ЛДП: Прославите завршија, за вистинска независност извадете го од фиока Законот за двојно државјанство на пратениците
1ЛДП: Прославите завршија, за вистинска независност извадете го од фиока Законот за двојно државјанство на пратениците
3ВМРО-ДПМНЕ: СДС кога зборува за економија да одговори за долговите што ги остави зад себе, а кои ќе се враќаат до 2030 година
АвтомобилизамХибридниот Jeep Renegade доаѓа во 2020Компанијата Fiat Chrysler Automobiles (FCA) официјално потврди дека од 2020 ќе биде достапна хибридната верзија на популарниот Jeep Renegade.Renegade PHEV ќе биде изработен во погодните во италијанската фабрика во Мелфи заедно со стандардните Renegade и 500X на Фијат. FCA инвестираше над 200 милиони евра за да го прилагоди погонот во Мелфи за правење на хибридната верзија на Renegade. Нема дополнителни детали од италијанско – американската компанија за видот на погонот или техничките карактеристики на возилото. Моделот Renegade досега е направен во 742 000 примероци во италијанската фабрика , а летоска доби редизајн. Новото спортско урбано возило со 120 коњски сили и три цилиндри , односно 150 и 180 коњски сили за четирицилиндерскиот дизел модел ќе бидат во продажба од следната година. Jeep Renegade за 2019 ќе има почетна цена од 22 400 евра во Италија и 20 700 евра во Германија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: Прославите завршија, за вистинска независност извадете го од фиока Законот за двојно државјанство на пратеницитеДодека со разни панаѓури и концерти си прославија 35 години од осамостојувањето на Македонија, Законот за укинување на двојното државјанство на пратениците сѐ уште седи заглавен некаде во собраниските лавиринти.Колку што е важно да се докажува патриотизмот и љубовта кон државата преку концерти и разни настани платени со народни пари, кои патем очигледно никој не знае точно колку чинат, исто толку е и важна лојалноста на пратениците, па и на другите функционери кон нашата држава. Додека устите им се полни со патриотизам и за тоа кој колку ја сака државата, самите предлагачи на Законот за укинување на двојните државјанства, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, сѐ уште молчат и го избегнуваат донесувањето на оваа регулатива. Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, со јавно објавен заверен нотарски акт побара и останатите колеги-пратеници да докажат дека и тие како неа, поседуваат само македонско државјанство. До денеска, освен Зајкова, сите други пратеници сметаат дека нема потреба од јавно докажување на лојалноста, верноста и љубовта кон државата, истата од која секој месец земаат плата и користат разни бенефиции. Во таа насока, ЛДП повторно бара од пратениците час поскоро да ги донесат измените со кои ќе се ограничи правото за поседување на две државјанства на пратениците, но и на министрите, директорите, јавните обвинители, судиите и другите функционери. Нема потреба од половични решенија, „ќе важи за овој мандат, ќе важи за другиот мандат“, „ќе важи за едните, ама нема да важи за другите“. Воедно, предлагачите на законот исто така да побараат сите актуелни носители на функција да ги достават на увид нивните досиеја и сите што поседуваат двојно државјанство, да се откажат од второто или во истиот момент да си поднесат оставка. Сѐ останато е купување на време и замајување на јавноста, но и отвара сериозни сомнежи за тоа дали извршителите на државните функции вистински ги штитат интересите на Македонија, или пак на некоја друга држава. Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПерпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00
СветАмериканските сили нападнаа пет ирански танкери, потопувајќи еденАмериканските сили нападнаа пет ирански танкери, потопувајќи еден, како одговор на тоа што Техеран двапати гаѓаше американски воен брод, соопшти Централната команда на САД.Четири ирански танкери за нафта во Оманскиот залив поврзани со корпусот на Иранската револуционерна гарда беа цел на нападот, како и уште еден во близина на островот Харг, голем нафтен терминал покрај брегот на Иран, додаде централната команда на САД. Техеран одговори со лансирање ракети врз американската база во Јордан - од кои повеќето беа соборени - и соопшти дека нападнале два американски брода и осум танкери за нафта во Ормутскиот теснец. Пресметките меѓу двете земји ескалираа изминатата недела, по повеќе од шест месеци откако САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари. Цените на нафтата пораснаа на азиската берза. Референтната сурова нафта „Брент“ поскапе за 1,5% , додека нафтата што се тргува на берзата во САД е повисока за 1,3%.Тагови: ирански танкери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСе смирува нилската треска, нема нови примени на Инфективната клиникаНема нови приеми на пациенти на Клиниката за инфективни болести, со нилска треска.Од клиниката за Канал 5 потврдија дека е пуштен пациент од клиниката кои се лекувал повеќе од една недела и е во добра здравствена состојба. Засега на клиниката има седум пациенти со нилска треска, двајца се во тешка состојба и се во одделот за интензивно лекување. Осум пациенти починаа поради компликации од нилската треска и имале и други заболувања, сите се на возраст над 60 години. Од Град Скопје највија дека денска ќе се прскаат водните површини против ларави од комарци.Тагови: западно нилска треска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter