Радев го изненади Брисел со поддршката на договорот за снабдување со дизел меѓу Трамп и Путин и покрај санкциите
1Радев го изненади Брисел со поддршката на договорот за снабдување со дизел меѓу Трамп и Путин и покрај санкциите
3СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски – на сите им е јасен договорот „под радар“ за пуштање на Михаилова
Маск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува
2Маск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува
ЖивотИРЦ: Климатските промени во 2023 година ќе поттикнат хуманитарни кризиИзминатата деценија нагло се зголемил бројот на луѓе со хуманитарни потреби, приближувајќи се до 339,2 милиони во споредба со 81 милион во 2014 година.Климатските промени, заедно со проблемите предизвикани од вооружените конфликти и економскиот пад, во 2023 година ќе ги забрзаат хуманитарните кризи ширум светот, се наведува во студијата на невладината организација Меѓународен комитет за спас (International Rescue Committee). Агенцијата со седиште во Њујорк, предводена од поранешниот британски политичар Дејвид Милибанд, посочи дека изминатата деценија нагло се зголемил бројот на луѓе со хуманитарни потреби, приближувајќи се до 339,2 милиони во споредба со 81 милион во 2014 година. Според ИРЦ, климатските промени се меѓу клучните фактори кои ги забрзуваат хуманитарните вонредни состојби и покрај фактот што 20-те земји на нејзината листа за итни случаи, како Хаити и Авганистан, придонесуваат со само два проценти од глобалните емисии на јаглерод диоксид. Во извештајот на ИРЦ се посочува дека „2022 година покажа дека е непобитна улогата на климатските промени во забрзувањето на глобалната хуманитарна криза“. Студијата укажува на рекордни долги периоди на дожд, кои „донесоа катастрофална несигурност за храна во Сомалија и во Етиопија“ и убија илјадници луѓе во Пакистан. ИРЦ ја потенцира потребата од повеќе „проактивни инвестиции во превенција и ублажување на климатските промени“. Во меѓувреме, несигурноста во снабдувањето со храна е веќе широко распространета поради растечките конфликти, како и економската криза предизвикана од руската инвазија на Украина и пандемијата со коронавирус, се посочува во извештајот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРадев го изненади Брисел со поддршката на договорот за снабдување со дизел меѓу Трамп и Путин и покрај санкциитеБугарскиот премиер Румен Радев го изненади Брисел утринава со поддршката на договорот за снабдување со дизел меѓу Трамп и Путин, и покрај западните санкции против Москва.„Знаете кој е нашиот проблем во моментов во европа? Високите цени на горивата. Секој чекор за намалување на цените на горивата и за гарантирање на нашата конкурентност, го цениме“, рече Радев по пристигнувањето на дводневниот самит.Неговите коментари го доведоа во конфликт со неговите колеги лидери на ЕУ, кои остро го осудија договорот како ризичен, опасен и погрешен. „Многу жалиме за овој договор за дизелот. Очигледно не е многу голем дел, но сепак е во погрешна насока“, рече шведскиот премиер Улф Кристерсон. „Секој чекор сега за да им се помогне на Русите да го зголемат финансирањето на војната е лош знак. Затоа, ние цврсто се држиме до ставот на Зеленски.“рече тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска на средби на средби со Бо Ли и високи претставници на ММФФискалната дисциплина и поддршка на економскиот раст се клучните приоритети на кои работиме.Министерството за финансии вложува напори и спроведува активности кои се во насока на имплементација на реформите во доменот на упраувањето на јавните финансии и спроведување дисциплинирана фискална политика со постепено намалување на буџетскиот дефицит, а при тоа да не го загрози растот. Тоа ја носи државата напред и создава услови за подобар животен стандард на граѓаните. Ова беше истакнато од страна на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на состаноците со високи претставници на ММФ во рамки на Годишните средби на ММФ и СБ што годинава се одржуваат во Бангкок, Тајланд. На состаноците со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, директорот на ММФ за Европа, Матеуш Шчурек, извршниот директор на ММФ, Јерун Клик и заменикот на извршниот директор, Марникс ван Рај, министерката истакна дека клучен приоритет за Владата и Министерството за финансии е да се оствари определбата за фискална консолидација на среден рок согласно Фискалната стратегија и истовремено да поттикнеме повисок економски раст. „Во моментов во Министерството за финансии се подготвува Буџетот за 2027 година, а веќе во собраниска процедура е Ребалансот на Буџетот за 2026 година. Особено сме внимателни во управувањето на јавните финансии, имајќи предвид дека со соочуваме со голема неизвесност и потребата од преземање мерки за заштита на стандардот на граѓаните, но и поддршка на бизнисот. Во таа насока со Ребалансот правиме интервенции и на приходната и расходната страна со цел да ја задржиме фискалната дисциплина и да не предизвикаме притисок врз буџетскиот дефицит“, рече министерката.При тоа додаде дека буџетскиот дефицит останува во рамки на проекцијата и е насочен кон реализација на развојните политики на Владата, односно поддршка на големите инвестициски проекти. Ова, според министерката, особено е важно за поддршка на економскиот раст и продолжување на овој тренд на стапки на раст од над 3% во изминатите две и пол години. На состаноците беше наведено дека во вториот квартал од 2026 година, БДП забележа годишен раст од 4,3%, што претставува највисок раст во постковид-периодот. Тоа го потврдува продолжувањето на позитивните економски движења и отпорноста на домашната економија во услови на неизвесност во глобалното економско опкружување. Растот во првиот квартал изнесуваше 3,1%, со што растот во првата половина од годината достигна 3,7%. Особено е важно дека еден од факторите на кои се темели е високиот раст на бруто инвестициите, поддржани преку Буџетот. Исто така, согласно Фискалната стратегија 2027-2031, бруто инвестициите ќе продолжат да бидат еден од главните двигатели на економскиот раст. Создавањето предуслови за нов циклус економски раст преку реализација повисоко ниво на капитални инвестиции, постепена фисклана консолидација и унапредување на упраувањето со јавните финансии се основните цели на Фискалната политика за периодот 2027–2031 година. Истовремено, спроведувањето на фискалната консолидација создава основа за заачувување стабилноста и одржување одржлив и инклузивен економски раст. Во овој контекст потенцираше министерката дека буџетскиот дефицит согласно среднорочните проекции ќе се спушти на 2,8% во 2029 година. На состаноците се осврнавме и на пензискиот систем во земјава при што од страна на ММФ беше изразен интерес за поставеноста на вториот пензиски столб. Ова прашање особено ќе биде во фокусот на следната Мисија на ММФ планирана за ноември во Македонија. Ова е и во контекст на прегледот на јавните расходи (Spending Review) од страна на Светска банка во кој е опфатено и прашањето на пензискиот систем, а со цел да се обезбеди подетална анализа на состојбите и унапредување на неговата одржливост. На состанокот беа поздравени напорите на Владата за спроведување фискална консолидација и беше истакнато охрабување да продолжи со реформите кои ќе го зајакнат управувањето и ја зголемат отпорноста на јавните финансии.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Тавче гравче со колбасиВо четврток (08.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Саш Мишевски.Состојки за денешниот рецепт: 2 големи конзерви грав 1 пиперка 1 главица кромид 3 парчиња колбаси масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook