Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава
МАНУ ја промовираше книгата на акад. Таки Фити „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“
1Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава
2МАНУ ја промовираше книгата на акад. Таки Фити „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“
Шоу бизИма 50 години и важи за една од најубавите жени со најхармоничен брак на светотНа децата им забранува да користат социјални мрежи, а таа и сопругот се прави гулапчиња...Пенелопе Круз и Хавиер Бардем имаат јасен став во врска со децата и Интернетот. Пенелопе Круз, која наполни 50 години, сè уште важи за една од најубавите актерки на сите времиња. Актерската кариера ја започна како тинејџерка, а на снимањето на нејзиниот прв филм го запознала својот иден сопруг Хавиер Бардем. Нивната љубовна приказна започнала за време на снимањето на филмот „Jamon, jamon“ (Шунка, шунка) во 1992 година, кога Пенелопе имала само 16 години и ја играла својата прва улога, додека Хавиер ѝ бил првиот филмски партнер. Откако наполнила 20 години, Пенелопе се преселила во Њујорк да студира англиски и балет, додека Хавиер тогаш бил во врски со познати личности. Во тоа време, се случи и познатиот однос помеѓу Пенелопе со Том Круз. Професионалното патување повторно ги спои Хавиер и Пенелопе кога режисерот Вуди Ален ги покани да играат во филмот „Вики Кристина Барселона“. Оваа соработка доведе до нивната романтична врска која заврши со брак. Иако многумина очекуваа раскошна венчавка, парот се одлучи за скромна церемонија на Бахамите во домот на Џони Деп. Хавиер претходно изјави: - Животот се промени. Ние созреавме. Сега сме семејство и тоа е приоритет. Фикцијата и реалноста се различни приказни. Покрај актерската кариера, Пенелопе стана заштитно лице на разни модни брендови меѓу кои и Шанел, благодарение на нејзиниот изглед. Како родители, Хавиер и Пенелопе поставија строги правила за своите деца, ќерката Луна (7) и синот Леон (10), кои нема да ги користат социјалните мрежи до нивната 16-годишна возраст, поради грижата за нивниот развој и благосостојба. Сега тие беа видени заедно во јавноста, а тоа е глетка на која ретко можеме да посведочиме. Оваа година парот беше номиниран за престижната филмска награда Оскар - Хавиер за улогата на Деси Арназ во филмот „Being the Ricardos“ (Да се виде Рикардо), а Пенелопе за улогата на Јанис во филмот „Madres Paralelas“ ( Паралелни мајки) на Педро Алмодовар. Javier Bardem and Penelope Cruz in Jamón Jamón, 1992. pic.twitter.com/gcMjyYy1i5 — cinesthetic. (@TheCinesthetic) July 31, 2024 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЛошо второ полувреме за нов пораз на најдобрите фудбалери во Лигата на нации Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија и покрај осумте нови фудбалери во однос на лошата премиера против Швајцарија, синоќа го доживеа и вториот пораз во новото издание на Лигата на нации. На гостувањето во Љубљана по лошото второ полувреме, Словенија славеше со 2-0 . Избраниците на Гоце Седлоски имаа рамноправно прво полувреме, но повторно останаа без реализација. Словенците го скршија нашиот отпор во вториот дел, постигнаа два гола и стигнаа до победа и три бода. Седлоски направи дури осум промениво стартниот состав во однос на дуелот со Швајцарија. Македонија добро се постави на теренот и во најголемиот дел од првото полувреме успеваше да му парира на домаќинот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјаваВршителот на должноста шеф во амбасадата на Македонија во Софија вчера бил повикан во министерството за надворешни работи на Бугарија откако на пратеник во бугараскиот парламент не му бил дозволен влез во земјава.Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на бугарското МНР, пишува дека на пратеникот и претседател на парламентарниот комитет за бугарите во странство, Ангел Георгиев на 27 септември не му било дозволено да влезе во Македонија. Според наведеното, Георгиев како член на бугарска парламентарна делегација требало да присуствува на рочиште од судскиот процес што во Основниот суд во Кочани се води против Ива Михаилова, закажано за следниот ден . За време на средбата, бугарското министерство за надворешни работи побарало објаснување за причините за одбивањето на надлежните македонски власти да дозволат пратеникот да ја премине границата, особено имајќи го предвид тоа што Георгиев во претходните месеци непречено влегувал во Македонија за истата цел. Од бугарското МНР велат дека јасно изјавиле оти преземените дејствија од македонска страна ги сметаат за провокативни. Инаку, на Ива Михаилова ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи минатата година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМАНУ ја промовираше книгата на акад. Таки Фити „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“На 29 септември 2026 година, во Свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите, се одржа промоција на книгата на акад. Таки Фити, со наслов „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“.Книгата претставува опстојна студија за неолибералните економски модели што доминираат во современиот свет, со посебен фокус врз факторите што го детерминираа подемот на неолибералната економска филозофија, причините за нејзината криза и новите економско-филозофски размисли за изградба на прогресивно и поправедно општество. Во книгата, во посебна глава е даден опсежен осврт на карактеристиките на македонскиот економски модел и на основните сегменти во кои тој отстапува од стандардите на економските модели на развиените земји, како и на можните пристапи за разрешување на проблемите. На промоцијата, на присутните им се обрати акад. Владо Камбовски, уредник на изданието, а за содржината на книгата и за препораките што произлегуваат од неа говореше проф. д-р Владимир Филиповски од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, од Економскиот факултет во Скопје. На крајот на настанот, свое обраќање одржа и авторот на книгата, акад. Таки Фити.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter