Ѓоковиќ наскоро нема да биде светски рекет број 1 - Канал 5

Ѓоковиќ наскоро нема да биде светски рекет број 1

Новак Ѓоковиќ држи поголем дел од тениските рекорди, но наскоро би можел да остане без еден од најважните.

Ѓоковиќ наскоро нема да биде светски рекет број 1

Неговата одлука да не игра турнири до крајот на годината доведе до тоа рускиот тенисер Данил Медведев да има шанса да го прескокне доколку победи на Мастерс турнирот во Индијан Велс. Од 1 ноември, бодовите ќе се одземаат од двата турнира. Со оглед на тоа што Ѓоковиќ губи повеќе, на 1 ноември ќе се соочи со 10.340 поени. Од друга страна, Медведев идеално би имал 10.575 за себе.

Ова ќе го направи Русинот 27 -ми тенисер во историјата што го зазема првото место на АТП -листата. Треба да се напомене дека неговото владеење ќе трае само една недела до новата пресметка на поените. Секако, Медведев ќе има шанса да брани дел од бодовите од Париз. Постои можност тој да достигне уште 500 бода во Виена, но тој веќе најави дека не планира да го игра тој турнир. Прашање е колку долго Ѓоковиќ може да го држи рекордот, имајќи предвид дека нема да игра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов обид за нелегален премин во Сеута: Уапсени 150 мигранти

Мароканската полиција пресретна и уапси околу 150 мигранти кои се обиделе да влезат во шпанската северно-африканска енклава Сеута.

Нов обид за нелегален премин во Сеута: Уапсени 150 мигранти

За време на операцијата, како што пренесуваат светските бил употребен солзавец, а на безбедносните сили им помагаа хеликоптери, беспилотни летала и полициски кучиња.

Според извештаите, најголем дел биле граѓани на земјите од подсахарска Африка, но и десетици марокански државјани.

Најновиот обид за нелегален премин на границата доаѓа две недели откако повеќе од 72.000 мигранти влегоа во Сеута, при што околу 100 луѓе загинаа во обидот да стигнат до европско тло.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Отпуштање наставници, затворање училишта и хајка против директори – образованието е под окупација од ВМРО

Додека Мицкоски беше на „научнообразовна екскурзија“ во Белгија, Јаневска дома ја спроведува своја „образовна програма“ - ги злоупотребува образовните институции за политичка пресeметка од најдолен вид.

СДСМ: Отпуштање наставници, затворање училишта и хајка против директори – образованието е под окупација од ВМРО

Наместо фокус на подобро образование – ВМРО и Јаневска создадоа хаос во образованието, се отпуштаат наставници и се затвораат како што најави над 20 подрачни училишта ширум државата.

ВМРО ОКГ ја партизираше секоја институција, па сега на ред дојдоа и директорите од училиштата.

Според информациите кои стигнаа до нас, двајца инспектори од Државниот просветен инспекторат, периодов спроведуваат хајка кон директори кои не се партиски послушници.

Прашуваме, дали едни исти двајца инспектори, Мирјана Насковска и Тони Илиев во повеќе училишта спроведуваат вонредни инспекциски надзори по претставки со слична или идентична содржина.

Дали врз директори од средни училишта се врши притисок да поднесат оставка или да се откажат од функцијата пред истекот на нивниот мандат.

Дали власта на Мицкоски врши политичка операција за чистење на кадри, неподобни директори и поставување на партиски послушници.

Дали инспекцискиот надзор е претворен во механизам за смена на неподобни директори.

Затоа ли овие двајца инспектори се појавуваат во речиси сите инспекциски надзори, а истовремено се и кадровски унапредувани и или наградувани.

Очигледно Наскова и Илиев се „инспектори од доверба“ на ВМРО, за специјална намена. Инспектори кои се користат за однапред зададена политичка задача.

Ваква постапка за притсок и смена на неподобни директори се одвива и во средното училиште во Скопје „Панче Арсовски“, каде што постапуваат токму овие двајца инспектори.

Истовремено, веќе има директори кои ги оспориле решенијата за разрешување.

Дел од постапките се пред второстепени органи, а има и случаи во кои Управниот суд интервенирал и ја вратил постапката на повторно одлучување, како и случаи со мериторни одлуки во корист на разрешени директори.

СДСМ не е против инспекцискиот надзор, но се противи да биде злоупотребен овој механизам како средство за реваншизам и поставување на партиски подобни директори.

Го повикуваме Државниот просветен инспекторат веднаш да ја запре оваа политичка операција за елиминација на неподобни директори.

Јавно да одговори: зошто едни исти инспектори се појавуваат во повеќе вакви постапки?

Бараме проверка на постапувањето на инспекторите, на критериумите за нивните кадровски унапредувања или дополнителните надоместоци, на начинот на распределба на предметите и наводите за притисоци врз директори.

Партиските интереси и канџи мора да се тргнат од образованието. Тоа требало да го види Мицкоски на научната екскурзија во Бриж.

Училиштата не се партиски штабови. Директорите не се партиски послушници.

Затоа македонското образование со ВМРО-ОКГ тоне.

Државниот просветен инспекторат треба да биде чувар на законите, а не чувар на партиските интереси и политички инструмент на власта на ВМРО.

Прес-конференција на СДСМ, Јованче Манасков – Комисија за образование

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Граѓаните не треба да бидат заложници на партиската паника на Филипче и СДС, водата во Гостивар е повторно питка

Додека институциите работат и ги решаваат проблемите, СДС се обидува политички да профитира преку ширење страв и паника меѓу граѓаните.

Петрушевски: Граѓаните не треба да бидат заложници на партиската паника на Филипче и СДС, водата во Гостивар е повторно питка

Последен пример е ширењето на лаги и манипулации за наводна загадена вода во Скопје. Прво пласираат обвинувања, а кога ќе бидат демантирани со факти, нема ниту извинување ниту одговорност.

Исто беше и со водата во Гостивар. Надлежните институции ги направија потребните испитувања и потврдија дека водата е безбедна за пиење. Наместо да ги прифати фактите, СДС продолжува да создава сомнеж кај граѓаните.

Граѓаните не треба да бидат заложници на партиската паника на СДС. Водата во Гостивар е безбедна, а институциите ја следат состојбата и постапуваат одговорно.

Додека Филипче е на Паљури со Заев, хаосот во СДС е поголем од кога било. Наместо да измислуваат кризи, во СДС треба да се справат со сопствениот хаос.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер