Холивудски актер пцуе и вика на улица, минувачите спречиле тепачка (ВИДЕО) - Канал 5

Холивудски актер пцуе и вика на улица, минувачите спречиле тепачка (ВИДЕО)

Во улицата Каугејт во Единбург се случи инцидент во кој беше вмешан американскиот актер Шија Лабеф, а видеото сега се шири на социјалните мрежи.

Холивудски актер пцуе и вика на улица, минувачите спречиле тепачка (ВИДЕО)

Актерот извикал „Тука сум, е*ете се“ додека ги кренал тупаниците и се движел кон група мажи, а случајните минувачи се обидувале да спречат физичка пресметка. На видеото се гледа како еден маж влече друг за да спречи тепачка. Келнер од блиското кафуле изјавил дека Шија ноќта пред инцидентот бил во друг бар и пиел, пишува Дејли Меил.

Shia Labeouf having a fight in Scotland
byu/Lewisiamwhoyouthin inrs_x

"Беше многу фин со луѓето. Сите го пофалија. Се вели дека инцидентот на видеото се случил следниот ден. Знаев дека нешто се случило, но нешто секогаш се случува во Каугејт", рекол келнерот.

Шија Лабеф бил во градот бидејќи неговата сопруга Миа Гот таму го снима новиот филм за Франкенштајн. Шија е познат по неговата улога во Transformers и се појави во спотот на пејачката Сиа за песната Elastic Heart. Во тоа видео, Лабоф и младата танчерка Меди Зиглер танцуваат во кафез, што предизвика големо медиумско внимание бидејќи Меди во тоа време имаше 13 години.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните

Демократската унија за интеграција реагира на зголемувањето на цените на меѓуградскиот транспорт, што директно ги оптоварува граѓаните, особено студентите и вработените кои секојдневно патуваат од еден во друг град.

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните

Од Тетово до Скопје, билетот кој досега чинеше 200 денари е зголемен на 250 денари, што претставува зголемување од 25% по патување. За студент или вработен кој секојдневно патува, ова значи значително дополнително месечно оптоварување.

Истовремено, според презентираните податоци, месечните трошоци за транспорт се зголемиле од околу 5.500 на 6.500 денари, што дополнително го зголемува притисокот врз семејните буџети.

Дали ова е политиката на „грижа за граѓанинот“ што ја нуди власта?

Наместо да се креираат политики за подостапен јавен транспорт и за поддршка на студентите и вработените кои секојдневно патуваат, граѓаните се соочуваат со сè повисоки цени.

ДУИ бара од надлежните институции јавно да ги објаснат причините за ова зголемување и да преземат мерки за заштита на граѓаните, особено на студентите и категориите кои зависат од меѓуградскиот транспорт.

Граѓаните не можат да бидат тие што ќе ја плаќаат сметката за секој неуспех на власта, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Влада: Целата акција против вработениот е дел од заложбите на Владата за бескомпромисна борба против корупцијата

Лицето со иницијали Д. Ц. е уапсено за примање поткуп, на претходно обележани парични средства, по што е лишен од слобода. 

Влада: Целата акција против вработениот е дел од заложбите на Владата за бескомпромисна борба против корупцијата

Првичната пријава за незаконскиот поткуп потекнува и е на иницијатива на институциите на кои им било пријавено барањето за поткуп.

На 4 септември 2026 година, осомничениот е затекнат при примопредавање на 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра, кои претходно биле обележани.

Истото лице во моментот на незаконското делување работело и остварувало задачи како возач за потребите на Генералниот секретаријат на Владата, откако претходно засновало работен однос по примерот на сите останати институции во Службата за општи и заеднички работи на Владата.

Оваа акција беше спроведена претходно во соработка со службите на МВР, при што беа дадени бележани пари и целата акција е дел од заложбите на Владата за бескомпромисна борба против корупцијата. Со овој случај се покажува дека законите важат за сите, се докажува волјата и целта на Владата да се бори против корупцијата. Со ова се подвлекува јасна граница помеѓу оние кои сакаат злоупотреби и сите други кои се борат против нив. Ова е уште еден пример како преку заедничка соработка на органите и институциите може да се спроведе правда, соопштуваат од Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Шест пожари активни, најкритично на Рамно

Шест пожари на отворено се активни во земјава, откако само во текот на вчерашниот ден биле регистрирани повеќе од 30, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. 

Ангелов: Шест пожари активни, најкритично на Рамно

Најкомплексен е пожарот кај Рамно, во Чучер Сандево, каде поради непристапниот терен и силниот ветер интервенираат пожарникари, екипи на ДЗС, Армијата и полициски хеликоптер, изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Пожарот кај Грачани и Никиштане, кој од Косово премина на македонска територија, се спушта кон Лепенец со намален интензитет и се очекува денеска да биде ставен под целосна контрола. Активни пожари има и кај Струга и Дебар, Тајмиште и Белица.

Надлежните апелираат на зголемена внимателност поради високите температури и силниот ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер