3Турција ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД, бронзените ремек-дела од Бубон повторно обединети
ЖивотЕден сребрен и две бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика во Ташкент, Узбекистан Од 9-ти до 16-ти август, во Ташкент, Узбекистан, се одржува 38-мата по ред Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ 2026), најпрестижниот светски натпревар за средношколци во областа на алгоритамското програмирање.Овогодишното издание е прво одржување на ИОИ во Узбекистан, а Македонија повторно се претстави со извонредни резултати на највисокото светско ниво. Македонскиот тим го сочинуваат натпреварувачите Дамјан Давков од Штип, Владимир Грчев од Кочани, Никола Стојковски од Скопје и Виктор Максимоски од Гостивар, предводени од тим лидерите д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Во исклучително силна меѓународна конкуренција, Дамјан Давков, освои сребрен медал, додека Владимир Грчев и Никола Стојковски освоија бронзени медали. Виктор Максимоски, пак, освои олимписка пофалба. Учениците кои се дел од македонскиот тим за ИОИ 2026 беа избрани преку целогодишен циклус натпревари, којшто редовно се организира од Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), а оваа година се одржуваше по 37-ми пат. Натпреварите се одржуваат преку системот mendo.mk кој е достапен во текот на целата година за сите заинтересирани натпреварувачи. И годинава, циклусот натпревари беше организиран со поддршка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), како и неколку општествено одговорни компании: Сорсикс, Нетцетера и Семос едукација. Посебно значење има успехот на Дамјан Давков, ученик од Математичко-информатичката гимназија, за кого ова е трет последователен сребрен медал на олимпијада, а во првото од неговите 4 учества освои бронзен медал. Со новиот успех, Давков се издвојува како најуспешниот македонски учесник во историјата на ИОИ, со вкупно четири медали од ова престижно натпреварување. За Владимир Грчев од училиштето Јахја Кемал и Никола Стојковски од Математичко информатичката гимназија ова е прво учество на ИОИ, што нивниот успех го прави особено значаен. Уште при дебито, двајцата успеаја да освојат бронзени медали, а нивниот резултат е силна потврда дека Македонија има нова генерација талентирани млади информатичари способни за врвни меѓународни остварувања. Според изјавата на проф. Јованов: Со овогодишните три медали, од првото учество во 1996 година до сега, Македонија има освоено вкупно 7 сребрени, 26 бронзени медали и 5 олимписки пофалници на ИОИ. Овој биланс претставува исклучително значаен резултат за земја со помалку од два милиони жители и е потврда за континуитетот, квалитетот и нашата посветеност во развојот на младите таленти во информатиката. Особено е значајно што повеќето од одличјата се освоени во последните петнаесет години, а веќе две години по ред сите четири членови од македонскиот тим се враќаат со одличје. Интернационалната олимпијада по информатика е водечки светски натпревар во областа на алгоритамско програмирање, наменет за средношколци, кој секоја година се организира во различна земја-членка на ИОИ заедницата. Станува збор за најпрестижниот настан од ваков вид, на кој учествуваат внимателно селектирани млади таленти од целиот свет. Според официјалните правила на ИОИ, натпреварувачите настапуваат индивидуално во дводневен натпревар, при што секој натпреварувач решава по три алгоритамски задачи во времетраење од пет часа во секој од натпреварувачките денови. Натпреварот ги проверува и унапредува вештините за анализа на проблеми, дизајн на алгоритми и податочни структури, програмирање, тестирање и оптимизација на решенијата. Овогодинешата олимпијада е историска и по обемот на учеството од вкупно 375 натпреварувачи од 92 земји, што ја прави најмасовната ИОИ во историјата, почнувајќи од првата олимпијада одржана во Бугарија во 1989 година. Оваа бројност дополнително ја нагласува тежината на постигнатите резултати на македонскиот тим. Годинава, најуспешен натпреварувач беше претставникот на Кина, Чивун Шу. Следната, 39-та по ред, Интернационална олимпијада по информатика (ИОИ 2027), ќе се одржи идната година во Постдам, Германија. Следен настан пак, кој им претстои на македонските ученици – информатичари, е Балканската олимпијада по информатика (БОИ), која ќе се одржи во Тирана, Албанија, во периодот од 14-ти до 20-ти септември.Тагови: информатика Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
СветАвион полн со патници добил дојава за бомба, извршил принудно слетувањеАвион што летал од Лондон кон Варшава денес извршил вонредно слетување на аеродромот „Варшава-Модлин“, откако било пријавено присуство на експлозивна направа во леталото. Ова доведе до затворање на аеродромот, соопштија аеродромските власти. Авионот слетал во Модлин во 10:01 часот со 181 лице во него, изјави Адам Шабловски, портпарол на аеродромот „Варшава-Модлин“, пренесува „TVN24“. Тој додаде дека во моментов се очекува пристигнување на екипи за деактивирање експлозивни направи. 🚨🇵🇱🇬🇧 BREAKING: BOMB THREAT FORCES LOT POLISH AIRLINES BOEING 737 MAX 8 TO DIVERT FROM WARSAW CHOPIN AIRPORT, TRIGGERING AN AIRPORT SHUTDOWN. Polish authorities temporarily closed Warsaw Modlin Airport following a reported bomb threat involving a LOT Polish Airlines passenger aircraft arriving from London Heathrow on November 3. ✈️ FLIGHT IDENTIFIED Flight-tracking data from Flightradar24 identifies the aircraft as a Boeing 737 MAX 8, registration SP-LVK, operating flight LO286 from London Heathrow (LHR) to Warsaw Chopin (WAW). The aircraft was diverted to Warsaw Modlin Airport (WMI), where it reportedly landed safely at approximately 10:01 a.m. local time. 181 people were on board. ⚠️ MAJOR SECURITY RESPONSE Emergency services and specialist bomb disposal teams were deployed following the security alert, prompting the temporary suspension of airport operations. Authorities have not confirmed the discovery of an explosive device, and the circumstances surrounding the reported threat remain unclear. — Apex Vanguard (@Apex_Intel24) November 3, 2026 Авионот првично требало да слета на аеродромот „Варшава-Шопен“, но бил пренасочен кон Модлин. Според соопштението од аеродромот, тревога била прогласена во 9:54 часот, откако била пријавена закана за бомба на летот од лондонскиот аеродром „Хитроу“ кон аеродромот „Варшава-Шопен“. Во моментот на слетувањето, во авионот имало 3,7 тони гориво. „По слетувањето, леталото беше упатено кон посебно одредена зона, каде што ќе остане до донесување на натамошни одлуки и добивање упатства од надлежните органи, вклучително и екипите за деактивирање експлозивни направи“, се наведува во соопштението. Dwa alarmy bombowe. B737 MAX SP-LVK @LOTPLAirlines z Heathrow przekierowany do @WMI_Airport, a drugi to A320neo SE-ROG @SAS stojący na drodze kołowania C @ChopinAirport https://t.co/F4zWy7qhBa — Piotr Bożyk (@PiotrBozyk) November 3, 2026 Аеродромот „Варшава-Модлин“ останува затворен до понатамошно известување, додека властите ја истражуваат пријавената закана и преземаат мерки за да се осигура безбедноста на сите присутни на аеродромот. „Безбедноста на патниците, екипажот и аеродромскиот персонал во моментов е приоритет“, се вели во соопштението, при што се додава дека информациите за евентуални промени во ситуацијата и за повторното воспоставување на воздушниот сообраќај ќе бидат објавени дополнително.Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: 50 години Општина Центар, половина век историја, развој и визија за иднинатаОпштина Центар денеска одбележува 50 години од своето постоење. Јубилејот е повод да се потсетиме на нејзиниот развој, но и да ги истакнеме промените и резултатите со кои Центар продолжува да се развива како современо урбано јадро на Скопје.„Среќен сум и горд што токму во мојот градоначалнички мандат го одбележуваме овој голем јубилеј. Центар има богато минато, силен урбан дух и голема иднина што заедно ја градиме. Во изминатите пет години работевме општината да биде посовремена, подостапна, потранспарентна и поблиску до секој граѓанин. Општина во која секој е добредојден, секој глас се слуша и секој денар се вложува одговорно“, истакнува градоначалникот Горан Герасимовски. Во мандатот на Герасимовски се реализираа низа значајни проекти во образованието, детската заштита, спортот, инфраструктурата и услугите за граѓаните. Изградена е градинката „Пролет“, со капацитет за 173 деца, обновена е спортската сала „Работнички“, реконструирани се улици, доградени училишта и подобрени условите за образование и престој на најмладите. Паралелно, општината инвестира во зелената и енергетската трансформација, обновливите извори на енергија, нови паркови и зелени површини, како и во програми за поддршка на учениците, младите, повозрасните и лицата со попреченост. „Секој проект има своја приказна, но сите имаат иста цел – подобар Центар за сите генерации. Особено ми значи довербата што граѓаните ми ја дадоа за втор мандат. Тоа е обврска да продолжиме уште посилно, со нови идеи, амбициозни проекти и конкретни резултати. Верувам дека најголемата вредност на една општина се луѓето и условите што им ги создава за живот“, додава Герасимовски. Центар останува општина со силен урбан идентитет, препознатлива по својата динамика, културно наследство и континуирани вложувања во современи урбани решенија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Продолжуваат градежните активности за изградба на новиот мост преку реката Луда МараСо засилено темпо продолжуваат градежните активности за изградба на новиот мост преку реката Луда Мара во село Марена.Проектот е во напредна фаза на реализација, а градежните работи на терен се одвиваат со континуиран напредок. Инвестицијата е во вредност од 12 милиони денари, обезбедени преку финансиска поддршка од Министерството за транспорт. ➡️ Новиот мост ќе располага со: ✔️ Две коловозни ленти ✔️ Тротоари од двете страни ✔️ Вкупна ширина од 8,5 метри Со реализацијата на овој значаен инфраструктурен проект ќе се овозможи побезбедно и поефикасно одвивање на сообраќајот, подобра поврзаност и современи услови за сите учесници во сообраќајот. Продолжуваме со инвестиции во модерна и безбедна патна инфраструктура, за подобар квалитет на живот на сите граѓани!- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter