ВМРО-ДПМНЕ: Дали зад позицијата на Венко Филипче „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ се крие таен договор со Бугарија за ново предавство?
2ВМРО-ДПМНЕ: Дали зад позицијата на Венко Филипче „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ се крие таен договор со Бугарија за ново предавство?
3СДСМ: Со Мицкоски од предводници станавме губитници: четири земји имаат патоказ кон ЕУ – Македонија нема
Шоу бизХоливудската ѕвезда по трет пат се омажи за сопругот (ФОТО)По десет години брак , милијардерот Франсис Хенри Пино се реши да ги обнови брачните завети со холивудската ѕвезда Сaлма Хајек.,, Летото е при крај , а најдобриот момент беше кога сопругот организираше обнова на брачните завети. Не носев венчаница , зашто ми кажа дека ме носи на спа.” , напиша Сaлма Хајек на романтичните фотографии од Бора Бора. The summer is coming to an end and my best moment was when my husband surprised me with a vow renewal - it was not what I would have chosen to wear to my wedding but I was told I was going to the spa! #luckyinlove #wedding El mejor momento de este verano fue cuando mi marido me organizó una ceremonia sorpresa para renovar nuestros votos matrimoniales. Yo hubiera escogido otro vestido pero me dijeron que íbamos al spa #sorpresa A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek) on Aug 28, 2018 at 10:28am PDT Нејзиниот сопруг , познат француски милијардер , ја изненади со по трет пат повторувањето на брачните завети за 10 години брак. Првото венчавање се одржа во Париз , а овој пат на Бора Бора беше и нивната десет годишна ќерка Валентин. Can anyone explain to me what the ray of colored light in the photo could be? Alguien me puede explicar qué es el rayo de luz de color que aparece en esta foto? 🦄🌈🧜🏼♀️🧚🏻♀️🤷🏻♀️ #nofilter #orb #rainbow #phenomenon #aura A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek) on Aug 27, 2018 at 9:46am PDT Невестата носеше розев фустан и влечки , со венец од цвеќе околу вратот. И младоженецот беше лежерно облечен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
ЖивотСушата во Швајцарија открива остатоци од римски бањи, патишта, куќи...Археолозите ги прецртуваат римските карти на Швајцарија откако се појавија траги од одамна закопани урнатини за време на најжешкото лето во земјата досега. Сушата може да открие скриени археолошки локалитети преку „траги во посевите“ – обрасци што се формираат кога вегетацијата над закопаните градби венее; ова е само една од последиците на овогодишните топлотни бранови, кои исто така ги открија потонатите бродови од Втората светска војна на речните дна. Археолозите во швајцарскиот кантон Во, известени од еден љубител на историјата, користеа дрон за секојдневно воздушно снимање на полињата околу Авентикум – некогашниот главен град на римска Хелвеција, основан пред 2.000 години откако Јулиј Цезар ги поразил локалните племиња. Денес, на тоа место се наоѓа малиот град Аванш. „Ова се најбогатите откритија таму во последните 50 години – барем во рамките на последните две генерации археолози“, изјави Џордан Анастасов, археолог од кантонот Во. Снимките открија претходно непознати или слабо проучени траги од термални бањи, куќи, патишта и можен храм, од кои многу се наоѓаат во делови од градот што претходно никогаш не биле истражувани со ископувања. Градот процветал под римска власт, но потоа постепено почнал да опаѓа како што се засилувале упадите на германските племиња од 3-тиот век па натаму. Петчлен тим од археолози ги внел новите откритија на мапите со виолетова боја, пополнувајќи ги празнините и корегирајќи ги погрешните ознаки. „Сега поставуваме навистина интересни прашања што инаку не би ги поставиле“, изјави археологот Уго Аморосо. Некои од трагите забележани во периодот од јуни до август исчезнале по косењето и со падот на температурите; сепак, работ на еден нов базен во рамките на комплексот бањи останал видлив во полето со делумно исушена детелина, бидејќи невообичаено топлото време продолжило и во септември. Други закопани историски остатоци се појавиле и на други места во Швајцарија и Европа, иако многу од нив се потешки за толкување бидејќи се изолирани и немаат посветени истражувачи. Швајцарските археолози ќе ги претстават своите наоди пред колегите, а подоцна можеби ќе спроведат и насочени ископувања. „Нема да посакуваме суши“, рече Пјер Блан, директорот за ископувања на локалитетот. „Но, ќе го искористиме ова максимално и ќе продолжиме со потрагата“, додаде тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураНУ Народен театар Битола со „Секстет“ на „Денови на комедијата“ во КумановоОд 23 септември до 5 октомври во НУ ЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово се одржува 29. меѓународен фестивал „Денови на комедија“. Во текот на фестивалските денови, публиката има можност да проследи театарски претстави исполнети со хумор, квалитетна актерска игра и препознатлива фестивалска атмосфера преку изведба на театрите од Македонија и земјите од регионот. Претставата која секогаш го полни гледалиштето до последното место, комедијата од Марк Камолети, во режија на Марјан Георгиевски, на Битолскиот театар е дел од овој фестивал и ќе биде изведена на 2 октомври од 20 часот. Недоразбирања, тајни, љубовни заплети и урнебесни пресврти секогаш ја тераат публиката да се смее од почеток до крај. Зошто комедија? Затоа што премногу долго сме сериозни. Живееме во време на прегласни информации и постојани кризи. Научивме како да бидеме загрижени, заборавивме да се смееме. Затоа сега е време за Камолети – светскиот крал на фарсата и мајсторот кој знае како хаосот да го претвори во лек. „Секстет“ е комедија која остава без здив. Оваа претстава е создадена за да биде вечер за чиста радост. Темпо кое не дозволува здив и актери кои во овој хаос влегуваат со смртна сериозност. Во претставата играат: Бернар -Николче Пројчевски, Жаклина-Катерина Аневска Дранговска, Роберт -Александар Димитровски, Сузан-Сандра Грибовска Илиевска, Сузет -Анастасија Чипуровска, Џорџ-Борче Ѓаковски. Костимографијата е на Андреј Георгиевски, сценографијата на Влатко Чачоровски, музика -Александар Димовски. Ова не е претстава што се раскажува – ова е претстава што мора да се доживее. Во фестивалската програма се десет театарски претстави од Македонија и од земјите од регионот, исполнети со хумор и квалитетна актерска игра. Ќе бидат доделени награди во повеќе категории, меѓу кои за најдобра претстава, режија и актерски остварувања. Фестивалот ќе биде затворен со претстава надвор од конкуренција, посветена на годинашниот лауреат Игор Џамбазов. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам и од Општина Куманово.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваНа 30 и 31 октомври Штип повторно ќе пее со 41. издание на „Макфест“Певливи рефрени, нови песни и познати музички имиња ќе бидат дел од 41. издание на „Макфест“, фестивалот на забавни мелодии кој годинава ќе се одржи на 30 и 31 октомври. Повеќе од четири децении „Макфест“ е синоним за музика, а во Штип и оваа година публиката ја очекуваат позитивна енергија и добра фестивалска атмосфера, песни во различни музички изрази, познати автори и изведувачи, но и нови имиња кои допрва ќе ја бараат својата публика. Меѓу авторите на годинашните песни се имиња кои одамна се присутни на македонската музичка сцена, како Ристо Самарџиев, Хари Котларовски, Огнен Неделковски, Лазар Цветковски, Раде Врчаковски – Врчак, Александар Масевски, Кристијан Габроски, Иван Јованов, Роберт Билбилов, Андријана Јаневска, Давор Јордановски, Елвир Мекиќ, Димитар Андоновски, Јован Јованов и други. „Годинава имаме навистина интересен избор на автори – докажани музички имиња, автори со свој препознатлив стил и песни зад кои стои големо искуство. Очекувам и ова издание да донесе убави, певливи песни и композиции со различен карактер, од оние што лесно влегуваат во уво до песни кои ќе се слушаат и по фестивалските вечери. Тоа е и убавината на „Макфест“ “, вели Роберт Саздов, уметнички директор на фестивалот. Со годинашното издание, „Макфест“ продолжува да ја збогатува својата богата фестивалска приказна со нови композиции, автори и изведувачи, во атмосфера исполнета со музика, позитивна енергија и песни што имаат потенцијал да останат со публиката и по фестивалските вечери.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11