Хрватски магазин и се извини на починатата Мира Фурлан за натпис од 1991 година - Канал 5

Хрватски магазин и се извини на починатата Мира Фурлан за натпис од 1991 година

Главниот уредник на Глобус, Здравко Милиновиќ и се извини на Мира Фурлан поради несоодветен напис во 1991 година.

Хрватски магазин и се извини на починатата Мира Фурлан за натпис од 1991 година

„Иако предоцна, длабоко и се извинуваме на Мира Фурлан“, гласи насловот на „Јутарњи лист“, весник што е во истата групација со Глобус.

Мира Фурлан почина минатата недела. По веста за нејзината смрт во Соединетите држави, хрватската јавност започна да го доведува во прашање ставот кон неа во раните 90-ти.

Во 1992 година, во Глобус бил објавен три-делен фељтон. Еден од насловите бил „Тешкиот живот на лесната жена“, а во текстот, верз база на озборувања и шпекулации, го прекопале нејзиниот приватен живот и ја обвинија на предавство на Хрватска. Биле наведени нејзините љубовни партнери, било пишувано за погребот на нејзината мајка и било споменато дека нејзината мајка има еврејско потекло. Во тоа време главен уредник на Глобус бил Денис Куљиќ.

Второто продолжение на фељтонот бил под наслов: „Неподготвени за животната улога“. Третото имало наслов „Приказната за два града“. Причината за овие текстови бил фактот што Мира Фурлан настапила во театар во Белград и по притисоците во хрватските медиуми, се преселила во САД. Фељтонот бил објавен од крајот на јануари до средината на февруари 1992 година.

Глобус во монографијата по повод 30 години објавување на неделникот, во кој биле споменати некои неуспеси, не го спомнува овој.

"Ние не ги спомнавме трите продолженија на фељтонот за Мира Фурлан. Сега, кога одличната актерка ја нема засекогаш, кога многумина (дури и негативците) се сетија на медиумскиот линч на Мира Фурлан, времето кога таа беше отпуштена од Хрватскиот народен театар и остана без станот во Загреб, можеме да ги покриеме ушите, да молчиме и да чекаме сè да помине.

Но, вистината боли. Затоа Глобус, барем сега и барем предоцна, мора длабоко да се поклони и длабоко да се извини “, стои во текстот потпишан од главниот уредник на„ Глобус “, пишува ,,Јутарњи лист” .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Модар патлиџан со мелено месо

Во четврток (22.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Васко Форти.

„Гответе со Дракче“ - Модар патлиџан со мелено месо

Состојки за денешниот рецепт:

2 модри патлиџани

250 - 300 гр. мелено месо

1 главица кромид

150 мл. доматен сос

3 чешниња лук

маслиново масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

180 нови дрвја ќе го збогатат зелениот фонд на Карпош

Општина Карпош продолжува со активности за унапредување и зголемување на зелените површини на својата територија. 

180 нови дрвја ќе го збогатат зелениот фонд на Карпош

Во рамки на есенската акција за садење, предвидено е засадување на 180 висококвалитетни листопадни садници на претходно утврдени локации.

Во текот на денешниот и утрешниот ден, околу 60 садници ќе бидат засадени во урбаните заедници Карпош 1 и Карпош 2, по што акцијата ќе продолжи и во останатите урбани и месни заедници.

Меѓу видовите кои ќе го збогатат зеленилото се горски и црвен јавор, црн јасен, липа, жалосна софора и црвенолисна слива. Со зголемувањето на зелениот фонд, Општина Карпош продолжува да придонесува кон подобрување на квалитетот на животната средина, создавање попријатни јавни простори и унапредување на условите за живеење на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Албанија воведува казни до 5.500 евра за демонстранти

Владата на Албанија на премиерот Еди Рама усвои пакет меркив за сузбивање на насилството за време на протести, кои вклучуваат парични казни во износ до 500.000 леки – што е приближно 5.500 евра.

Албанија воведува казни до 5.500 евра за демонстранти

Максималната казна се однесува на поединци кои не постапуваат по полициска наредба за разотидување на собирот, а притоа го кријат својот идентитет. За други прекршоци се предвидени помали парични казни.

Самото криење на идентитетот се казнува со парична казна во износ од 10.000 до 100.000 леки.

Прописот предвидува исклучоци во случаите кога покривањето на лицето е оправдано од здравствени или верски причини, или пак поради вршење професионални должности – како што се новинарството или давањето медицинска помош.

Полицијата ќе биде овластена привремено да забрани или ограничи собири во близина на образовни, здравствени и државни институции, доколку постои реален, сериозен и непосреден ризик од насилство или значителна материјална штета. Ваквото ограничување може да остане на сила најмногу 72 часа и може да биде продолжено еднаш.

Во случаи кои вклучуваат повици за насилство на социјалните мрежи, полицијата може да побара отстранување на содржината. Доколку објавата не биде отстранета, или доколку таквото однесување се повтори, полицијата може да преземе мерки во согласност со важечките закони.

Надомест на штета за сопствениците на бизниси и регистар на осомничени лица Владата, исто така, најави надомест на штета, финансиран од државата, за малите бизниси кои претрпеле штета – како што се вандализам, грабежи или пожари – за време на протестите.

Пакетот вклучува и посебен електронски регистар на поединци кои се пријавени во јавното обвинителство или се под истрага за насилни кривични дела извршени за време на јавни собири.

Мерките стапија на сила веднаш, а Парламентот мора да ги ратификува во рок од 45 дена.

Во Тирана со месеци траат протести против владата. Движењето започна со мирни собири против проект за луксузен хотел во заштитено природно подрачје – проект зад кој стои Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп.

До средината на октомври, протестите се проширија и ги вклучија барањата на студентите кои се однесуваат на корупцијата, проблемите во здравствениот систем и недостигот на перспективи за младите луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер