Леа преживеала страшен напад од ајкула- чудовиштето ѝ ја одгризала раката, а таа направила неверојатен потег (ВИДЕО) - Канал 5

Леа преживеала страшен напад од ајкула- чудовиштето ѝ ја одгризала раката, а таа направила неверојатен потег (ВИДЕО)

Австралијка која ја изгуби раката откако беше нападната од ајкула на плажа во Сиднеј, опиша како му задала „лево кроше“  на четириметарското морско чудовиште, откако тоа ги отворило вилиците само неколку сантиметри од нејзиното лице.

Леа преживеала страшен напад од ајкула- чудовиштето ѝ ја одгризала раката, а таа направила неверојатен потег (ВИДЕО)

Наставничката и мајка на едногодишно девојче, Леа Стјуарт (34), била нападната на 13 јуни додека пливала на плажата Куги наутро, објавува The Guardian.

„Никогаш нема да го заборавам тоа лице“

Леа била во критична состојба повеќе од две недели, додека се лекувала од повреди опасни по живот што на крајот довеле до ампутација на нејзината рака.

Во своето прво интервју за медиумите, таа се присетила на моментот кога видела голема бела ајкула во водата.

„Никогаш во животот не сум врескала толку гласно. Помислив: „Спасувачите сигурно ќе нè слушнат, џет-скиите ќе дојдат секој момент и ќе ја избркаат“. Но, помина една минута и таа сè уште беше таму и никој не дојде да ме спаси“, изјави таа за емисијата „60 минути“.

Таа додаде дека ајкулата ѝ се приближила до лицето и дека особено се сеќава на нејзините „црни, ситни очи“.

„Изгледаше страшно. Никогаш нема да го заборавам тоа лице“, рече таа.

„Бавно движење“

Кога големата бела ајкула ги отвори вилиците, Леа сфати што ќе се случи.

„Морав да ја удрам, или ќе ми ја одгризе главата“, рече таа.

За дел од секундата, таа ја удри со „лево кроше“ и вели дека сè се случило во „бавно движење“. Денес, таа го нарекува инцидентот „борба против диносаурус“.

„Мислев дека ќерка ми нема да ја изгуби мајка си, па се свртев и почнав да ја удирам. Ајкулата беше огромна“, рече таа.

Пред да пристигне помошта, морското чудовиште ѝ нанесе тешки повреди на левата рака и нога на жената. Таа беше извлечена на брегот, полусвесна, и вели дека почувствувала како „ѝ се лизга животот“.

„Толку е фрустрирачки...“

„Се чувствував како да го напуштам моето тело и да одам некаде. И тогаш видов слика од мојата ќерка. Знам дека си помислив: „Не можам сега да умрам“, додаде Леа.

Таа беше однесена во болница и помина неколку недели на интензивна нега. Вели дека сè уште „се навикнува на она што ѝ се случи“.

„Толку е фрустрирачки. Ќерка ми ги крева рацете и сака да ја земам. Сакам, навистина сакам да ја земам, но едноставно не можам“, рече таа.

Сепак, таа не дозволува нејзиниот хендикеп да ја дефинира.

„Ќе најдам начин да го пребродам ова и да бидам најдобрата верзија од себе. Ми е дадена втора шанса. Не сум само жена која ја растргнала ајкула. ​​Јас сум жена која удри ајкула во лице“, заклучи таа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шокантен пресврт во Шпанија: Пет исчезнати лица по железничката несреќа пронајдени живи

Пет исчезнати лица пронајдени живи, бројот на загинати би можел да надмине 70.

Шокантен пресврт во Шпанија: Пет исчезнати лица  по железничката несреќа пронајдени живи

Од 72 лица пријавени за исчезнати по железничката несреќа во Шпанија, петмина се пронајдени живи.

Тројца се пронајдени неодамна, двајца се наоѓаат во болница, а едно лице воопшто не се качило во возот, изјави Емилијано Гарсија-Пахе, претседател на регионалната влада на Кастиља-Ла Манча.

Според него, меѓу преостанатите 67 исчезнати лица има 14 странски државјани од Аргентина, Австралија, Канада, САД, Франција, Јапонија, Мексико, Чешка, Тунис и Венецуела, пренесува „Ел Мундо“.

Бројот на потврдени жртви во несреќата останува 69, но оваа бројка би можела да се зголеми откако ќе заврши ДНК-идентификацијата на пронајдените човечки останки, изјави Гарсија-Пахе на прес-конференција – на која присуствуваше и шпанскиот премиер Педро Санчез – одржана по состанокот на Координативниот центар за цивилна заштита (CECOPI).

Претседателот на Кастиља-Ла Манча појасни дека бројот на загинати изнесува 69, „врз основа на веродостојни податоци потврдени од правосудните органи и Граѓанската гарда“.

Сепак, тој додаде дека има 70 пријави за исчезнати лица, па постои можност конечниот број на жртви да надмине 70.

Пахе изјави дека има 31 вреќа што содржи човечки останки, како и дека нивното собирање и идентификација се „исклучително сложени“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Астон Вила и Карагер на суд: „Нè навреди“

Англискиот премиерлигаш Астон Вила најави поведување судска постапка против  легендарниот фудбалер Џејми Карагер поради, како што наведоа од клубот од Бирмингем, неприфатливи навреди што поранешниот фудбалер на Ливерпул ги упатил кон нив.

Астон Вила и Карагер на суд: „Нè навреди“

По тој повод, „Вила“ се огласи на социјалните мрежи и информираше за правните чекори што ќе ги преземе.

Во соопштението, потпишано од претседателот на клубот Насеф Савирис, премиерлигашот го обвини Карагер дека ги навредил и клубот и навивачите.

Во објавата се наведува дека клубот нема да дозволи никој да го запре подемот на „Астон Вила“ во англискиот и европскиот фудбал. Гостувајќи во подкастот „Stick to Football“ претходно оваа недела, Карагер изнесе претпоставка дека менаџерот на „Астон Вила“, Унаи Емери, би бил заинтересиран да ја преземе тренерската функција во „Манчестер Јунајтед“, во услови на шпекулации дека Мајкл Керик таму ќе добие отказ.

„Тој сигурно би сакал можност да води некој голем клуб. Во фудбалот, сакале ние или не, постои одредена хиерархија. Така, Реал Мадрид ќе го земе најдобриот играч на Манчестер Јунајтед – како што направија со Роналдо. Исто така, постојат клубови кои се на повисоко ниво од Астон Вила и кои би можеле да ги земат нивните играчи или тренер. Затоа, навивачи на Астон Вила, молчете повеќе! Астон Вила никогаш нема да биде Манчестер Јунајтед“ – гласи „контроверзната“ изјава на Карагер, поради која сега ќе заврши на суд.

Откако се најде на удар на навивачите на Вила, Карагер изјави дека делот со „молчете“ бил шега. Тој потоа ги потсети навивачите на клубот од Бирмингем дека со години зборува за Емери само во суперлативи.

„Мислам дека Емери е најдобриот тренер во лигата, а ако сте Манчестер Јунајтед, се прашувате: ’Што е најдоброто што можеме да го добиеме?‘. Не велам дека тој ќе си замине – само велам дека, да бев на нивно место, ќе си го поставев тоа прашање. Мислам дека, ако некој ви каже ’тоа е вашето ниво‘, вашето его би се побунило и би рекло: ’Не, не е така‘. Тоа е она што го мислев. А приказната доби многу пошироки размери“, изјави Карагер за „Overlap Daily“. Карагер повтори дека неговата порака до навивачите на Вила била упатена „како шега“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче

Основното јавно обвинителство Скопје продолжува со прибирање докази во истрагата за двете разбојништва со смртни последици извршени во скопските населби Хром и Ѓорче Петров.

ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче

Основното јавно обвинителство Скопје продолжува со прибирање докази во истрагата за двете разбојништва со смртни последици извршени во скопските населби Хром и Ѓорче Петров, а за четворицата осомничени вчера е побаран нов краткотраен притвор во траење од 48 часа.

– Се преземаат дејствија за прибирање докази, јавниот обвинител до судот денеска ќе достави предлог за определување нов краткотраен притвор од 48 часа – информираа од Обвинителството.

Во врска со случајот, на 28 октомври Министерството за внатрешни работи соопшти дека биле лишени од слобода четири лица – А.С. (22), Х.Е. (20), К.А. (58), сите од Скопје, и М.Р. (26) од Струмица, кои се сомничат за две кривични дела „разбојништво“ со последица смрт, извршени на 22 октомври во Хром и на 27 октомври во Ѓорче Петров.

Од МВР тогаш информираа дека приведувањата биле реализирани во координација со ОЈО Скопје и по издадени наредби од обвинителството, со цел обезбедување и комплетирање на доказниот материјал за натамошната постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер