И други фудбалери, покрај француските го отстранија Фернандез од социјалните мрежи - Канал 5

И други фудбалери, покрај француските го отстранија Фернандез од социјалните мрежи

 Не престануваат реакциите во Челзи по скандалот на Енцо Фернандез кој по репрезентативниот настап во финалето на Копа Америка ги навреди Французите на расна основа.

И други фудбалери, покрај француските го отстранија Фернандез од социјалните мрежи

Сите француски фудбалери на Челзи веднаш по инцидентот го избришаа својот соиграч од профилите на социјалните мрежи.

Исто така, еден Белгиец и еден фудбалер од Брегот на Слоновата Коска веќе не го следат Аргентинецот.

Дефанзивецот на Челзи и француската репрезентација Весли Фофана објави скриншот од видеото со натпис: „Фудбалот во 2024 година – ГОЛ РАСИЗАМ“.

Исто така, стана познато дека Француската фудбалска федерација (ФФФ) ќе испрати барање до ФИФА да биде истражен инцидентот.

Фернадез во автобусот по финалето на Копа Америка во понеделникот, заедно со сонародниците пееше расистичка песна со која ги навреди фудбалерите на француската репрезентација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Топлотниот бран пристигнува и во Москва

Топлотниот бран пристигнува и во Москва, еве ги очекуваните температури во руската престолнина.

Топлотниот бран пристигнува и во Москва

Москва се подготвува за топлотен бран што ќе трае до почетокот на втората декада од август, при што температурите утре ќе достигнат 32 степени, а во петок 33 степени, соопшти Московскиот метеоролошки институт.

За градот веќе е издадено портокалово предупредување за опасни временски услови, што подразбира ризик од природни непогоди и штети. Ова предупредување важи до вечерните часови на 7 август.

Се очекува температурите во Русија да го надминат прагот за „голема жештина“, кој за Москва изнесува 30 степени Целзиусови, додека за другите региони тој праг е 35 степени. Рускиот хидрометеоролошки центар појаснува дека поимот „голема жештина“ се однесува на периодот меѓу мај и август, кога температурата ги достигнува или надминува овие вредности.

Во меѓувреме, температурата на главната метеоролошка станица во Москва, лоцирана во ВДНХ, во средата се спушти под 30 степени и изнесуваше 28,1 степен Целзиусов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешниот селектор на Хрватска, Далиќ доби фантастична плата во ОАЕ!

Фудбалскиот стратег Златко Далиќ ќе стане нов селектор на Обединетите Арапски Емирати по завршувањето на неговиот мандат на клупата на Хрватска.

Поранешниот селектор на Хрватска, Далиќ доби фантастична плата во ОАЕ!

Како што потврдија „Спортске новости“, хрватскиот селектор дефинитивно заминува на „Емирати“, каде што ќе започне ново поглавје од својата тренерска кариера.

Според неофицијални информации, Далиќ ќе заработува пет милиони евра годишно, без бонусите.

Тоа е речиси трипати поголема плата од онаа што ја имаше во Хрватскиот фудбалски сојуз, па така тој ќе стане најплатениот хрватски тренер во историјата.

Со Далиќ во Емиратите треба да замине и Даниел Субашиќ. Поранешниот голман на хрватската репрезентација ќе биде задолжен за работа со голманите во стручниот штаб.

Посебна улога треба да има и искусниот Бранко Иванковиќ, кој ќе стане советник во Фудбалскиот сојуз на Обединетите Арапски Емирати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Не се гордејте со просекот на матурата кога државата останува без деца!

Изјавата на министерката за образование дека оваа учебна година ќе има најмалку 3.000 првачиња помалку е најтешката оценка за политиките на Владата. 

ЛДП: Не се гордејте со просекот на матурата кога државата останува без деца!

Ова не е само статистика, ова е аларм дека Македонија забрзано се празни.

Додека министерката се обидува да ја претстави државната матура како успех, вистинското прашање е: кому ќе му предаваме утре, ако секоја година имаме илјадници деца помалку?

Не може да се зборува за успешен образовен систем кога училиштата остануваат без ученици, а младите ја напуштаат државата.

Демографскиот пад е директна последица на погрешните политики, економската несигурност, недовербата во институциите и отсуството на визија. Секоја година со помалку првачиња значи помалку млади луѓе, помалку работна сила и послаба иднина за Македонија.

Либерално-демократската партија предупредува дека ова не смее да се третира како обична бројка во извештај. Потребна е итна национална стратегија за демографска обнова и поддршка на младите како и донесување на конкретни мерки за создавање услови за граѓаните да останат и да ја градат својата иднина дома.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер