3Во единствена снимка, Баба Ванѓа споменува црвенокоси самовили: Насекаде се околу нас, само не можеме да ги видиме (ВИДЕО)
ЖивотГинеколог злоставувал повеќе од 200 жени, УКЛА плаќа отштета од 244 милиони долариУниверзитетот Калифорнија (UCLA) се согласи да плати отштета од речиси 244 милиони долари за околу 200 жени кои го обвинуваат поранешниот гинеколог Џејмс Хепс во кампусот за сексуален напад.Во спогодбата, се опфатени 203 жени кои изјавиле дека д-р Џејмс Хепс ги допирал, симулирал сексуален однос со ултразвучна сонда или давал несоодветни коментари за време на прегледи во Студентскиот медицински центар или во неговата канцеларија во кампусот за време на неговата 35-годишна кариера. Деталите не се објавени. Во стотици тужби се тврди дека УКЛА намерно ја сокрила сексуалната злоупотреба на п циентките на Хепс и му дозволила да продолжи да има непречен пристап до наводните жртви долги години. Во спогодбата поднесена пред судот во Лос Анџелес, универзитетот се согласи да плати 243,6 милиони долари за 203 жени кои тврделе дека Хепс ги нападнал. УКЛА започна да го истражува Хепс во 2017 година, а тој се пензионираше следната година откако неговиот договор не беше продолжен. Со спогодбата не се опфатени повеќе од 300 пациентки кои се уште го тужат. Минатиот месец, Универзитетот во Мичиген објави дека ќе плати речиси половина милијарда долари на илјада поранешни студенти и спортисти кои биле сексуално злоупотребувани од лекарот во образовната институција, Ричард Андерсон. Во друг случај, Универзитетот Јужна Калифорнија (УСК) во Лос Анџелес се согласи да плати вкупно 1,1 милијарда американски долари преку три посебни договори на стотици жени жртви против поранешен гинеколог вработен во кампусот, што е најголемиот износ од овој тип на компензација забележан досега.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаКавадарчанец е уапсен- за време на „Тиквешки гроздобер“ му пронашле дрога и пари Лишен од слобода кавадарчанец, при преглед кај него пронајдена дрога и пари.На 05.09.2026 во 22:45 часот, за време на одржување на манифестација „Тиквешки гроздобер“ во Кавадарци, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода К.М.(34) од Кавадарци, затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКосел трева, па запалил пожар во с. Брезница- уапсен е Лишен од слобода маж од Македонски Брод, предизвикал пожар во село Брезница.На 05.09.2026 полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода М.Т.(38) од Македонски Брод, постапувајќи по пријава дека на 05.09.2026 околу 10:00 часот предизвикал пожар во с.Брезница, Македонски Брод, така што од искрење на бензински тример за косење, во близина на неговата куќа во с.Брезница, настанал пожар кој се проширил кон соседните имоти. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа од ЈП „Национални шуми“ и локалното население. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалИнцидент во Англија: Навивач му удри шлаканица на фудбалер (ВИДЕО)Натпреварот помеѓу Портсмут и Кардиф, кој се одигра вчера во рамките на 5-тото коло од Чемпионшип, беше нарушен со инцидент во кој гостинскиот играч Кристијан Биелик влезе во физичка пресметка со млад навивач. Сето тоа се случи во 70-тата минута на стадионот Фратон Парк, при што Портсмут водеше со 2-0. Натпреварот заврши со тој резултат. Поранешниот ученик на фудбалската академија на Арсенал се обиде да ја добие топката што заврши на трибините. Снимките од инцидентот покажуваат како навивачот ја фрла топката од него, на што Биелик реагираше фаќајќи го навивачот за вратот и туркајќи го подалеку. Младиот навивач потоа стана и се обиде да возврати. Натпреварот беше накратко прекинат, а навивачот кој беше зграбен за вратот од фудбалерот беше отстранет од стадионот. Биелик не беше санкциониран. Cardiff player Krystian Bielik grabbed a young Portsmouth fan by the throat after he threw the ball away from him today... Instead of dealing with the assault on the lad properly, the young lad was ejected from the stadium by Pompey Stewards... 🤯pic.twitter.com/LQXvzIvV1L — Football Away Days (@AwayDaysFB) September 5, 2026 Изјави по натпреварот Тренерот на Кардиф, Брајан Бери-Мерфи, рече дека навивачот го удрил Биелик и ја пофали реакцијата на судијата. „Сакав да проверам дали е заштитен и дали е добро, и беше. Судијата и неговите помошници се справија со ситуацијата беспрекорно, според мене. Тој рече дека јасно видел што се случило, ги смирил сите и ја спровел правилната постапка. Играчите постојано се изложени на неприфатливи ситуации“, рече тој. Менаџерот на Портсмут, Џон Мусињо, им се извини на Кардиф и нивните играчи. „Судијата објасни дека имало врева кога Кристијан тргнал по топката и еден навивач го удрил. Не беше убаво да се види. Само го видов и е добро, но тоа не е важно, вакви работи не треба да се случуваат. Сакаме да создадеме вжештена атмосфера на Фратон Парк, во што успеавме во последните години. Понекогаш се преминува границата, го разбирам тоа, но не мислам дека има потреба од вакви сцени. Им се извинуваме на играчите и на Кардиф и ќе направиме сѐ што можеме за да се осигураме дека ова нема да се повтори.“Тагови: навивач фудбалер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook