Засилена полициска акција на територијата на целата држава: Извршени 47 претреси, лишени од слобода 16 лица
Земјоделците бараат гарантирана цена од 15 денари за килограм пченица пред стартот на есенската сеидба
1Засилена полициска акција на територијата на целата држава: Извршени 47 претреси, лишени од слобода 16 лица
2Земјоделците бараат гарантирана цена од 15 денари за килограм пченица пред стартот на есенската сеидба
На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
2На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
КултураИнститутот за старословенска култура почнува тригодишен проект за десетвековна историјаПрилепскиот Институт за старословенска култура годинава почнува тригодишен, обемен, суштествен проект за валоризација, доистражување и документирање на локалитетите во Пелагонија, Мариово и во Поречието. Опфатени се десетици локалитети и средини кои аргументирано ќе ја раскажат историјата на овие простори за 10 века, од 7 до 17 век. Како што објаснува Бранко Ристески, археолог и директор на Институтот за старословенска култура, обемниот проект „Средновековни населби" ќе треба да даде сериозен, објективен одговор за артефактите и духовната, материјалната, социо-економската историја на овие простори. – Станува збор за мултидисциплинарен проект во кој носечки сегменти се археологијата и историјата на уметност, но подеднакво се вклучени и лингвистиката, етнологијата. Вклучен е голем стручен тим од Институтот. По 10 години пауза Министерството за образование и наука објави конкурс за финансирање научно-истражувачки проекти на јавните научно-истражувачки институции. Во земјава се пет институти. Меѓу седумте прифатени е и овој обемен проект насловен „Средновековни населби" за периодот од 7 до 17 век. Процесите се следат во четири етапи: раниот среден век од 7 до 9 век, полниот среден век од 8-9 век па до средината на 12 век, третата фаза е од средината на 12 до почетокот на 15 век и, она што се нарекува ран отомански период од 15 до 17 век. Ова е периодизација врз основа на археолошките сознанија. Просторно, проектот ги опфаќа трите региони: Пелагонија, Мариово и Поречието. Тие се лоцирани во централните делови на Балканбскиот полуостров кој, според природните карактеристики се принципиелно различни и овозможуваат компаративно, синхроно проучување на процесите: Пелагонија како рамница, Мариово како нагласена висорамнина, која гравитира кон Меглен и Грција и една транзициска линија на Поречието која гравитира кон западно-балканскиот културен простор. Сето овозможува тие фини структурни процеси на цивилизациски достигнувања да бидат евидентирани и на соодветен начин интерпретирани, објаснува Ристески. Опфатени се три вида населби: градови, урбани и рурални населби и монашки населби и манастири. Има приоритетни локалитети и од втора и трета категорија. За првпат е вклучена и Хераклеја. Ова е финализирање на еден долг процес научни сознанија, но ќе има и доистражување. – Почнувајќи од 7 век, доселувањето на Словените и византиските придобивки, тука клучен локалитет е Хераклеја. Првпат ја вклучуваме, каде имаме продолжување на византиските процеси. Потоа е локалитетот Градиште кај Дебреште, Долнени, каде имаме видливи манифестации на словенско присуство, раните словенски населби на овој простор. Потоа се античкиот Колобаиса на Трескавец, локалитетот на Баба каде е продолжувањето на византиската култура. Тие се клучните, а второстепените локалитети ќе ги детектираме со проектот. За вториот период (9-12 век) имаме неколку клучни локалитети: монашката населба под манастирот Зрзе, дел од Хераклеја, нешто слично има и на Марковите Кули, локалитетот Градок во Мариово, манастирот Свети Никола во Манастир Мариово. Како низа манифестации во Поречието. За третиот период од 12 до раниот 15 век клучни пунктови се градовите Битола и Прилеп и манастирските комплекси кои се средишта на културното и социо-економско живеење со севкупната духовност. Манастирите се и своевидни универзитети, центри на духовноста, вели Ристески. Проектот ќе се финализира со монографија каде ќе бидат документирани сите трудови и артефакти. Многу ќе помогне новата лабораторија која годинава треба да добие меѓународна акредитација. – Објективизирањето на фактите е најбитно. Тоа ќе го добиеме со голема помош на новата лабораторија која прецизно ќе ги датира артефактите, доказите, за да добиеме објективен поглед на нашата историја. Да нема патетика, да нема секој како сака да ја интерпретира. Со тоа ќе бидеме сериозни пред балканската и европската научна јавност. Затоа, покрај пишаните споменици, многу се битни археолошките наоди, материјалното наследство, смета Бранко Ристески, археолог и директор на прилепскиот Институт за старословенска култура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Автомобилизам„BMW“ им нуди на вработените над 650.000 евра за да си заминат, интересот е преголемГерманскиот автомобилски гигант „BMW“ им нуди на дел од вработените отпремнини што надминуваат 650.000 евра, доколку доброволно ја напуштат компанијата.Интересот за заминување е толку голем што внатрешниот портал, преку кој вработените можат да ги проверат понудите, привремено престана да функционира. Во меѓувреме, „BMW“ ја стопираше програмата за да може да ги обработи пристигнатите барања. Според германскиот весник „Handelsblatt“, некои вработени би можеле да добијат повеќе од 650.000 евра за спогодбен раскин на договорот за вработување. Станува збор за исклучително високи отпремнини, дури и според стандардите на германската автомобилска индустрија. Ваквите износи не се правило, туку се однесуваат на конкретни, поединечни случаи. Од „BMW“ одбија да потврдат конкретни бројки, наведувајќи дека не даваат коментари за поединечни договори за вработување. Вработените го преплавија порталот, системот падна под товарот На 8 октомври, „BMW“ започна програма за доброволно заминување. Десетици илјади вработени беа известени дека преку внатрешен портал можат да проверат колкава сума би им исплатила компанијата доколку одлучат да си заминат. Интересот беше толку голем што порталот не можеше да го издржи товарот и привремено престана да работи. Од „BMW“ потврдија дека постои исклучително голем интерес кај вработените за понудените услови, иако официјално не потврдија дека токму напливот на корисници е причината за техничките проблеми. Според извештаите во германските медиуми, компанијата привремено ја стопираше програмата, само неколку дена по нејзиното започнување, за да може да ги обработи пристигнатите пријави. Сè уште не е познато кога повторно ќе се прифаќаат нови пријави. Планови за укинување на 8.000 работни места До крајот на 2027 година, „BMW“ планира да укине приближно 8.000 работни места на глобално ниво. Програмата за доброволно заминување во Германија опфаќа околу 40.000 вработени, првенствено оние во администрацијата, менаџментот, како и во секторот за истражување и развој. Вработените кои работат директно во производството не се опфатени со оваа програма. Висината на отпремнината зависи првенствено од платата на вработениот и од должината на неговиот стаж во компанијата. „BMW“, исто така, нуди дополнителни бонуси за вработените кои ќе се согласат да си заминат порано. Според документите што ги разгледа „Handelsblatt“, предвидените датуми за заминување се 31 март и 31 октомври 2027 година. Исплатите за отпремнина може да се извршат еднократно или на рати, а под одредени услови, вработените можат да насочат дел од средствата во својата пензиска заштеда. Некои вработени, исто така, може да задржат одредени бенефиции што им се достапни на пензионираните вработени во „BMW“ За постарите вработени важат посебни услови. Оние што ќе наполнат 55 години до крајот на октомври 2027 година – под услов да исполнуваат дополнителни критериуми – можат да се стекнат со статус што им овозможува пристап до дел од бенефициите наменети за пензионираните вработени во „BMW“. Овие бенефиции вклучуваат поповолни услови за купување нови и половни автомобили. Пакетите за отпремнина на „BMW“ се издвојуваат, особено во споредба со оние што ги нудат други германски производители. „Handelsblatt“ пренесува дека „Volkswagen“, во претходните програми, нудел отпремнини во износ од околу 405.000 евра, додека „Mercedes-Benz“ на некои вработени со долг стаж на раководни позиции им понудил приближно половина милион евра. Вработениот може на крајот да добие значително помалку од 650.000 евра Иако понудените износи се исклучително високи, вработените не ја добиваат целосната сума, бидејќи отпремнините подлежат на оданочување. Според пресметките на германскиот весник „Münchner Merkur“, вработен што ќе добие отпремнина од 650.000 евра – и нема други приходи што подлежат на оданочување во текот на годината на исплата – по плаќањето на даноците би можел да располага со приближно 420.700 евра. Доколку вработениот оствари други приходи во текот на истата година, конечниот износ може да биде значително помал. Реалниот износ што ќе се исплати зависи од конкретната даночна ситуација на секој поединечен вработен. „BMW“ има за цел да оствари годишни заштеди од една милијарда евра „BMW“ ја започна програмата за намалување на бројот на вработени како одговор на падот на продажбата и профитот – особено на кинескиот пазар – како и поради засилената конкуренција и зголемените оперативни трошоци. Компанијата очекува дека намалувањето на бројот на вработени ќе донесе годишни заштеди од приближно една милијарда евра, почнувајќи од 2028 година. Слични мерки преземаат и други големи германски производители на автомобили, меѓу кои „ Volkswagen “, „Mercedes-Benz“ и „Porsche“, кои се соочуваат со пад на побарувачката, конкуренција од кинески производители и високи трошоци за премин кон електрични возила. Извор: Индекс.хрТагови: BMW Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36Брвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00
МакедонијаЗасилена полициска акција на територијата на целата држава: Извршени 47 претреси, лишени од слобода 16 лицаЗапленети дрога, оружје и муниција.На 16/17.10.2026 година, Одделот за криминалистичка полиција, во координација со сите сектори за внатрешни работи и Единицата за службени кучиња, спроведе засилени мерки и активности на територијата на целата држава, насочени кон откривање и сузбивање на криминалот, особено недозволената трговија со дрога и нелегалното поседување оружје. Во рамки на акцијата беа извршени 47 претреси во домови и други помошни простории на повеќе локации низ државата. При претресите беа пронајдени и одземени поголема количина марихуана, повеќе пакувања со кокаин, како и помали пакувања со кокаин подготвени за понатамошна продажба. Исто така, беа пронајдени и одземени огнено оружје – пиштоли и пушки, разновидна муниција, парични средства и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Во текот на акцијата од слобода се лишени 16 лица, а поднесени се 11 кривични пријави за кривичните дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик. Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни активности за откривање и санкционирање на сите форми на криминал, со цел обезбедување побезбедна средина и поголема сигурност за сите граѓани.Тагови: полициска акција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗемјоделците бараат гарантирана цена од 15 денари за килограм пченица пред стартот на есенската сеидбаСо орањето почнуват давачаките на земјдоелците за новата есенска сеидба. Но пред да почнат да инвфестираат тие бараат државата да постави јасна поддршка за да се врати интересто кај полјоделците да го засејат лебното жито на поголеми површини со што би се намалила увозната зависност од србија на пченица и брашно за производство на леб. Земјдоелците бараат државата да излезе со пресметката за производната цена што секако е нејзина закоснка обврска но клучното барање е да излезе државата со гарантирана цена од 15 денари за килограм за да се сее пченица на што поголеми површини и да не остануваат нивите празни. Оваа гарантирана цена од 15 според земјдоелциет како и поделбата на картичките за зелена нафта кои годинава се во вистински момент пред стартот на есенската сеидба би можела да го ибалансираат трошокот кој е зголемен при производството како и ниските откупни цени од 10 денари за килограм кои се провлекуваат секоја година со цел земјоделциет да се ориентираат само на производство без да се грижат за пласманот и откупните цени. Тие исто така бараат да се доплатат по 5 денари од интервентниот фонд за годинава заради ниските откупни цени со се соочија земјдоелците. Според претставниците на земјоделците потребен е итен дијалог со надлежните бидејќи лани 9 илјади земјоделци беа исклучени од можноста и годинава нема да земат субвенции зошто неколку месеци по сеидбата се донесе правило колку за зголемена норма на семенски материјал како услов за поддршка за што не беа навреме информирани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook