ТенисЃорческа на стартот од квалификациите на Ролан Гарос против РувруаНајдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во следната недела ја очекува настап на квалификациите на Ролан Гарос. На денешната ждепка за квалификациите македонската тенисерка за противничка во првото квалификациско коло ја доби домашната тенисерка Французинката Марго Рувруа. Рувруа има 23 години и се наоѓа на 277. место на ВТА листата и во квалификациите настапува со вајлд карта. Нејзиниот најдобар пласман во кариерата е на 231.то место остварен на 15.јаниари 2024 година. Ова е втор настап на Грен слем турнир оваа година за Ѓорческа откако претходно беше дел од квалификациите на Австралија Опен во Мелбурн. Нашата тенисерка веќе неколку дена се наоѓа во Париз и тренира на терените на Ролан Гарос. Мечот Ѓорческа – Рувруа ќе се игра во вторник. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје15:16Опожарени две возила со дипломатски таблички пред бугарската амбасада во Скопје14:10Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09Еврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00
Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09
МакедонијаОпожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во СкопјеДелумно опожарени две дипломатски возила во сопственост на бугарската амбасада во Скопје. Случајот бил пријавен и до МВР од каде велат дека полициски екипи го документирале настанот и работат на негово расчистување. Неофицијално се трага по непознатиот сторител, кој избегал од местото на настанот. - Непознат сторител го полеал едното возило со запалива течност и го запалил. Меѓутоа од првото возило било зафатено и возилото кое било паркирано во непосредна близина на опожареното. И двете возила се со дипломатски регистарски таблички. Опожарените возила за кратко време биле изгаснати од страна на скoпската против-пожарна бригада. Настанот најсостро го осудија и од Влдата и од македонското МНР и го оценија како вандалскиот и недозволив чин. - Ваквите постапки претставуваат напад врз принципите на безбедноста, дипломатските односи и меѓународното право и не смеат да имаат место во демократска држава. Како Влада сакаме да испратиме јасна порака дека секој обид за предизвикување тензии, ширење омраза или нарушување на безбедноста ќе биде максимално санкциониран. Нема да дозволиме поединци да ја нарушуваат репутацијата на Македонија, се наведува владиното соопштение. Рекација и осуда прсистигна и од бугарското МНР. Според нив станувало збор чин на агресија и нов напад врз Бугарија и Бугарите и бараат навремено и праведно расчистување на случајот. - Овој најнов напад врз Бугарија и Бугарите е резултат на агресивен политички говор, поттикнување омраза и недостаток на соодветен одговор од страна на институциите во претходни слични значајни случаи, што создава чувство на неказнивост за сторителите, наведуваат од бугарското МНР. Во пожарот нема повредени лица и не се зафатени објекти во близна на бугасрската амбасада во Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБезбедносен форум во Скопје - архитекти на стабилноста: безбедносен идентитет на Западен БалканБезбедносната криза по нападот на Русија врз Украина придонесе ЕУ да даде нов импулс на проширувањето – Украина ги отвори вратите преку кои Западен Балкан има можност да влезе.Безбедносната криза по нападот на Русија врз Украина придонесе ЕУ да даде нов импулс на проширувањето – Украина ги отвори вратите преку кои Западен Балкан има можност да влезе, посочи поранешниот советник за надворешна политика и безбедност на претседателот и премиерот на Романија – Јулијан Чифу, на денешниот Скопски Безбедносен форрум. -Прилично сум сигурен дека директните преговори плус нивото на флексибилност и вклученост на ЕУ можат да и помогнат на Македонија низ ова, под услов Македонија да го исполни својот дел од договорот, видете ја Молдавија на пример или Црна Гора. Прилично сум сигурен дека поддршката од Комисијата ќе ја игра улогата дури и ако станува збор за Бугарија. Да ја видиме новата бугарска влада и нивните пристапи кон регионот и Македонија. - Јулијан Чифу. Македонската армија е досега најголемиот регионален добитник на средства од Европскиот мировен фонд за зајакнување на нејзините воени капацитети, што е дел од пристапот на ЕУ кон регионот наречен стабилизација преку интеграција, посочија од Европската делегација на форумот. Преку Мировниот фонд на ЕУ, ЕУ започна директно финансирање на зајакнувањето на воените капацитети. Армиите на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и особено на Македонија имаат корист од таквата помош, за која оваа земја во регионот е главен корисник. Целта беше да се постигнат одредени стандарди и да се постигне подготвеност на армиите за распоредување заедно со земјите-членки во рамките на иницијативите што ги спроведува ЕУ. ЕУ ќе продолжи да соработува и да ги поддржува нашите партнери и сојузници како што е Македонија - сојузник на НАТО денес, а утре земја-членка на ЕУ. - Бен Нупнау, заменик шеф на ЕУ делегација во Македонија. Македонија ќе остане целосно усогласена со стратешките цели на НАТО и ЕУ во Европа и подалеку а членството во ЕУ за државава значи еден од најсилните гаранции за долгорочна безбедност и стабилност изјави министерот за европски –прашања Беким Сали на Безбедносниот форум во Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје15:16Опожарени две возила со дипломатски таблички пред бугарската амбасада во Скопје14:10Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09Еврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00
Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09
МакедонијаЛишени од слобода 17 возачи за безобѕирно управување возило14 лица возеле без возачка дозвола, од кои пет малолетници, а тројца возеле под дејство на алкохол.Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 17 возачи за безобѕирно управување возило, 14 лица возеле без возачка дозвола, од кои пет малолетници, а тројца возеле под дејство на алкохол. Шест лица во Скопје (двајца малолетници), четири лица во Тетово (тројца малолетници) и по едно лице во Куманово, Велес, Охрид и Прилеп возеле без возачка дозвола. По еден возач во Куманово, Македонска Каменица и Скопје управувале возило под дејство на алкохол. Возачот во Скопје, претходно со возилото „форд“ кое го управувал удрил во паркирано возило „форд“, при што била причинета само материјална штета. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќајТагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter