Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа
1Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа
3МОН го замени сексуалното образование со „заштита на здравјето“, без зборовите „род“ и „контрацепција“
ТенисРоџер Федерер веќе не е милијардерЕден од најдобрите тенисери во историјата, Швајцарецот, Роџер Федерер повеќе не е милијардер, флуктуациите на берзата го чинеле десетици милиони долари, а неговото нето-богатство сега изнесува 952 милиони.Федерер се најде на листата на милијардери по завршувањето на својата тениска кариера, благодарение на многу промислени и паметни инвестиции во разни бизниси, но ова е и категорија што може да биде многу „нестабилна“. Во еден ден, Федерер изгуби десетици милиони поради флуктуациите на берзата, откако акциите на луксузниот бренд „On“ забележаа пад поради послабата продажба од предвидената, тоа се одрази и врз сметката на славниот Швајцарец. Падот од 19 отсто го чинеше Федерер најмалку 52 милиони долари, пишуваат американските медиуми, потсетувајќи дека тој поседува удел од 2,5 отсто во оваа компанија. Акциите првпат се појавија на Њујоршката берза во 2021 година и нивната вредност вртоглаво порасна, особено минатата година, кога Федерер за првпат официјално беше вброен меѓу милијардерите. „Форбс“ проценува дека нето-вредноста на имотот на Федерер сега изнесува 952 милиони долари, што е значително помалку од минатата година, кога неговото богатство се проценуваше на 1,1 милијарда долари. Швајцарскиот бренд „On“, кој потекнува од Цирих, денес важи за еден од препознатливите производители на патики за трчање. Федерер првпат се вклучи во работата на компанијата во 2019 година, преземајќи ја улогата на сосопственик и неформален моден консултант, при што наглиот раст во претходната година се поврзуваше и со специјалната линија на Федерер, „The Roger“. Инаку, кон крајот на својата играчка кариера, Федерер почна да истражува можности за инвестирање, а една „локална“ компанија од Цирих се покажа како една од најпримамливите. Неговата сопруга Мирка носеше патики од овој бренд, кој во тоа време беше фокусиран на обувки за трчање. Компанијата беше основана од Швајцарци, поранешни спортисти, кои сакаа на своите колеги да им понудат соодветна опрема за рекреација и натпреварување. Меѓу основачите е Оливер Бернхард, швајцарскиот „Ајронмен“ (Ironman), кој развиваше сосема нова технологија за производство на спортска опрема, но „Најк“ (Nike) – компанијата со која тој тогаш соработуваше – не сакаше да започне нов проект. Од турнири Роџер Федерер има заработено 130 милиони долари и се наоѓа на третото место на „вечната“ листа, зад Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз; сепак, само прашање на време е кога Алкараз и Јаник Синер ќе го престигнат, едноставно затоа што паричните награди во „нивно време“ се многу повисоки. Од друга страна, Федерер секогаш заработуваше многу пари и надвор од теренот. Имаше неколку силни спонзорски договори, а во 2018 година потпиша и со „Уникло“ (Uniqlo) за сума од 300 милиони долари. Во Азија добро знаеја дека Федерер ќе го помине „половината“ од времетраењето на договорот во пензија, но тоа не им пречеше особено, додека Швајцарецот сакаше да му се „одмазди“ на американскиот гигант „Најк“ по 24 години соработка. Роџер Федерер сè уште има огромни договори со спонзори, но постои голем интерес за соработка со него дури и кај компании што претходно не го спонзорирале. Едноставно кажано, Роџер Федерер е многу привлечен за корпорациите – како поради својата беспрекорна кариера, така и поради начинот на живот по повлекувањето од спортот. Швајцарецот не е поврзуван со скандали, неговото семејство живее мирно, а постојат големи шанси некое од неговите деца да се обиде во светот на тенисот, што би го ставило целото семејство во центарот на вниманието и со тоа би донело профит за компаниите.Тагови: Роџер Федерер тенис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеДржавата планира современо лекување за паркинсон и алцхајмер во МакедонијаНаместо електроди во мозокот да им се вградуваат во Турција, пациентите со Паркинсонова болест наскоро би можеле ваквите операции да ги прават и во Македонија. Државата планира да ја воведе длабоката мозочна стимулација, современа неврохируршка метода за контрола на нарушувањата во движењето, но и нови биолошки терапии за пациенти со Алцхајмерова болест. Методата на мозочна стимулација во светот се применува со децении, но кај нас допрва ќе се обучуваат тимови за нејзино спроведување. Обуката на македонските лекари ќе ја спроведуваат експерти од Клиниката за неврологија во Љубљана. Оттаму сметаат дека воспоставувањето на методата во Македонија нема да биде тежок процес, а за дел од пациентите таа може да значи значително подобар квалитет на живот. Според проценките, во Македонија има околу 24.000 лица со Алцхајмерова болест и други форми на деменција, додека бројот на пациенти со Паркинсонова болест, според министерот за здравство, е околу 5.000. Очекувањата се двете новини во лекувањето да станат достапни во земјава во текот на 2027 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИздаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќаУште 102 страници и апликации кои нелегално приредувале онлјан игри на среќа ќе бидат блокирани за домашните корисници на интернет, информираат од Министерството за дигитална трансформација.Оттаму за Канал 5 велат дека со ова, бројката на блокирани страници од овој тип е 462, а целта е да се спречат измами и нелегално испумпување на пари од граѓаните. Од ресорното министерство велат дека овие страници најчесто ги создаваат лица кои се сопственици сервери надвор од државата и поради тоа велат дека е клучна нивната превентивна реакција. - На тие игри не се знае каде завршуваат нивните податоци, каде завршуваат нивните пари, не се знае ниту дали самата игра е фер за граѓанинот и не постојат механизми за нивна заштита во случај на измама, затоа што ваквите игри најчесто се регистрираат, односно се воспоставуваат во држави каде оваа дејност не е регистрирана, односно каде што нема да подлежат на одговорност. - Мирослав Гроздановски, советник во кабинет на министерот за дигитална трансформација На овие нелегални страници најчесто се организираат игри како покер томболи и други игри на среќа, но граѓаните кога ќе кликнат на нив, сепак добиваат известување дека се дел од нелегална мрежа на игри на среќа, за која согласно новиот закон се предвидени и казни и за нив како учесници, објаснуваат од министерството. Сепак, иако новата законска регулатива е во сила уште од летово, казни во пракса за индивидуалци кои биле дел од вакви игри на среќа засега нема. – И самото учество на граѓаните во ваквите игри на среќа е забрането со новиот закон за игри на среќа – се предвидуваат глоби од 1000 до 2000 евра. Има ли санкциониран граѓанин досега? Досега според нашите информации нема санкциониран граѓанин. - Мирослав Гроздановски, советник во кабинет на министерот за дигитална трансформација Согласно законските измени, единствен приредувач на игри на среќа во државата во онлајн просторот е државна лотарија. Токму лотарија пак доставува список на нелегални страници кои приредуваат игри на среќа, а се лесно достапни за граѓаните. Потоа лотарија му го проследува тој список на Министерството за дигитална трансформација, од каде се издава налог за блокирање на страници, а Агенцијата за електронски медиуми има рок од пет дена го оневозможи пристапот до спорните страници на нашите граѓани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеЧетворица потврдени со морбили, едно бебе завршило во инфективна Бебе под една година завршило на клиниката за инфективни болести, заради добивање на ситни сипаници или морбили. Бебето е во стабилна состојба и е пуштено на домашно лекување. Освен овој пациент уште кај тројца е потврдено дека имаат морбили, странски државнијан, уште едно дете помало од година и 40 годишен маж, сите се невакцинирани, потврди министерот за здравство Клековски. „Инстиутот за јавно здравје ги прави анктите, дали има поврзаност помеѓу случаите со морбили. Засега нема епидемија од морбили, но мора да се внимава и да се применуваат сите препораки и да се вакцинираат децата“, вели Сашо Клековски министер за здравство. Во моментот опфатот до МРП вакцината е под 70%, она што е важно да се вакцинираат сите деца, оние возрасни кои се вакцинирани со една доза. Вирусот е брзо пренослив и оние кои имаат симптоми на црвенило на кожа, зголемена температура да се јават на доктор и да не се мешаат на места каде има луѓе. „Вакцинирајте се, мора да има заштита. На пример децата под една година не се според календарот за вакцинација, а се заразени. И може да имаат компликации“, вели Сашо Клековски министер за здравство. Од 2018 година во Македонија имаше прогласено епидемија на морбили. 1900 луѓе се заразија со сипаниците, а почина четворица заради компликации. Од ИЈЗ апелираат на редовна вакцинација бидејќи станува збор за сипаници кои даваат сериозни последици по здравјето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook