Гневни жители на Лос Анџелес фатија пироман на дело, полицијата го спаси (ВИДЕО)

Гневните жители на Лос Анџелес, кои неодамна го преживеаја ужасот од катастрофалните пожари што го зафатија градот, фатија уште еден пироман кој, како што тврдат, подметнал пожар во близина на нивните домови.

На интернет се појавија снимки на кои се гледаат гневни граѓани како со автомобили го бркаат напаѓачот, кој подоцна беше идентификуван како Алехандро Мартинез (41), објави Дејли Меил.

Снимен е и маж како го следи Алехандро пешки и го турка на земја.

„Погрешно маало, пријателе“, му вели човекот.

Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, Мартинез, кој лежел на земја, им се предал на властите и бил однесен во најблиската станица.

„Навистина ништо не украдов“, се слуша како вели Алехандро на шпански.

Сепак, украдените предмети не се нешто што ги исплашило граѓаните. Тие им кажале на полицајците дека го виделе Алехандро како се крие во грмушките, а потоа го следеле кога се обидел да избега.

Во меѓувреме пожарот што го предизвика Алехандро се проширил на десет метри квадратни, но пожарникарите брзо го локализирале.

„Да беше ветрот посилен, можеше да биде многу полошо. Со оглед на тоа што се случува во последниот месец, луѓето се многу повнимателни и поподготвени кога се во прашање пожарите“, вели младиот човек кој го снимил инцидентот.

Тој исто така рече дека луѓето биле многу лути.

Да потсетиме дека во катастрофалните пожари што избувнаа минатиот месец изгореа повеќе од 57.000 хектари, загинаа најмалку 29 лица, а беа уништени повеќе од 16.000 домови и згради.

Сè уште е во тек истрагата за тоа како настанале овие пожари, а според некои информации, можеби се виновни подметнувачите на пожари.

Речиси 600 казни добија автономните такси возила за непрописно паркирање!

Во Сан Франциско компанијата „Waymo“ превезува патници со своите автономни такси возила, без возачи.

На пат ги има 300, а со толкав возен парк доаѓаат и сообраќајните прекршоци, бидејќи никој не е имун на зло - дури ни вештачката интелигенција.

„Вашингтон пост“ објави дека автономните такси возила добиле 589 пријави во вкупна вредност од 65.065 долари за непрописно паркирање минатата година.

Наводните прекршувања се движат од блокирање на сообраќајот до ограничување на пристапот до услугите за чистење улици и паркирање во забранети области.

Портпаролот на „Waymo“ рече дека компанијата работи на решавање на проблемот. Ова, сепак, не е толку голема бројка, бидејќи минатата година Сан Франциско издаде дури 1,2 милиони билети за непрописно паркирање.

Сепак, интересно е затоа што покажува дека и автономните автомобили - грешат!

Извор: Б92

Во Белград се одржа масовен протест „на 15-ти за 15-те“, според МВР имало 107.000 луѓе

Голем протестен собир под слоганот „15 за 15“ се одржа денеска во Белград на повик на студентите, кои бараат одговорност за уривањето на настрешница во нови сад и смртта на петнаесет лица.

Централниот настан се одржа на плоштадот Славија, каде студентите им се обратија на граѓаните, ги читаа нивните барања и ги пееја песните кои станаа симбол на протестите. српското мвр официјално соопшти дека според проценките на полицијата на сите локации во белград бројот на учесници бил околу 107.000.

Првично беше најавено дека митингот ќе се одржи на платото пред собранието на Србија, каде се собраа голем број граѓани, но потоа студентските редари ги повикаа граѓаните да се упатат кон Славија, за да се избегнат евентуални провокации и инциденти со групата луѓе кои кампуваат во пионерскиот парк. Вечерва имаше информации за инциденти таму, но студентите соопштија дека официјално нивниот протест е завршен и се оградија од евентуални провокатори.

Точно во 19 часот на плоштадот Славија и околните улици започна петнаесетминутниот молк, за симболично да оддат почит на 15-те жртви во Нови Сад на 1 ноември. За време на молкот, граѓаните ги држеа вклучени светлата на мобилните телефони, а го завршија, со како што ја нарекоа, најголемата врева во Србија.

Германско МНР: Путин спроведува тактика за одложување на преговорите во Украина

 Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок претходно изјави дека Путин намерно не влегува во мировни преговори.

Министерството за надворешни работи на Германија изразува скептицизам во однос на изјавите на рускиот претседател, Владимир Путин, во врска со прекинот на огнот во Украина и смета дека тоа е, во најдобар случај, одложување на преговорите, пишува Дојче веле.

По воздржаната реакција на Русија на предлогот на САД за прекин на огнот во Украина, германската Ввлада го обвини Путин за одложување на преговарачкиот процес.

„Во најдобар случај, можеме да зборуваме за тактика на одложување во врска со прекинот на огнот, доколку има такви услови и резерви“, изјави вчера портпаролката на германското Министерство за надворешни работи.

Таа изјави дека мора да се постави прашањето дали има сериозен интерес да се работи на траен прекин на огнот и решение.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок претходно изјави дека Путин намерно не влегува во мировни преговори.

„Путин намерно ја држи отворена вратата за мировни преговори, но тој сè уште не е подготвен да помине низ тоа“, рече таа. /МИА

притисни ентер