ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од Егејот каде се луксузира на јахтата на својот ментор Заев координира напади и шири дезинформации за водата во Скопје
СДСМ: Мицкоски се враќа од екскурзија - дали ќе го пречекаат со ново знаме или е тоа само уметничка инсталација?
1ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од Егејот каде се луксузира на јахтата на својот ментор Заев координира напади и шири дезинформации за водата во Скопје
2СДСМ: Мицкоски се враќа од екскурзија - дали ќе го пречекаат со ново знаме или е тоа само уметничка инсталација?
Еден сребрен и две бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика во Ташкент, Узбекистан
1Еден сребрен и две бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика во Ташкент, Узбекистан
ЕвропаГолем пожар во Германија, евакуирани околу 1.800 луѓеГерманските власти наредија евакуација на околу 1.800 луѓе рано утринава, откако шумски пожар во западниот дел на земјата се прошири кон село во близина на белгиската граница, пренесува Ројтерс. Во соопштението објавено во 4:00 часот наутро, општинските власти им наложија на жителите на селото Гај (Gey) веднаш да ги напуштат своите домови. Тие беа упатени кон прифатниот центар организиран во основното училиште во блискиот град Страс (Strass) и замолени со себе да ги земат само најнеопходните работи, личните документи и потребните лекови. Во четвртокот, надлежните потврдија дека е започната голема интервенција поради пожар што зафати околу 25 хектари од блиската шума. Пожарникарите и службите за итни интервенции се обидуваат да го стават пожарот под контрола, а патот Б399 во тој дел е затворен за сообраќај. You always see these apocalyptic scenes on the news, but you never, ever think it will be the view from your own balcony.... A massive forest fire has been raging in my small town in Germany since yesterday, and the firefighters are still struggling to get it under control 😔.… pic.twitter.com/LfL7ExBBos — Angelika (@Angelika250193) August 14, 2026 Метеоролозите предупредуваат дека големи делови од Германија се соочуваат со суша и висок ризик од шумски пожари. Европа е континентот што најбрзо се загрева во светот и оваа година се соочува со невообичаено интензивна сезона на пожари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалГалатасарај ја одби понудата од 130 милиони евра за Осимен Според Флоријан Плетенберг, турскиот фудбалски гигант Галатасарај ја одбил понудата вредна 130 милиони евра за Виктор Осимен, поднесена преку посредник кој го застапува Ал-Хилал. Турскиот шампион јасно стави до знаење дека Осимхен не е на продажба и дека немаат намера да започнуваат преговори за негово евентуално заминување. Осимен е 27-годишен нигериски напаѓач кој се прослави во Наполи, освојувајќи ја титулата во италијанското првенство со клубот во 2023 година. Тој долго време важи за еден од најбараните напаѓачи на европскиот пазар и има статус на клучен играч во Галатасарај. Евентуален трансфер вреден 130 милиони евра би бил осми најскап во историјата и најскап надвор од лигите од „големата петорка“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЕден сребрен и две бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика во Ташкент, Узбекистан Од 9-ти до 16-ти август, во Ташкент, Узбекистан, се одржува 38-мата по ред Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ 2026), најпрестижниот светски натпревар за средношколци во областа на алгоритамското програмирање.Овогодишното издание е прво одржување на ИОИ во Узбекистан, а Македонија повторно се претстави со извонредни резултати на највисокото светско ниво. Македонскиот тим го сочинуваат натпреварувачите Дамјан Давков од Штип, Владимир Грчев од Кочани, Никола Стојковски од Скопје и Виктор Максимоски од Гостивар, предводени од тим лидерите д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Во исклучително силна меѓународна конкуренција, Дамјан Давков, освои сребрен медал, додека Владимир Грчев и Никола Стојковски освоија бронзени медали. Виктор Максимоски, пак, освои олимписка пофалба. Учениците кои се дел од македонскиот тим за ИОИ 2026 беа избрани преку целогодишен циклус натпревари, којшто редовно се организира од Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), а оваа година се одржуваше по 37-ми пат. Натпреварите се одржуваат преку системот mendo.mk кој е достапен во текот на целата година за сите заинтересирани натпреварувачи. И годинава, циклусот натпревари беше организиран со поддршка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), како и неколку општествено одговорни компании: Сорсикс, Нетцетера и Семос едукација. Посебно значење има успехот на Дамјан Давков, ученик од Математичко-информатичката гимназија, за кого ова е трет последователен сребрен медал на олимпијада, а во првото од неговите 4 учества освои бронзен медал. Со новиот успех, Давков се издвојува како најуспешниот македонски учесник во историјата на ИОИ, со вкупно четири медали од ова престижно натпреварување. За Владимир Грчев од училиштето Јахја Кемал и Никола Стојковски од Математичко информатичката гимназија ова е прво учество на ИОИ, што нивниот успех го прави особено значаен. Уште при дебито, двајцата успеаја да освојат бронзени медали, а нивниот резултат е силна потврда дека Македонија има нова генерација талентирани млади информатичари способни за врвни меѓународни остварувања. Според изјавата на проф. Јованов: Со овогодишните три медали, од првото учество во 1996 година до сега, Македонија има освоено вкупно 7 сребрени, 26 бронзени медали и 5 олимписки пофалници на ИОИ. Овој биланс претставува исклучително значаен резултат за земја со помалку од два милиони жители и е потврда за континуитетот, квалитетот и нашата посветеност во развојот на младите таленти во информатиката. Особено е значајно што повеќето од одличјата се освоени во последните петнаесет години, а веќе две години по ред сите четири членови од македонскиот тим се враќаат со одличје. Интернационалната олимпијада по информатика е водечки светски натпревар во областа на алгоритамско програмирање, наменет за средношколци, кој секоја година се организира во различна земја-членка на ИОИ заедницата. Станува збор за најпрестижниот настан од ваков вид, на кој учествуваат внимателно селектирани млади таленти од целиот свет. Според официјалните правила на ИОИ, натпреварувачите настапуваат индивидуално во дводневен натпревар, при што секој натпреварувач решава по три алгоритамски задачи во времетраење од пет часа во секој од натпреварувачките денови. Натпреварот ги проверува и унапредува вештините за анализа на проблеми, дизајн на алгоритми и податочни структури, програмирање, тестирање и оптимизација на решенијата. Овогодинешата олимпијада е историска и по обемот на учеството од вкупно 375 натпреварувачи од 92 земји, што ја прави најмасовната ИОИ во историјата, почнувајќи од првата олимпијада одржана во Бугарија во 1989 година. Оваа бројност дополнително ја нагласува тежината на постигнатите резултати на македонскиот тим. Годинава, најуспешен натпреварувач беше претставникот на Кина, Чивун Шу. Следната, 39-та по ред, Интернационална олимпијада по информатика (ИОИ 2027), ќе се одржи идната година во Постдам, Германија. Следен настан пак, кој им претстои на македонските ученици – информатичари, е Балканската олимпијада по информатика (БОИ), која ќе се одржи во Тирана, Албанија, во периодот од 14-ти до 20-ти септември.Тагови: информатика Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСавињо ќе замине во Тотенхем за 100 милиони?!Дали Савињо ќе замине во Тотенхем за 100 милиони?! Роберто Де Ѕерби е на стадионот на Тотенхем. Тотенхем испрати официјална понуда до Манчестер Сити во висина од околу 100 милиони евра за бразилското крило Савињо, пренесува „Глобо Еспорте“. Сепак, раководството на Манчестер Сити одбива да го одобри трансферот сè додека не најде замена. Ексцентричниот 22-годишен бразилски репрезентативец е решен да се пресели во северен Лондон и го зголеми притисокот врз својот актуелен клуб. Савињо го пропушти тренингот во четвртокот, јасно ставајќи до знаење дека сака да го напушти „Етихад“ во потрага по поголема минутажа. Бразилецот смета дека Тотенхем би бил идеално место за продолжување на неговиот развој под водство на Роберто Де Ѕерби. Де Ѕерби веќе спроведе голема реконструкција на тимот, при што беа потрошени повеќе од 269 милиони евра, но смета дека работата сè уште не е завршена и дека му се потребни дополнителни засилувања во нападот. Личните услови меѓу Тотенхем и претставниците на Савињо се главно договорени, па сега сè зависи од одлуката на Манчестер Сити. Во меѓувреме, Сити се обидува да го доведе Енцо Фернандез од Челзи. Веќе е испратена понуда, но таа не ги исполнува барањата на лондонскиот клуб, кој го проценува Аргентинецот на околу 140 милиони евра. Тотенхем разгледува и други опции, меѓу кои е фудбалерот на Ливерпул, Коди Гакпо, кој може да игра и на крилните позиции и како напаѓач. Со понуда од речиси 100 милиони евра на маса и потребата на Сити да обезбеди дополнителни средства за сопствените засилувања, трансферот на Савињо изгледа поблиску до реализација.Тагови: Манчестер сити Тотенхем Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter