони, дупката во ПИОМ е удвоена на една милијарда евра
Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот
2 Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот
ЖивотИстражување: Ковид-19 кризата двојно го зголеми бројот на жени зависни од државна помошПросечната плата на жените во периодот јануари – август 2020 година е намалена за 338 денари, но кај осум отсто од жените падот надминува 8.000 денари.Губење на работното место, пад на месечните приходи, зависност од државна помош, отежнат пристап до здравствени услуги се само дел од низата последици со кои се соочија голем број жени во државата, во првите шест месеци од пандемијата со Ковид-19, покажува истражувањето на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ. Со тоа што бројот на жени што имале потреба од помош од страна на државата за време на пандемијата е за сто проценти зголемен во однос на оној пред нејзиниот почеток. Просечната плата на жените во периодот јануари – август 2020 година е намалена за 338 денари, но кај осум отсто од жените падот надминува 8.000 денари. Пандемијата двојно го зголеми бројот на жени зависни од државна помош, а бројот на домаќинства кои гладуваат пораснал од три на седум отсто. Според истражувањето, кризата предизвикана од пандемијата, покрај намалувањето на бројот на вработени жени и намалувањето на заработувачката на жените, доведе и до сериозно нарушување или промена на статусот на вработување на жените, односно видот на договорот за вработување, со тоа што најголемо негативно влијание пандемијата имала кај жените што биле вработени на договор на определено време, на договор на дело или пак кај жените вработени за сопствена сметка Намалување на бројот на вработени жени по пет месеци од почетокот на пандемијата се бележи помеѓу жените вработени во акционерските друштва во државна сопственост, угостителството, конфекцијата и самовработените жени. За време на пандемијата евидентно е зголемувањето на бројот на вработени жени само во секторот фармација. Уште еден загрижувачки аспект кој што го потенцира истражувањето е дека пандемијата го отежна пристапот до услуги во јавното здравство со што е увидено дека секоја трета жена која имала потреба од здравствена заштита, неповрзана со Ковид-19, не добила соодветни услуги во јавните здравствени установи. Од нив, 63 отсто не можеле да стигнат до преглед кај специјалист, а 12 отсто биле оневозможени да направат хируршка интервенција. Како последица на тоа, на 20 отсто од овие жени им се влошила здравствената состојба. Истражувањето има посебен осврт на жените од ромската заедница. Месечните приходи на жените Ромки во првите шест месеци од пандемијата во просек се намалиле за 1.637 денари што е за пет пати повеќе од националниот просек. Секоја трета Ромка користела државна помош, а за четири пати се зголемил бројот на оние кои не можеле да се прехранат. Во однос на здравствената заштита, главен проблем со кој се соочиле Ромките, кои имале здравствен проблем неповрзан со Ковид-19, била неможноста да добијат преглед од матичен лекар. Дури 73 отсто од нив се од Шуто Оризари поради недостигот на матични лекари во општината. Истражувањето насловено како „Влијанието на кризата предизвикана од КОВИД-19 врз жените и жените Ромки од Република Северна Македонија" е изработено од Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените -ЕСЕ со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНов Зеланд: Не сме разговарале со ЕУ за статусот на придружен членНов Зеланд не водел разговори со Европската Унија за можноста да стане придружна членка, изјави денеска портпаролот на новозеландскиот министер за надворешни работи Винстон Питерс, откако ЕУ објави дека разгледува таков предлог за Канада. „Немало никакви дискусии со ЕУ за тоа Нов Зеланд да стане придружна членка“, рече портпаролот, како што пренесе Ројтерс. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во средата изјави дека сака да ѝ ја отвори вратата на Канада да стане првата „придружна членка“ на ЕУ, во обид да се воспостават нови врски меѓу сојузниците во „отворено непријателски свет“. Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на ЕУ со царини доколку продолжи со предлогот за Канада, нарекувајќи ја идејата „смешна“. Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, вчера изјави дека Австралија и Нов Зеланд би можеле да го следат примерот на Канада во продлабочувањето на односите со ЕУ. „Не се сомневам дека во ова ќе бидат вклучени и други земји“, рече таа во интервју за телевизиската мрежа „Еуроњуз“. „Тоа веќе го гледаме, вклучително и во однос на законодавството што го усвојуваме, каде што партнери од целиот свет – како Австралија и Нов Зеланд – ни порачуваат: сакаме да ги продлабочиме нашите односи.“ Австралискиот министер за трговија, Дон Фарел, во вторникот изјави дека Австралија е „на иста бранова должина“ со Канада во однос на напорите за воспоставување посилни врски со ЕУ.Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
ФудбалСамба во Манчестер – запамтете го ова име! Младиот фудбалер Флојд Самба е главна тема на вечерта во светскиот фудбал, откако остави одличен впечаток на своето деби за Манчестер Сити.17 годишниот Флојд Самба вчера дебитираше за првиот тим на Манчестер Сити и „не само што блесна на ’Етихад‘, туку и го засени уште еден многу познат тинејџер од Манчестер“, пишува Би-би-си по победата на Сити од 5:0 против Норич во Лига-купот. „Сториите на порталите, објавите на социјалните мрежи и новинските колумни оваа недела беа преплавени со вести дека високоценетиот 15-годишен напаѓач Џеј-Џеј Габриел е пред заминување од Манчестер Јунајтед. Сепак, таа приказна во петокот беше засенета од импресивното професионално деби на 17-годишниот Самба, кој постигна два гола во победата на Сити од 5–0“, се вели во текстот со кој тинејџерот му се претставува на јавноста. Флојд Самба е германски младински репрезентативец, има само 17 години и вечерва блесна против Норич во победата од 5:0 на „Сити“ во осминафиналето на Лига-купот. Samba gives Manchester City the lead !! https://t.co/IWW2iQeGoc — Best Moments Captured. (@BestMomentsCa) September 17, 2026 Самба го отвори резултатот со прекрасен удар со глава во 29-тата минута, по асистенција на уште еден дебитант во дресот на „Граѓаните“ – Бразилецот Алан. Шерки зголеми на 2:0 во 32. минута, а потоа Алан го круниса своето деби со прекрасен гол во 48. минута, повторно насочувајќи го вниманието кон Самба. И како да не биде така, со оглед на одличниот гол што го постигна во 54. минута, по втората асистенција на Аит-Нури. Уште еден тинејџер, Рајан Мекаду, го постигна петтиот гол во 90. минута од натпреварот. Во осминафиналето на Лига-купот, Сити ќе се соочи со Брајтон, кој претходниот ден го шокираше Јунајтед на „Олд Трафорд“. Презимето Самба им е добро познато на долгогодишните следбеници на Премиер-лигата, забележува Би-би-си, потсетувајќи дека Флојд е син на поранешниот одбранбен играч на Блекбурн и КПР, Кристофер Самба, кој одиграл 171 натпревар во Премиер-лигата за тие два клуба, како и уште 12 во Чемпионшип за Астон Вила.Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Овој правосуден систем со 2% доверба го партизираа СДС и ДУИОвој правосуден систем со 2% доверба го партизираа СДС и ДУИ, за денес да штитат поединци и моќници блиски до нив.Овој правосуден систем со 2% доверба, кој штити политички моќници од опозициските редови, го создадоа и партизираа СДС и ДУИ. А, сега гледаме дека таквата партизација со нивни инсталации бирани во партиските штабови во Струмица и Зајас, СДС и ДУИ го правеле, за сега да ги штитат нивните интереси и на нив блиските моќни поединци. Дел од инсталациите во правосудниот систем, блиски и дел до структурите на СДС се лица како Весна Дамева, поранешен претседател на Судскиот совет, која била член на партиска комисија на СДС. Тука е и Добрила Кацарска, судијката која изрече вкупно 211 години затвор за случајот 27 април, па како награда, СДС ја инсталираше во Уставниот суд, која денес продолжува да работи во нивен интерес и за политички поени, грчевито да се бори да го укине линеарното зголемување од 7000 денари на пензиите. Не треба да го заборавиме Наќе Георгиев, кој токму во периодот на власта на СДС, напредуваше до Врховниот суд, а потоа стана и член на Судскиот совет. И секако, во оваа екипа дел е и Вилма Русковска, обвинителката која го застапуваше обвинението за 27 април, која стана еден од главните симболи на обвинителството во времето на СДС и на ДУИ. Ова е класична партизација и инсталација на подобни кадри во правосудството, кои наместо во интерес на правдата и граѓаните, работат за да ги заштитат интересите на СДС и ДУИ. Овие лица со години напредуваа во кариерите, извршуваа дел од највисоките позиции во правосудството, за сметка денес да бидат заштитени поединци и моќници блиски до СДС и ДУИ, како што е и еден од последните случаи на затворање на истрагата на модуларните болници и спасот од кривична одговорност на Венко Филипче. Поголем доказ од ова дека правосудните инсталации на СДС и на ДУИ имаат име и презиме, нема. Но тоа што треба да се знае е дека, веќе е време во Македонија да стави крај на правосудство предводено од СДС и ДУИ и законот да важи еднакво за сите. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29