Инсекти се одобрени за исхрана во земјите- членки на ЕУ

Земјите-членки на ЕУ постигнаа договор дека ларвите од брашнарка може да бидат етикетирани како „иновативна храна“ што е безбедна за јадење, објави Европската комисија.

Договорот значи дека ЕУ наскоро ќе донесе закон со кој ќе се дозволи потрошувачка на јадења со дехидрирана голема жолта брашнарка или неговите ларви (Tenebrio molitor).

„Употребата на инсекти како алтернативен извор на протеини не е ново и редовно се јаде во многу делови на светот“, соопшти Комисијата.

Големата жолта брашнарка ќе треба јасно да биде обележана како такво кога се користи во прехранбените производи, особено за да се предупредат луѓето кои можат да бидат алергични.

Инсектите може да се користат за хамбургери, протеински шејкови и бисквити.

Комисијата наведува дека во моментов има уште 11 барања за употреба на инсекти за „нова храна“ во ЕУ и ќе бидат разгледани од Европскиот орган за безбедност на храната (ЕФСА).

Одлуката за жолтата брашнарка формално ќе биде донесена во следните недели, соопшти Комисијата.

Посочувајќи дека ова е прв пат некој инсект да биде одобрен за храна во ЕУ, Комисијата забележува дека инсектите може порано да биле консумирани во некои земји-членки.

Но, тоа било пред ревизијата на Европската регулатива за нова храна во 2018 година, која предвидува дека целосните инсекти мора да бидат одобрени за употреба како храна.

Научниците со години истакнуваа дека големата жолта брашнарка е нутритивно многу вредна, има многу протеини и здрави масти.

Ларвите можат брзо да се одгледуваат на подлоги како пекарски квасец, пченични трици, пченкарен скроб и брашно од компир.

Тие веќе долго време се наоѓаат на пазарите во земјите од Југоисточна Азија.

ВМРО ДПМНЕ е за нов Клинички центар кој би се градел наспроти ,, Жан Митрев Клиника“

Многу е едноставно, ВМРО-ДПМНЕ е за нов Клинички центар, но само со изготвен проект, а не со физибилити студија од 35 страни.

Филипче треба да изработи проект, а потоа со истиот да бара пари, односно заем за реализација на вака сериозен капитален проект. Сега Филипче сака да се изгласа закон за заем од 503 милиони евра за проект кој е само во неговата глава, се наведува во соопштението од ВМРО ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ има многу јасен предлог. Предлогот е, комплетно реновирање на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ кое би чинело околу 100 милиони евра како и изградба на ургентен клинички центар кој би бил наспроти „Жан Митрев Клиника“ и со кој би се поврзале Поликлиниката „Букурешт“ и ГОБ „8-ми Септември“. Освен ова решение, треба да се изградат уште три универзитетски клинички болници во Тетово, Штип и Битола кои би чинеле по десетина милиони евра, се наведува во соопштението на ВМРО ДПМНЕ

СЗО ја одобри кинеската вакцина „Синофарм“ за итна употреба

Светската здравствена организација ја одобри за итна употреба вакцината против Ковид-19 на кинескиот производител Синофарм.

Вакцината, една од двете кинески вакцини што веќе се дадени на стотици милиони луѓе во Кина и во странство, е исто така и првата вакцина против коронавирус одобрена од СЗО, која не е развиена на Запад.

Исто така, СЗО за првпат одобри за итна употреба на кинеска вакцина против заразна болест.

Фактот дека вакцината на Синофарм е на списокот на СЗО на итни вакцини е сигнал до националните регулатори дека е ефикасна и безбедна и ќе овозможи да се вклучи во системот Ковакс, глобална програма за сиромашните земји.

СЗО досега одобри итна употреба на вакцините против Ковид-19 кои ги развија Фајзер/Бионтек, Астра Зенека, Џонсон и Џонсон и Модерна.

Бочварски: На семејството на Верица ќе му биде доделен стан во Струмица

Министерот за транспорт и врски ,Благоја Бочаварски анјави на ФБ дека на семејството на трагично загинатата Верица , чии органи беа дадени за транпалнтација , ќе му биде доделен стан.

„Имајќи ја во предвид бескрајната хуманост на семејството Белчовски чија ќерка Верица трагично загина во сообраќајна несреќа, а нејзините органи беа донирани, како скромно оддолжување кон ова семејство, денеска на седница на Комисијата за станбени прашања при Владата со која претседавам, едногласно одлучивме да им биде доделен на користење стан во општина Струмица.

Семејството Белчовски ги поместија вредностите во општеството, а граѓаните на Македонија бескрајно им се благодарни за највисокиот чин на хуманост.“, напиша Бочварски на ФБ

притисни ентер