Претседателот на Ла Лига ги понизи Флорентино Перез и Реал Мадрид: Јас не сум сопственик на натпреварувањето, но...
1Претседателот на Ла Лига ги понизи Флорентино Перез и Реал Мадрид: Јас не сум сопственик на натпреварувањето, но...
3Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
МакедонијаСДСМ: Мицкоски се враќа од екскурзија - дали ќе го пречекаат со ново знаме или е тоа само уметничка инсталација?Денеска се враќа Христијан Мицкоски од бриселската екскурзија.Прашањето е само едно: Дали ќе го пречекаат со ново знаме? И уште поважно - каква боја добил? Дали поцрвенел од Брисел? Или само се испекол на сонце додека Гостивар сè уште користи техничка вода, без ниту еден документ дека е чиста дури и за тоа? Ќе видиме дали Францускиот предлог конечно ќе го прифати како „ремек-дело на дипломатијата“, исто како што го прифати и Преспанскиот. Ќе видиме дали конечно ќе признае дека јазикот, културата и националниот идентитет се апсолвирани - како што веќе кажа претседателката. Ќе видиме дали НАТО сè уште му е „феноменален“ сојуз и за граѓаните, и за инвеститорите. Штета што ги избрка повеќе од 60%. Во кампањата ветуваше „подобра преговарачка позиција“. Ветуваше нови гаранции. Ветуваше дека ќе го смени името. Ветуваше дека никогаш нема да застане пред натпис „Северна“. Денес нема ништо од тоа. Има само „тајни разговори под радарот“. Има „промакедонска“ партија во која функционери и нивните семејства имаат бугарски пасоши и фирми. Што те чека, Христијане? Те чека кампања по урнек на Ванчо Михајлов - „талог“. Те чека да му се јавуваш на Савевски и да почнеш со закани за апсење. Те чекаат српските медиуми на Ало групата. Те чека Ивона за Вучиќевиот Euronews. Тоа се убавите работи што ги сакаш. Но има и други. Те чека празен буџет. Те чекаат плати и пензии. Те чека Гостивар - цел месец. Три цистерни вода за цел град. Епидемија на жолтица. Eпидемијс на Западнонилска треска. Орце ќе прска прорив комарци дури во вторник - изгледа и тие што прскаат се на екскурзија. Те чека отруена болница. Пациенти во Тетово. Ајде, почни. Закани наместо решенија. Лаги наместо одговорност. Можеби и ова ќе го забраните со нов декрет - како оној за мигранти, по урнек на Хитлер. Да не смее никој да спомене вода, треска, пациенти… Добредојде назад, Христијане. Граѓаните те чекаат. И овојпат нема каде да избегаш. Скопје, 14.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРаботник загина на еден од најпознатите италијански споменициИталијанското Министерство за култура потврди дека вчеравечер еден работник загинал во римскиот Колосеум.Поради несреќата, дел од споменикот денес е затворен за посетители. Дваесет и двегодишен техничар загинал откако паднал од височина од околу десет метри. Несреќата се случила додека тој поставувал нов систем за осветлување во античкиот амфитеатар, пренесува Ројтерс. Реакција од властите и управата на паркот „Ова е трагичен настан што нè потресе и нè вознемири“, изјави италијанскиот министер за култура, Алесандро Џули. Управата на Археолошкиот парк Колосеум соопшти дека, во знак на жалост, ќе затвори дел од второто ниво каде што се случила несреќата. Изграден пред 2.000 години, Колосеумот бил најголемиот амфитеатар на Римската Империја и останува една од главните туристички атракции во Рим. Синдикатот бара целосно затворање Најголемиот италијански синдикат, „CGIL“, се спротивстави на одлуката за делумно затворање на локалитетот, тврдејќи дека целиот споменик требало да биде затворен за тој ден. „Очекуваме министерот Џули да ги разјасни околностите на несреќата и да нареди целосно затворање на Колосеумот“, изјави Натале ди Кола, генерален секретар на огранокот на „CGIL“ во Рим. „Човечкиот живот е пред туристите“, додаде тој. Извор: Индекс.хрТагови: загинат работник Колосеум Рим Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре ќе биде сончево со температура до 25 степени, дожд во петок кон сабота Утре наутро времето ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 7 Попова Шапка, 13 Крушево, 17 Маврови Анови, Претор, Берово, 18 Прилеп, Крива Паланка, Битола, 19 Охрид, 20 Тетово, Виница, 21 Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, 22 Скопје Петровец, Велес, 23 Демир Капија, 24 Струмица, 25 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше променливо облачно со сончеви преиоди. Дуваше умерен до засилен северен ветер. До крајот на денот ќе биде стабилно со умерена локална облачност. ВРЕМЕТО УТРЕ Утрото ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 23 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на циклонска активност во петок попладне и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50
СветСе сретнаа Рубио и Лавров Американскиот државен секретар и шеф на дипломатијата Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се сретнаа денеска во Њујорк на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.Разговорите започнаа без прес-конференција и продолжија зад затворени врати. Лавров и Рубио последен пат се сретнаа пред точно два месеци, на 22 јули, на маргините на состаноците поврзани со АСЕАН во Манила. Се очекуваше разговорите да ги опфатат билатералните односи, како и напорите за завршување на војната во Украина, по средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со украинскиот претседател Володимир Зеленски. По вчерашната средба со Трамп , Зеленски рече дека Украина е подготвена за „енергетско примирје“. „Подготвени сме за енергетско примирје ако Русите не ја нападнат нашата енергетска инфраструктура“, рече тој, додека американскиот претседател е уверен дека Русија и Украина ќе постигнат договор за завршување на војната.Тагови: Марко Рубио Сергеј Лавров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter