СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“
2СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“
Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
1Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
1Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
3Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип – вакцинацијата е најдобра мерка за превенција на ова заболување
МакедонијаИдниот месец раст на пензиите според законската формула, висината на зголемувањето сè уште непознатаПо двете линерани покачувања од 1000 денари во септември лани и март годинава – пензиите идниот месец ќе се усогласт процентуално согласно важечкиот закон, вели во изјава за Канал 5 министерот за социјална политика, демографија и млади.По двете линерани покачувања од 1000 денари во септември лани и март годинава – пензиите идниот месец ќе се усогласт процентуално согласно важечкиот закон, вели во изјава за Канал 5 министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски. Колку ќе изнесува покачувањето засега остнаува непознато. Ресорниот министер вели пресемтката ќе се прави по позната формула утврдена со закон и тоа 50 проценти од трошоците за живот и 50 проценти од порастот на просечната исплатена плата во земјава. „Ќе се исплати оној процентуалниот износ на пензиите односно 50 % трошоци за живот и 50 % од порастот на просечната исплатена плата во земјава на сите вработени тој ќе се применува бидејќи е важчки закон и немаме промена во тој член 37... “ - Ѓоко Велковски – министер за социјална политика, демографија и млади. Откако во јавноста се отвори прашањето за евентуално укинување на вториот пензиски столб, ресорниот министер вели во моментов во државава има важечки закон, но се прават анализи кои генерално се насочени кан тоа како функционира целиот пензиски систем во земјава и откако ќе завршат ќе се знае дали и во која насока би имало промени во системот. „Ние во овој момент како што спомнав ги праиме анализите кои ги прават ММФ и Светска банка. Кога ќе се комплетира целата анализа ќе даде и она дали вториот пензиски систем како што е поставен пред 20 години треба да претрпи измени или не. Така да ќе ги почекмае аналзиите за да може и ова прашање да го разрешиме....“ - Ѓоко Велковски – министер за социјална политика, демографија и млади. Инаку во Македонија во моментов има околу 348.000 корисници на пензија... пред неколку дена на брифинг со новинарите од асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови посочија дека во моемнтов е рано да се почувствуваат придобивките од вториот столб, но според нив национализација на средствата не е решение кое на долг рок ќе има ефект. Доколку евентуално велат се случи такво нешто штетата ќе биде огромна,а решениерот според нив ќе биде краткорочно... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСмени и тврдења за притисоци во српската полиција по заплената на пет тoни марихуана од МакедонијаСе отвора ли нов скандал во Србија по веста објавена во српските мкедиуми за смени и притисоци врз полицајците кои на почетокот од годинава во близина на Крушевац открија рекордна пратка од пет тони марихуана шверцувана од Македонија?Летово српското обвинителство поднесе обвние протиув шест лица повзрани со случајот. Кај нас досега со истрагатакоја се уште трае опфатени се десеттина лица. Од ОЈО ГОКК за Канал 5 велат дека последните случувања во Србија немаат влијание за проширување на истрагата.. „По предметот за организираниот транспорт на пет тони марихуана од Македонија во Србија се преземаат истражни дејствија. Се очекува наскоро да биде донесена соодветна јавнообвинителска одлука.“, велат од ОЈО ГОКК. Претходно на 17 авггуст годинава, Обвинителството соопшти дека истрага е проширена за уште седум лица, со што во постапката беа опфатени вкупно тринаесет осомничени. Двајца од нив веќе ја признаа вината и врз основа на спогодби со Обвинителството, на 10 август беа осудени на три години и шест месеци, односно три години и осум месеци затвор. Постапката продолжува за преостанатите единаесет осомничени, меѓу кои е и Предраг Брковиќ, сосопственик на скопската компанија „Алфафарм“, кој според Обвинителството учествувал во организирањето на транспортот на дрогата. Во однос на случајот со притисоци врз српски полицајци поврзани со запленетата марихуана, истражувачкиот портал „КРИК“ објавува дека 15 раководители на Службата за борба против дрога биле сменети од функциите и прераспределени на други работни места по рекордната заплена на дрогата. Тринаесет полицајци во писмо до српскиот премиер Ѓуро Мацут испратено вчера тврдат дека веднаш по акцијата започнале смени и притисоци врз нив и нивните семејства. Побарале средба со премиерот, но според порталот, до објавувањето на истражувањето не добиле одговор. Инаку, шверцот на дрогата беше откриена на 29 јануари годинава во Коњух кај Крушевац, на имот на локален функционер на владејачката Српска напредна партија. Тогаш српските полицајци пронашче документација од македонската компанија „Алфафарм“, по што сознанијата им биле доставени на македонските истражни органи. На почетокот на февруари следуваше голема полициска акција во Македонија, во која од повеќе компании беа запленети над 40 тони марихуана и биомаса. Според досегашните наоди на Обвинителство, криминалната група во најмалку пет наврати транспортирала големи количини на марихуана преку граничниот премин Табановце, прикриена во камиони со друга декларирана стока. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
МакедонијаСДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“Александар Николовски најави 50.000 нови „економски работници“ годишно.Мицкоски ја дуплираше бројката, рече над 100.000, па дури направи им кажа на граѓаните или многудетни семејства или мигранти, односно „економски работници“. Два дена по најавата на Николовски и еден ден по најавата на Мицкоски гледаме одлука на Уставниот суд со која се отфрла иницијативата на СДСМ за неуставната Резолуција со која и се забранува на опозицијата да говори за мигранти, односно за „економски работници“. После контролирано правосудство, телефонски обвинители, судии во судски совет под контрола на Мицкоски, насоки од Собраниска говорница и од телевизија како да работат. Дали е потребно дополнително објаснување? СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжи судењето за „Државна Лотарија“Управниот одбор на Државна лотарија не донесе одлука за набавка на ВЛТ апарати во Државна лотарија, иако таквата набавка беше наведена во годишните планови за работа, рече пред судот Христа Ајданов, член на управниот одбор во Лотарија.Управниот одбор на Државна лотарија не донесе одлука за набавка на ВЛТ апарати во Државна лотарија, иако таквата набавка беше наведена во годишните планови за работа, рече пред судот Христа Ајданов, член на управниот одбор во лотарија од 2017 до 2024 година, за време на денешното рочиште за милионски злоупотреби во Државна лотарија. Според Ајданов, разговори за набавка на ВЛТ апарати за државна лотарија имало и уште пред Перпарим Бајрами да биде директор на ова друштво, но рече и дека како што памети, таква одлука на управниот одбор сепак не била донесена. -Колку што мене ми е познато, Управниот одбор не донесе никаква одлука за оваа набавка. Дека ВЛТ апарати треба да се набават, во претпријатието се зборуваше и пред Перпарим да биде директор, но неговата претходничка сепак изразуваше резерва по тоа прашање,- - сведок Христа Ајданов. Одбраната на првообвинетиот пак, Перпарим Бајрами, тврди дека сведокот изразил сомнеж за набавката на ВЛТ апарати, не бил дециден дека управниот одбор нема донесено таква одлука, но потенцира и дека на крај, независно од неговото сведочење, управниот одбор донел одлуки за јавни набавки на ВЛТ апарати. -Сведокот и рече дека не е сигурен и не се сеќава дека таква одлука и матријали за таква одлука биле доставени и донесени. Тоа што тој не се сеќава е една работа. Но, сите тие се потврдени со оние одлуки кои тие ги донеле при донесувањето на финансиските планови. Исто така, планот за јавни набавки е нешто што го донесува управниот одбор и исто така се донесени одлуки и во тој дел,- изјави Еленко Миланов, адвокат на првообвинетиот. Токму набавката на ВЛТ апаратите е предмет на обвинение во овој случај, каде покрај Бајрами, второобвинет е и поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој неодамна излезе од куќен притвор. Случајот со сомнителни набавки на ВЛТ апарати за државна лотарија во вредност од 9,7 милиони евра со испитување на сведоци на обвинителството ќе продолжи на 30 октомври Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook