Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
1Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
1Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
3Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип – вакцинацијата е најдобра мерка за превенција на ова заболување
ЕкономијаЌе има ли ново поскапување на парното и на струјата по нова година?Ќе донесат ли новите барања на енергетските компании повисоки сметки за граѓаните? МЕПСО бара речиси двојно повисока тарифа од околу 98 проценти за пренос на електрична енергија, додека компаниите што произведуваат, дистрибуираат и снабдуваат со парно бараат промена на одобрените приходи и цената на топлинската енергија. Од РКЕ потврдуваат дека барањата се пристигнати и дека во тек е нивна анализа. МЕПСО бара тарифата за пренос на струја да се зголеми од 0,3018 на 0,5966 денари за киловат-час, што е раст од околу 98 проценти. Но, тоа не значи дека и крајните сметки за струја ќе бидат повисоки за истиот процент. Од МЕПСО побаравме да објаснат кои трошоци го наметнуваат бараното зголемување, но до почетокот на вестите не добивме одговор. Неизвесна е и цената по која ЕСМ ќе ја понуди струјата за 2027 година. Од компанијата за Канал 5 велат дека сè уште ги анализираат трошоците и проекциите за производството. До крајот на октомври пресметките треба да бидат доставени до Владата, која ќе ја утврди регулираната цена со која ЕСМ ќе конкурира на тендерот на ЕВН Хоум за покривање до 70 проценти од потребите на универзалниот снабдувач. За преостанатите 30 проценти, ЕСМ дополнително ќе одлучи по која цена ќе ја понуди струјата. Притисок врз трошоците има и кај парното. ЕСМ посочува дека цената на природниот гас е еден од клучните фактори за производството на топлинска енергија, во октомври цената на гасот на EEX(TTF) берзата пораснала за околу 60 проценти во однос на цената одобрена од РКЕ. „Цената на природниот гас на eex(ttf) берзата порасна за околу 60% во однос на одобрената цена, прогнозираниот тренд на раст на цената на природниот гас за повеќе од 60% за оваа грејна сезона претставува значаен фактор што влијае врз трошоците за производство на топлинска енергија.“– ЕСМ. РКЕ треба да ги анализира пријавените трошоци и да оцени кои се оправдани пред да ги утврди тарифите за топлинската енергија. Засега нема потврден процент на поскапување на парното, ниту конечна одлука за цената на струјата. Колкав товар ќе понесат домаќинствата, ќе зависи од одлуките што допрва треба да ги донесат надлежните. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМП: Силна поддршка од Грција за европската интеграција и реформите во правосудствотоГрција дава силна поддршка на нашата држава на патот кон членство во Европската Унија. Ова беше потврдено на средбата меѓу министерот за правда, Јетон Шасивари, и новиот амбасадор на Грција, Јоанис Малукос, на која беше нагласена важноста на европската перспектива и натамошното продлабочување на билатералната соработка. На средбата, грчката страна изрази подготвеност за безрезервна поддршка на реформите во правосудството, преку споделување искуства, обезбедување експертска помош и зајакнување на соработката меѓу надлежните институции. Министерот Шасивари изрази благодарност за силната и континуирана поддршка од Грција, истакнувајќи дека реформите во правосудството, зајакнувањето на владеењето на правото и усогласувањето со европските стандарди остануваат меѓу клучните приоритети на Министерството за правда. Двајцата соговорници ја потврдија заедничката заложба за унапредување на соработката и за конкретна поддршка на реформските процеси што се од суштинско значење за европската иднина на нашата држава. Министерство за правдаТагови: Министерство за правда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
МакедонијаРеформа на државната управа: Помалку бирократија, повеќе услуги за граѓанитеЗавршува времето на институционално самоволие и неконтролирано буџетско трошење, изјави министерот за јавна администрација Горан Минчев, на јавната дискусија за нацрт законот за организација и работа на органите на државната управа. Тврди дека во иднина ќе се воспостави ред со предвидената рационализација и ќе се стави крај на формирање на непотребни паралелни агенции, дирекции и комисии кои не одговараат пред никого, а се производ на партиски договори по политичките кризи од минатото. -Суштината на оваа реформа не е во тоа колку органи ќе има државата, туку дали секој од нив има оправдана причина да постои, јасно утврдена надлежност и капацитет да ја извршува. Не станува збор за реорганизација на сите институции во јавниот сектор, туку за воспоставување јасни правила за органите на државната управа - правила кои пред се ќе ја поврзат функцијата со одговорноста и овластувањето со законската граница,- Горан Минчев – министер за јавна администрација. Нацрт законот е ставен на ЕНЕР и е испратен до координаторите на пратеничките групи во Собранието, а пред да биде испратена финалната верзија ќе има и јавна расправа во Комисијата за политички систем. Овој закон е дел од реформската агенда и за негово усвојување е потребно двотретинско мнозинство. Инаку пред неколку дена беа изгласани законите за административни службеници, а во процедура се уште неколку други кои треба да донесат помала, попрофесионална и дигитализирана администрација. Од 1 октомври стапи на сила и законот за висока раководна служба, со кој позицијата В.Д. директор се ограничи на шест месеци, а управните одбори се намалени на три члена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНа 25 октомври 2026 започнува зимското сметање на времетоЛетното сметање на времето започна на 29 март 2026 година, а зимското сметање на времето започнува на 25 октомври 2026 година во 03:00 часот, со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, односно времето од 03:00 часот се смета какоМинистерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека Владата на Република Македонија донесе Одлука за утврдување на почетокот и завршувањето на летното сметање на времето во 2026 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 58 од 19 март 2026 година. Согласно донесената Одлука, летното сметање на времето започна на 29 март 2026 година, а зимското сметање на времето започнува на 25 октомври 2026 година во 03:00 часот, со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, односно времето од 03:00 часот се смета како 02:00 часот. Донесувањето на оваа Одлука е во согласност со утврдената годишна практика за регулирање на сметањето на времето, како и со обврските за усогласување со европската регулатива во оваа област. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: зимско сметање на времето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter