ТенисЃоковиќ за рекордот: Слемовите се темелот на нашиот спорт, тие се најважното нештоНовак Ѓоковиќ го коментираше соборувањето на рекордот по број на натпревари на Грен слем.- Секогаш се трудам да дадам се од себе. Над 20 години играм Грен слем на највисоко ниво. Без разлика дали ќе победам или загубам, срцето и душата ги оставам на теренот. Грен слемовите се основата на нашиот спорт, тие се најважното нешто. Ова е историјата на тенисот, токму тие ги мотивираат и најмалите деца. Моето прво сеќавање на тенисот како дете е гледањето на финалето на Вимблдон кога имав четири или пет години. Гренд слемовите се дефинитивно најважните турнири во светот. Имам голема среќа што поставив уште еден рекорд. Србинот денеска го одигра својот 430. Грен слем натпревар, надминувајќи го Роџер Федерер. Во третото коло, поранешниот светски рекет број 1 ќе се соочи со Чехот Томаш Мачац. Грен слемот во Мелбурн, се игра за награден фонд од 59,9 милиони долари. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКако уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00
КултураУспешно 17-то издание на Фестивалот РАДИКА ФЕСТ 2026Пред прекрасната публика во концертната сала на Центар за култура-Дебар, се одржа 17 - тото издание на детскиот музички фестивал на македонски јазик “Радика Фест” 2026.На самиот почеток на фестивалот познатиот дебарскиот композитор Зинче Мимидиноски инаку директор на Фестивалот Радика Фест 2026, ги поздрави сите присутни гости, а на учесниците им посака многу успех. На фестивалот настапија деца и автори од Дебар, Центар Жупа, Ростуше-Маврово, Струга и Охрид како и автори на текстови од повеќе градови од републикава и тоа Дебар, Струга, Охрид, Кичево, Крива Паланка, Битола, Прилеп при што се изведоа 13 нови авторски композиции. Од страна на стручното жири на фестивалот се доделија награди од стручното жири, награда од публиката, награда за најдобар вокал, награда за најдобар сценски настап, награди за бест хит, награда за бест талент и награда за бест јуниор талент. Победник на детскиот музички фестивал на македонски јазик “Радика Фест” 2026 е Бида Оручоска од Косоврасти која ја испеа прекрасната песна ”Сонце во нас”. Нејзиниот прекрасен настап со прекрасна интерпретација ги воодушеви присутните посетители. Првотото место од публиката го освои Ада Кадриоска од Бороец, за најдобар вокал беше прогласена Џана Ибраимоска од Дебар, за најдобар сценски настап беше прогласена прекрасната и волшебна Мелда Кадри од Дебар. Гости во програмата на Фестивалот беа прекрасната фолклорна група Скудриње од Општина Маврово Ростуше како и триото Аниса, Есра, Џансу од Општина Центар Жупа, Фестивалот финансиски беше поддржан од: Министерство за Култура и Туризам, Општина Дебар, Општина Центар Жупа, ТД Боград Струга ДОО, Арсенал Дооел Струга, ТД Гајрет с.Лабуништа Струга, Дооел Јасен Подгорци, Струга помогната и од Центар за култура – Дебар.Тагови: РАДИКА ФЕСТ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Трчај бе“ донираше спортски реквизити за битолските основни училиштаПопуларната и најмасовна детска трка „Трчај бе“ денеска донираше спортски реквизити за основните училишта во Општина Битола. Донацијата се состои од кошаркарски, ракометарски, топки за одбојка и за фудбал. Вредно е да се напомене дека „Трчај бе“ секоја година им овозможува на ученици од социјално ранливи категории од основните училишта и деца од градинките да учествуваат во детската трка без котизација, со што ја покажува општествената одговорност кон сите во заедницата. Општина БитолаТагови: Трчај бе Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКако уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00
СветКорупциски скандал го тресе Киев: 4,5 милијарди долари изнесени од земјатаУкраинската даночна служба објави дека открила траги од голема шема на одлив на капитал и перење пари преку лажно претставена меѓународна трговија вредна околу 4,5 милијарди долари, во која биле вклучени илјадници фиктивни компании.Повеќе од 2.300 украински компании извршиле сомнителни трансакции со странство, по што многу практично исчезнале од деловните евиденции, објавува „Киев Индепендент“. Даночната служба наведува дека сомнежот го предизвикале компании чии сопственици или директори истовремено управувале со стотици други компании. Директорката на Украинската државна даночна служба, Лесја Карнаух, изјавила дека се идентификувани седум лица кои истовремено биле основачи или директори на повеќе од 500 компании, додека вкупно повеќе од 7.000 деловни субјекти биле под нивна контрола. Истрагата, исто така, покажала дека многу сомнителни компании користеле исти IP адреси, поднесувале извештаи од споделени компјутерски мрежи и биле регистрирани на идентични адреси. Во Киев, 20 компании биле регистрирани на една адреса, додека во Лавов, две адреси биле седиште на 10 и 13 компании. Случајот беше откриен откако Украинската централна банка пријави голем број прекршувања на пропишаните рокови за завршување на меѓународните платни трансакции во периодот од 2024 до првиот квартал од 2026 година. Даночната служба подготви аналитички извештаи за 557 компании и ќе ги проследи до украинското обвинителство, кое ќе одлучи за понатамошните чекори. Извор: Б92Тагови: Киев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter