ВМРО-ДПМНЕ го обвини ВЛЕН дека бил „тројански коњ“ во Брвеница, оттаму вратија -„ниедна партија не е сопственик на гласовите“
2ВМРО-ДПМНЕ го обвини ВЛЕН дека бил „тројански коњ“ во Брвеница, оттаму вратија -„ниедна партија не е сопственик на гласовите“
ФудбалГолеми промени во италијанската репрезентација по дебаклот со Македонија, Манчини остануваРоберто Манчини по дебаклот против Македонија потврди дека нема да поднесе оставка од селекторската функција на Италија.Утрешниот меч со Турција ќе биде прв во новата ера на италијанскиот фудбал, а италијанскиот селектор подготвува големи промени. Манчини изјави дека нема да се пензионира откако не успеа да се квалификува за Светското првенство во 2022 година во Катар по шокантниот пораз од Македонија во Палермо. Тој на денешната прес-конференција рече дека е среќен што ја има поддршката од јавноста, но додаде дека од натпреварот со Турција ќе почне да гради нов тим. „Само погледнете го потенцијалот на младите играчи. Сегашниот тим, заедно со неколку играчи, можеше да го освои Светското првенство. Има многу работи што треба да ги видиме. Дефинитивно ќе промениме нешто. Треба да го подготвиме тимот за квалификациите. Тоа е наша работа“, изјави Манчини. Првата можност да почнат да градат нова Италија ќе ја добијат на утрешниот меч со Турција, откако дури девет играчи од различни причини се повлекоа од репрезентацијата на Италија. Италијанските медиуми пренесуваат дека дури тројца од нив најверојатно ќе се простат од репрезентацијата. „Кориере дело спорт“ објави дека разочараните Инсиње, Имобиле и Жоргињо одлучиле повеќе да не играат за „аѕурите“. Според La Gazzetta dello Sport, Сандро Тонали, Николо Заниоло и Џанлука Скамака треба да стартуваат во Турција. Заниоло и Скамака не беа вклучени во ротацијата од 23 играчи за натпреварот против Македонија. Џиџи Донарума најверојатно ќе стартува на голот, додека Џорџо Киелини ќе го одигра еден од последните натпревари за Италија како централен дефанзивец. Алесандро Бастони е водечки кандидат за негово замена кога Лигата на нации ќе започне во јуни, а Тонали треба да биде замена за Жоргињо. Скамака важи за иден напаѓач на Азурите, откако Чиро Имобиле не импресионираше, а во некои варијанти Манчини можеше да се префрли на 4-2-3-1, дозволувајќи им на Тонали и Локатели да играат заедно. Потенцијални италијански 11 против Турција: Донарума; Де Џиљо, Ачерби, Киелини, Бираги; Тонали, Кристанте, Песина; Заниоло, Скамака, Распадори. Иден италијански 11: Донарума; Ди Лоренцо, Бонучи, Бастони, Спинацола; Барела, Тонали (Локатели), Верати; Берарди (Заниоло), Скамака, Киеза.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМоже ли искрите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН да предизвикаат посериозен проблем во владината коалиција? Предизборните повици за гласање по етничка линија и донесоа победа на ДУИ и нивниот кандидат на предвремените локлани избори во општина Брвеница, децидини се дел од аналитичарите. Според Сефер Селими победата на ДУИ е повеќе психолошка и е на став дека вкавиот изборен резултат ќе ги зголеми апетитите на интегративците, додека според Петар Арсовски за победата на ДУИ се должи пред се на демографската состојба во оваа општина. „Во основа овој резултат се должи на демографијата на општината каде бројот на албанско население е поголем од бројот на македонско население и на политичката логика дека етнички се групираат партиите и во таа смисла бројот на нови гласачи кај Албанците е поголем од бројот на нови гласачи кај Македонците. Во основа се должи на статистика, не верувам дека има некакви посериозни политички импликации“– Петар Арсовски, политички аналитичар „Се покажа дека поддршката на ДУИ барем во таа локална заедница е драматично сменета во однос на поддршката за Влен. А во вториот изброрен циклус јасно се покажа дека кај нас има етничко гласање, односно гласање по етнички принцип. ДУИ има повеќе симболична и ова е еден вид на психолошка победа. Се покажува дека тие се уште се сериозен политчки фактор кој има поддршка кај своите гласачи“- Сефер Селими, политички аналитичар Ваквите изборни резултати според Арсовски и Селими нема сами по себе да ја загрозат владината колиција, но може да доведат до одредени несогласувања и искри помеѓу владеачките партии. „Не исклучувам можност дека тоа сепак ќе биде непријатно чувство во коалицијата и дека и дека потоа може да следат некакви посериозни тензии. Но, во моментот имајќи предвид дека двете партии на претходните локални избори трчаа сами, не верувам дека таа политичка логика може да ја загрози коалицијата која сепак е постизборна, а не предизборна на национално ниво. Можеби некаква фрикција внатре во рамки на коалицијата, но не гледам структуно докази дека тоа ќе се подигне на ниво да ја загрози коалицијата“– Петар Арсовски, политички аналитичар „Очекувам дека ваквиот изборен резултат ќе ги ги нарушува и понатаму односните меѓу Влен и Вмро-дпмне пред се поради тоа што Влен не се во можност д аго испорачаат тоашто им го побара коалицискиот партнер, а од друга страна на локалните избори во 2025 имаше сериозна, организирана и голема поддршка од страна на вмро-дпмне кон канидатите на Влен“- Сефер Селими, политички аналитичар Дали и колку изборниот изход од Брвеница може да биде причина за предизвикување предвремени праламентарни избори напролет, според аналитичарите ќе зависи од тоа како ќе влијае на внатрепартиските односи во владината колаиција и дали ќе предизвика несогалсувања по одредени национални етнички теми. Увередни се дека барањата за предвремено предизборно соочување од интегративците ќе растат, но потенцираат дека клучот за нивно одржување е во рацете на владеачката ВМРО-ДПМНЕ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ го обвини ВЛЕН дека бил „тројански коњ“ во Брвеница, оттаму вратија -„ниедна партија не е сопственик на гласовите“Победата на кандидатот на коалицијата на ДУИ Аркин Јахиј за прв човек на Брвеница ги скара владините партнери ВМРО-ДПМНЕ И Вреди. Од ВМРО-ДПМНЕ го признаа поразот на нивниот кандидат Стојанчо Радичевски кој загуби со околу 200 гласа разлика и ја обвинија Вреди за „тројански коњ“ која според нив, одработила за ДУИ. Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во објава на ФБ од Германија порача дека тие во изборната трка биле сами против сите, со концепт и програма додека противниците, играле на национална карта. Но и покрај меѓусебните прозивки, од ВМРО-ДПМНЕ уверуваат дека Брвеница ќе ја има поддршката од Владата, а владината коалиција не е загрозена. -Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена, изјави Манасиевски. Од ВЛЕН, пак, им одговорија дека ниедна партија не е сопственик на гласовите, а граѓаните гласале по сопствена волја и убедување. Од партијата оценуваат дека изборите во Брвеница покажале оти земјата сè уште треба да работи на изградба на инклузивно и граѓански ориентирано општество. - Ниту една политичка партија не ги контролира гласовите, ниту, пак, некоја партија може да полага право на сопственост врз нив. Гласовите им припаѓаат на граѓаните, кои се слободни да одлучат кому сакаат да ја доверат својата поддршка, реагираат од Вреди. Во критиките од ВМРО-ДПМНЕ, кои покрај Вреди за изборниот исход ги обвинија и СДСМ и Левица, лидерот на социјалдемократите Венко Филипче гледа обид од власта за дефокус и повтори дека СДСМ нема да биде алиби за предвремени избори. -Сметам дека таа тема и тоа што се форсира од ОКГ на ВМРО е само уште еден обид за дефокус, ама нема да можат да направат дефокус со никакви избори во Брвеница, за оваа катастрофа и дебакл којшто го направија, со кој го загрозија целокупниот финансиски ситем во земјава, изјави Филипче. И додека владините партнери меѓусебно се обвинуваа, Али Ахмети, коалициските партнери и поддржувачи синоќа триумфалистички ја славеа победата на Аркин Јахиј во Брвеница. Ахмети во говорот порача дека Брвеница е општина со албанско мнозинство, а Албанците според него биле господари на оваа земја. - Македонија не му припаѓа ниту на Христијан ниту на Бранко Црвенковски, Македонија е татковина на Албанците кои се автохтони. Ние сме државотворци и ние сме господари на оваа земја. Ние преземаме одговорност да ги движиме процесите напред за земјата што ни припаѓа, изјавил Ахмети. Јахиј од ДУИ во Брвеница победи во тесна трка со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Радичевски, а разликата беше само 265 гласа. Според објавените резултати на ДИК, по обработката на податоците од сите 24 избирачки места, Јахиј освоил 4.442 гласа, односно 50,36 отсто од гласовите додека неговиот противкандидат Радичевски добил 4.177 гласа или 47,36 отсто. На изборите гласале вкупно 8.820 избирачи, што претставува излезност од 54,29 отсто, а регистрирани се и 201 неважечко гласачко ливче.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканУапсен е сопственикот на „Алта банка“, Давор Мацура, по 30 часа распитТројца вработени во „Алта банка“ во Србија, меѓу кои и нејзиниот сопственик Давор Мацура, се уапсени под сомнение дека незаконски извлекле околу 383 милиони евра од банкарскиот трезор.Според Обвинителството за организиран криминал, Мацура со помош на директорот на одделението за трезорско работење и уште еден вработен, неовластено влегувал во трезорот и изнесувал пари. При претресите на банката, извршени на 31 октомври и 1 ноември, бил направен и попис на готовината. На тројцата осомничени им е одреден притвор до 48 часа, по што ќе бидат сослушани пред обвинителството. Случајот го води Обвинителството за организиран криминал кој веќе побара проверка на сомнителните трансфери на пари во странство. Освен работата на банката, банкарскиот скандал отвори сериозни прашања и за одговорноста на Народната банка на Србија. Тамошните експерти оценија дека ненадејниот колапс на банката, која со години бележела забрзан раст, претставува сериозен пропуст на надзорните институции, а Народната банка прескокнала цела низа чекори пред да ѝ ја одземе дозволата. Дел од познавачите, сметаат дека одлуката е политичка. -Првиот чекор од таа контрола е изрекување парична казна за одговорните лица. Ако состојбата не се подобри, се воведува принудна управа. Ако и тогаш состојбата не се поправи, се носи одлука за затворање на банката. Како што е направено сега во Црна Гора, воведена е принудна управа. Народната банка го прескокна сето тоа и одеднаш. Таа одредба, особено решението, е скандалозна. Едноставно кажано, банката е пропадната. Да потсетиме едно клучно прашање дека таа одлука е донесена ден по резултатите на изборите. Кучното прашање е дали НРБ на Србија би ја одземала дозволата за работа ако резултатите од изборите беа други? – Верољуб Дугалиќ, долгогодишен генерален секретар на Здружението на банки на Србија По се погласните шпекулации дека може да биде уапсен, доскорешениот српски претседател, а сега опозициски лидер Александар Вучиќ порачува дека не се плаши зашто како што посочи, бил чист и нема повзраност со какви било финансиски малверзации. -Претседател да апсите? Јас за пари не сум потпишал ништо и не работам ништо. Не можете да најдете ништо од тоа. Не знам дали ме разбирате. Можете да барате дали тој некогаш нешто рекол, трла баба ла... Единствено што можат е да се закануваат и некого да држат во страв. Мене да ме држите во страв со тоа што ќе кажете дека ќе ме уапсите? Тоа е глупава приказна. – Александар Вучиќ, лидер на опозицијата Носителот на листата победничката Студентска листа, Илија Срдановиќ, пак, најави дека идните апсења ќе се спроведуваат исклучиво врз основа на докази за сторени кривични дела согласно законите. Во интервју за српска „Нова“ тој ги повика вработените да се спротивстават на уништувањето на документите во дел од институциите. Најавите следуваат по вчерашното апсење на двајца високи полициски функционери, Марко Кричак и Бошко Секуловиќ, осомничени за злоупотреба на службената положба. Британски „Фајненшл тајмс“, пишува дека „Алта банка“ била најотворена банка за Русите во Србија, а сега е под истрага поради сомневања за префрлање големи суми пари во странство по изборниот пораз на Вучиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00