И ова е рекламен спот: Викинзи го возат новиот корејски СУВ (ВИДЕО) - Канал 5

И ова е рекламен спот: Викинзи го возат новиот корејски СУВ (ВИДЕО)

Hyundai го лансира целосно новиот Santa Fe 2024 на американскиот пазар со национална телевизиска кампања што се емитува за време на натпреварите од финалето на конференцијата во американски фудбал.

И ова е рекламен спот: Викинзи го возат новиот корејски СУВ (ВИДЕО)

Hyundai го лансира целосно новиот Santa Fe 2024 на американскиот пазар со национална телевизиска кампања што се емитува за време на натпреварите од финалето на конференцијата во американски фудбал, по што ќе има два тима кои ќе се натпреваруваат за Супербол. Кампањата, наречена Викинзи, ги охрабрува гледачите да освојат викенд во целосно новиот Санта Фе.

Фејслифтираниот Santa Fe прикажува низа технолошки опции заедно со робусните достапни карактеристики како што се погонот на сите тркала HTRAC и пневматиците за сите терени, кои до сега не беа предност на моделот. Затоа, лансирањето на овој способен SUV, тврдат од Hyundai, барало подеднакво силно раскажување приказни за ефективно да се пренесе изобилството на забава што ја нуди.

Затоа Hyundai тргна на пат (или поточно надвор од патот) со Викинзите, прикажувајќи го моќниот дизајн на новиот Santa Fe среде прекрасни природни пејсажи и непријатен терен. Инаку, рекламата е и покана за лотарија, во која главната награда е викенд во нов теренец на Hyundai.

YouTube video

Новите спотови се режирани од режисерите на филмска и ТВ реклама номинирани за Оскар, Вил Спек и Џош Гордон, познати по нивната работа на рекламите на GEICO Cavemen. Социјалната кампања ја режирал Николас Гордон, додека сè е продуцирано од наградуваната продукциска куќа Furlined.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Кос – Мицкоски во Владата

Македонија има реална можност да напредува кон полноправно членство во Унијата, но уставните измени остануваат услов за формалнo отворање на преговорите – порача еврокомесарката за проширување Марта Кос .

Средба Кос – Мицкоски во Владата

Македонија има реална можност да напредува кон полноправно членство во Унијата, но уставните измени остануваат услов за формалнo отворање на преговорите – порача еврокомесарката за проширување Марта Кос на заедничката прес-конференција со премиерот Mицкоски кој пак побара евроинтеграциите да се темелат на критериуми...

Пред Владата е Афродита Рамос, Афродита, на прес-конференцијата стана збор и за планот за раст, како е оценета земјава?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повеќе кантијанизам отколку макијавелизам, обединета Европа значи посилна Европа – порача Сиљановска од Анкара

Посилна, проширена и обединета Европа, значи и посилно НАТО, порача претседателката Сиљановска Давкова пред официјалниот почеток на Самитот на Алијансата во Анкара. 

Повеќе кантијанизам отколку макијавелизам, обединета Европа значи посилна Европа – порача Сиљановска од Анкара

На маргините на самитот Претседателката ќе има низа билатерални средби и свој говорт на состанокот на Северноатлантскиот совет, на кој учествуваат шефовите на држави и влади на 32 земји членки на НАТО.

„Потребно ни е повеќе кантијанизам, а помалку макијавелизам во политиката. Денеска сакам да кажам дека мотото ’Посилна Европа, посилно НАТО‘ по мое мислење е проширувањето. Обединета Европа е посилна Европа. Но, најсилна Европа е Европа која предводи во мир и демократија базирана на принципи и вредности. Тоа е мојата порака“– Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на Македонија.

Македонија во моментот издвојува над 4 проценти од БДП за одбраната од предвидените 5 отсто кои е потребно да ги достигне во наредните 10 години, порачал министерот за одбрана Мисајловски за време на состанокот на Северноатланскиот совет на ниво на министри за одбрана. Досегашните договори и поддршка која ја добива македонската армија од сојузниците и преку Европскиот мировен фонд, како што посочил Мисајловски значителено ги зајакнуваат капацитетите на македонската армија. Мисаловски беше дел и од церемонијата за приклучување на Франција, Финска и Шведска кон иницијативата на Мултинационалната соработка за воспоставување на НАТО обука за летање во Европа.

Дел од државната делегација, која ја предводи претседателката Сиљановска Давкова е и шефот на дипломатијата Муцунски, кој на маргините на НАТО Самитот остварил средба со министерот за надворешни работи на Холандија, Том Берендсен, на која разговарале за билатералните односи, регионалните и европските прашања, како и за соработката во рамки на НАТО. Освен со холаднскиот министер Муцунски се очекува во текот на денот да оствари десетици средби со негови колеги и шефови на делегации на дел од земјите членки на НАТО.

Во текот на вчерашниот ден, пак престедателката Сиљановска Давкова присуствуваше на приемот организиран од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на кој како што посочи во објава на социјалните мрежи биле разменети мислења за натамошно јакнењето на колективната одбрана и зацврстувањето на трансатлантското единство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јотова бара да не се поврзуваат технички барања со политички толкувања

Додека секое барање на официјална Софија поврзано со Бугарите во Македонија се претставува како прашање за човекови права, барањата за регистрација на здруженијата на Македонците во Бугарија се третираат како „техничко прашање“. 

Јотова бара да не се поврзуваат технички барања со политички толкувања

Ова меѓудругото произлегува од пораките што ги упатила бугарската потпретседателка Илијана Јотова на средбата со генералниот директор за човекови права и владеење на правото при Секретаријатот на Советот на Европа, Џанлука Еспозито.

На состанокот кој се оддржал на 3 јули во Софија присуствувал и раководителот на Одделот за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права, Фредерик Долт. Во кусото соопштение од кабинетот на Јотова се наведува дека една од главните теми биле пресудите на Европскиот суд за човекови права во предметите „ОМО Илинден против Бугарија“.

„За време на средбата беше разговарано за конструктивниот дијалог и за ангажираноста на нашата земја во исполнување на одлуките на Европскиот суд за човекови права во групата на дела „ОМО Илинден против Бугарија“. Претседателката го проследи развојот на ова прашање од 2006 година до денес и укажа на интензивниот и долготраен надзор од страна на Комитетот на министри.

Во исто време се очекува дека наскоро ќе заврши и надзорот врз извршувањето на пресудите, имајќи ги предвид напорите што ги вложила Бугарија и спроведените мерки за либерализација на постапката за регистрација. „Неприфатливо е техничките барања да се поврзуваат со политички толкувања“, се вели во соопштението по средбата од трети јули. – Кабинет на претседател на Република Бугарија.

Коментирајќи ја неодамнешната средба на бугарскиот државен врв со претставниците на Советот на Европа, Стојко Стојков од ОМО „Илинден Пирин“ вели дека Комитетот на министри мора да покаже и изврши одреден притисок во насока дека се преземени чекори во однос на пресудите за македонските здруженија во Бугарја, но во пракса за Софија тоа не мора да значи ништо.

- Основна цел на Бугарија е да го затвори надзорот на Комитетот на министри за извршување на пресудите.Сите овие организации и сите овие случаи и пресуди, кои се однесуваат на тоа што организацииите не можат да се регистрираат, практично да бидат прогласени за извршени, без притоа ниту една од организациите да не биде регистрирана.

Тоа е она што Бугарија се обидува да го направи подолг временски период. Вистинската причина за нерегистрацијата е многу јасна, како што очигледно наведува и Комитетот на министри – тоа е маргинализација на Македонците – вели Стојков.

И покрај најмалку 14 пресуди на Европскиот суд за човекови права, Официјална Софија сѐ уште не овозможила регистрација на ОМО Илинден–Пирин, поради што случајот останува под надзор на Советот на Европа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер