Ѝ даде гол на Франција за победа и сега се прости од репрезентацијата

Вчера, Тунис го победи актуелниот светски првак Франција со 1:0 во последното коло од групната фаза, но таа победа не им донесе пласман во нокаут фазата бидејќи Австралија победи против Данска и заедно со триколорите се пласираа во осминафиналето.

Голот вреден победа над Французите го постигна 31-годишниот напаѓач на Монпелје, Вахби Хазри во 58. минута. Хазри е роден во градот Ајачио на Корзика и има туниско и француско државјанство.

„Среќни сме вечерва, одигравме добар натпревар, покажавме добри работи и имавме вистинска тимска игра. Разочарани сме што не се квалификувавме и покрај четирите бода, но можеме да се обвинуваме себеси по поразот од Австралија“, изјави Хазри по играта, додавајќи:

„Но, јас сум среќен што го направив тунискиот народ горд. Франција не играше во резервниот состав, пред нас имаше играчи од висока класа. Доаѓам од мало село на Корзика и сакам Французите да одат до крај ако играат како на првите два меча“.

Овој 31-годишен напаѓач реши да се прости од репрезентативниот фудбал по мечот со Франција. Од 2013 година за Тунис одиграл 74 натпревари и постигнал 25 голови.

Верстапен најбрз на спринтот за Големата награда на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во спринтот за Големата награда на Кина.

Второто место го зазеде Луис Хамилтон од Мерцедес со заостанување од 13.043 секунди.

Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез беше трет со 15.258, секунди послабо време од победникот.

Ова е осма победа на Верстапен во кариерата во спринт.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Кина ќе се вози утре со почеток во 9 часот по македонско време. /МИА

Северна Кореја тестирала тестирала „супер голема“ боева глава и противвоздушна ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета и нов противвоздушен проектил, пренесува ДПА.

Тестот на „супер-големата“ боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се извршени во петокот, објавија државните медиуми.

- Преку пробното лансирање беше постигната зацртаната цел, објави агенцијата КЦНА.

Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со ситуацијата во регионот“.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.

Како одговор на севернокорејската програма за нуклеарно оружје, Соединетите Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа воената соработка, вклучително и одржување заеднички маневри. /МИА

Ајакс сака да го покани Чави за главен тренер

Раководството на Ајакс го смета тренерот на Барселона Чави како главен кандидат за тренерското место на тимот од Амстердам, објави „Sport.es“.

Холандскиот фудбалски гигант смета дека 44-годишниот шпански стручњак е способен да го врати клубот на претходното ниво и е подготвен да потпише договор со него до 2026 година.

Во јануари Чави најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната.

По јавно објавената одлука на Чави за заминување од Барса, тимот загуби само еден натпревар - во четвртфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ (1:4).

Чави за шеф на стручниот штаб на каталонскиот тим беше назначен во ноември 2021 година. /МИА

притисни ентер