И утре променливо облачно и сончево време со температура до 32 степени - Канал 5

И утре променливо облачно и сончево време со температура до 32 степени

Утре ќе биде сончево и топло време со мала до умерена облачност и температура до 32 степени. 

И утре променливо облачно и сончево време со температура до 32 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС)

16 Попова Шапка, 20 Крушево, 21 Маврови Анови, 22 Лазарополе, 24 Охрид, Претор, 25 Берово, Битола, Прилеп, 27 Крива Паланка, 28 Тетово, 29 Штип, Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Виница, 30 Кавадарци, Скопје-Петровец, Велес, 31 Демир Капија, Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Дуваше слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. До крајот на денот ќе се задржи променливо облачно време со услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер во јужните делови.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До крајот на оваа седмица ќе се задржи претпладне променливо облачно време со сончеви периоди, а во попладневнте часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 40 km/h). Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град, соопштуваат од УХМР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пожар во Германија, евакуирани околу 1.800 луѓе

Германските власти наредија евакуација на околу 1.800 луѓе рано утринава, откако шумски пожар во западниот дел на земјата се прошири кон село во близина на белгиската граница, пренесува Ројтерс.

Голем пожар во Германија, евакуирани околу 1.800 луѓе

Во соопштението објавено во 4:00 часот наутро, општинските власти им наложија на жителите на селото Гај (Gey) веднаш да ги напуштат своите домови.

Тие беа упатени кон прифатниот центар организиран во основното училиште во блискиот град Страс (Strass) и замолени со себе да ги земат само најнеопходните работи, личните документи и потребните лекови.

Во четвртокот, надлежните потврдија дека е започната голема интервенција поради пожар што зафати околу 25 хектари од блиската шума. Пожарникарите и службите за итни интервенции се обидуваат да го стават пожарот под контрола, а патот Б399 во тој дел е затворен за сообраќај.

Метеоролозите предупредуваат дека големи делови од Германија се соочуваат со суша и висок ризик од шумски пожари. Европа е континентот што најбрзо се загрева во светот и оваа година се соочува со невообичаено интензивна сезона на пожари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

14 хоспитализирани, а изгорени се куќи и автомобили во Хрватска кај Омиш

Хрватското крајбрежје кај градот Омиш се соочува со пожари.

14 хоспитализирани, а изгорени се куќи и автомобили во Хрватска кај Омиш

36 лица биле примени во сплитската болница ,а 14 лица се хоспитализирани, изгорени се куќи и автомобили.

Пожарот што избувна во Локва Рогозница синоќа се прошири и во градот Омиш.

Неколку стотици луѓе се евакуирани, а за жал повредени се и локални жители и пожарникари. Информации пристигнуваат и од терен за изгорени куќи и автомобили. Пристигнуваат и канадери за да им помогнат на исцрпените противпожарни екипи.изгорената површина се проценува помеѓу 900 и 1000 хектари.

Во текот на ноќта, пожарот, носен од силни ветрови, се проширил сè до Омиш.

Во еден момент, пожарот се приближил на 50 метри од центарот на градот. Некои делови од градот останале и без електрична енергија.

Нема информации дали има македонски граѓани затеканати во градот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од денеска се очекува укинување на забраната за пиење вода во Гостивар

Гостиварци извесно е дека од денеска ќе имаат безбедна  вода од градскиот водовод. Третото тестирање на водата, по претходните две задоволителни лабораториски анализи, покажувало значително подобрување на физичко-хемиските и микробиолошките пар

Од денеска се очекува укинување на забраната за пиење вода во Гостивар

Од локалниот кризен штаб за Канал 5 вчера потврдија дека до примероците земени вчера се добри и доколку резултатите ја потврдат исправноста на водата, се очекува денеска да биде укината забраната за нејзино користење за пиење.-трите лабаратории земале мостри на секои 12 часа.

Резултатите што ги добиле се добри, и покажале дека водата е исправна според физичките, хемиските и микробиолошките параметри. Се очекуваат уште едни резултати.

Од кризниот штаб апелираат граѓаните да не брзаат со користењето на водата за пиење сè додека не добијат официјално зелено светло од институтот за јавно здравје и агенцијата за храна и ветеринарство дека водата е безбедна за употреба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер