Граѓански протест во Кочани против загадувањето на воздухот од фабриката за хартија „Пејпар мил - Канал 5

Граѓански протест во Кочани против загадувањето на воздухот од фабриката за хартија „Пејпар мил

Нов граѓански протест се одржа денеска пред кругот на фабриката за хартија „Пејпар мил" во Кочани, како револт против загадувањето на воздухот од фабричкиот оџак.

Граѓански протест во Кочани против загадувањето на воздухот од фабриката за хартија „Пејпар мил

На двочасовната блокада на булеварот пред влезот на фабриката, граѓаните порачаа дека се незадоволни од дејствувањето на институциите и бавното двегодишно решавање на проблемот со аерозгаденоста во градот.

-По четврти пат сме собрани на протест на ова место на злосторството, за да го кренеме нашиот глас и да продолжиме во борбата за чист воздух. Единствено за што можеме да ѝ бидеме благодарни на „Пејпар мил" е што успеа да нѐ собере нас граѓаните, без разлика на политичката, верската или етничката припадност, и Кочани да го направи пообединето од кога било досега. Ова е последен пат да зборуваме и да ги повикаме сите институции и инспекторати, да се охрабрат и да го решат проблемот и да не оставаат да бараме други решенија, што не се својствени за нас. Ние сме мирен народ, но не сме бројка, луѓе сме, имаме деца и ќе се бориме за нашата и нивната иднина, истакна Зоран Тодоров, претставник на иницијаторите на протестот.

На граѓанскиот протест беа искажани и порадикални барања за блокирање на влезот во фабриката и нејзино затворање, сѐ додека за производствениот процес не почне да се користи поеколошко гориво.

-Треба да се блокира работењето на фабриката, затоа што досегашното дејствување на институциите остана без резултат. Дадениот рок од два месеца да се стават филтри на оџакот значи дека уште толкав период треба да дишеме загаден воздух и да го уништуваме сопственото и здравјето на нашите семејства, истакнаа дел од говорниците на протестот.

Насобраните граѓани се упатија пред влезот во фабричкиот круг на „Пејпар мил", од каде беше упатена порака дека веќе нема да се протестира, туку ќе се преземаат други мерки за решавање на проблемот.

Незадоволството од нерашавањето на аерозагаденоста продолжи со возила пред зградата на локалната самоуправа и по улиците на Кочани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меџити: Учениците на генерацијата се најдобар доказ дека вложувањето во образованието дава резултати

Во рамките на манифестацијата „Културно лето на Чаир 2026“, Општина Чаир организираше свеченост за доделување признанија и ваучери за учениците на генерацијата од основните училишта во општината.

Меџити: Учениците на генерацијата се најдобар доказ дека вложувањето во образованието дава резултати

По тој повод, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, додели признанија и ваучери на деветте ученици на генерацијата од деветте основни училишта во општината, како признание за нивните извонредни резултати, посветеност и примерот што го претставуваат за своите врсници.

„Учениците на генерацијата се најдобар доказ дека трудот, посветеноста и знаењето секогаш се наградуваат. Нивниот успех е гордост за нивните семејства, училиштата и за целата наша заедница“, истакна Меџити.

Тој нагласи дека образованието останува еден од главните приоритети на Општина Чаир и дека секое вложување во училиштата, во подобри услови за учење и во поддршка на учениците претставува инвестиција во иднината на општеството.

На свеченоста беа доделени признанија и на директорите на деветте основни училишта, како знак на благодарност за нивниот придонес во воспитно-образовниот процес и во создавањето услови за успех и развој на младите генерации.

Честитајќи им на полуматурантите за завршувањето на основното образование, Меџити ги охрабри да продолжат да учат, да веруваат во своите способности и храбро да чекорат кон новите предизвици што ги очекуваат.

Со почит,

Општина Чаир

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цветановски: Работната група за измени во Изборниот законик не се движи во правилна насока

Цветановски е дециден за тоа дека доколку дискусијата во работната група продолжи во овој правец, ЛДП не ја гледа потребата од своето понатамошно учество во неа.

Цветановски: Работната група за измени во Изборниот законик не се движи во правилна насока

„Должни сме да ја алармираме јавноста дека работата на работната група за измени на Изборниот законик не се движи во правилна насока. Наместо суштински реформи за подемократски процеси, зад затворени врати повторно сме сведоци на добро познато сценарио: големите политички партии се обидуваат да си обезбедат меѓусебна предност и да го заштитат својот монопол“, вели во изјава за медиумите членот на Извршниот одбор на Либерално-демократската партија (ЛДП), Дејанчо Цветановски.

Цветановски додава дека ЛДП отсекогаш била конструктивен партнер во сите процеси кои значат унапредување на демократијата и изборниот систем во Македонија и дека токму со таа цел, со добра волја и конкретни решенија, се вклучиле во работната група за измени на Изборниот законик.

„Меѓутоа, сведоци сме на игнорирање на прашањето за една изборна единица со отворени листи, кое е долгогодишно барање на ЛДП но и на граѓаните, а кое гарантира дека гласот на секој граѓанин ќе тежи исто и дека граѓаните ќе избираат личности, а не партиски послушници. Исто така, парадоксот со ‘високиот изборен праг’ - иако декларативно се согласуваат со моделот на една изборна единица, големите партии подмолно предлагаат неразумно висок изборен праг. Ова не е демократизација, ова е обид за елиминација на помалите партии и целосно затворање на политичкиот систем за нови, прогресивни идеи“, посочува Цветановски и додава дека ставот на ЛДП е дека нема да биде декор во ничии политички пазарења, ниту пак ќе даде легитимитет на процес кој наместо да ја унапредува, ја уназадува демократијата во државата.

Цветановски е дециден за тоа дека доколку дискусијата во работната група продолжи во овој правец, ЛДП не ја гледа потребата од своето понатамошно учество во неа.

„Ние не отстапуваме од принципите за фер, еднакви и отворени избори. Доколку големите партии сакаат да си донесат законик по сопствена мерка, ќе мора тоа да го направат сами, соочувајќи се со судот на граѓаните, но без наша поддршка“, завршува во својата изјава Цветановски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Кавадарци денес е домаќин на значаен настан посветен на одбележувањето на роденденот на Лекарската комора

Честа и задоволството се наши што Кавадарци денес е домаќин на значаен настан посветен на одбележувањето на роденденот на Лекарската комора на Република Македонија, објави градоначалникот на Фејсбук.

Јанчев: Кавадарци денес е домаќин на значаен настан посветен на одбележувањето на роденденот на Лекарската комора

„Лекарската комора на Македонија е институција која повеќе од три децении посветено работи на унапредување на лекарската професија, заштита на нејзиниот углед и јакнење на здравствениот систем. Денешниот настан има посебна вредност бидејќи покрај одбележувањето на овој значаен јубилеј, беше доделена и највисоката годишна награда „Свети Наум Охридски“ за најдобар доктор, како признание за посветеноста, стручноста и хуманоста во лекарската професија, но и благодарници на институции и поединци кои придонеле за афирмација иа развој на работата на комората, меѓу кои и на Градоначалникот Митко Јанчев за несебична поддршка, посветеност и континуиран придонес во македонското здравство.

На сите добитници се упатуваат искрени честитки, а на Лекарската комора посакуваме уште многу успешни години исполнети со достигнувања, професионален напредок и грижа за здравјето на граѓаните.“- стои во објавата на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер