Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
2Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
БалканГерманија со ултиматум до Србија: Или ЕУ или РусијаДва дена пред самитот за Западен Балкан во Берлин, висок германски функционер изјавил дека Србија наскоро ќе треба да одлучи дали сака да се приклучи на Европската унија или дали сака да продолжи да ги развива односите со Русија.Реакцијата на Германија беше предизвикана од извештаите според кои Белград ја стави својата војска во состојба на готовност поради тензиите на Косово. „Потребата да се донесе одлука доаѓа до израз“, изјавил германскиот функционер, кој сакал да остане анонимен. „Односите со Србија се сложени - има добри и лоши страни. Односите на Србија со Русија секако се дел од лошите страни на тој однос“, додаде тој. Односот меѓу Германија и Србија дополнително е загрозен од фактот што српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ минатиот месец потпиша договор со неговиот руски колега Сергеј Лавров во кој тие се обврзаа да се консултираат за прашања од надворешната политика. Од 2012 година, кога стана кандидат за влез во ЕУ, Србија се обидува да балансира помеѓу историски блиските односи со Русија и аспирациите за интеграција во Европската унија. Таа рамнотежа ја отежна војната во Украина, особено затоа што многу Срби сочувствуваат со Русија. Германскиот функционер изјавил дека српскиот претседател Александар Вучиќ ќе ја има целосната поддршка од ЕУ и германската влада доколку одлучи да тргне по патот на евроинтеграциите. Тој исто така додаде дека Србија, доколку избере друг пат, ќе ги почувствува последиците од нејзиниот избор. Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ изјави дека Србија се залага за дијалог, но дека тој не може да се релаксира. „Армијата е подготвена да ги заштити сите граѓани на Србија, вклучително и Србите на Косово, никој не треба да се сомнева во тоа“, рече Вучевиќ во врска со сѐ позаострените односи со Косово. Косово постојано се обидува да му нареди на своето српско малцинство да ги смени старите регистарски таблички кои датираат од пред 1999 година, кога Косово сè уште беше дел од Србија, што предизвика отпор кај српското малцинство, кое не сака да ги смени регистарските таблички. Косово минатата недела објави дека го одложува планот за конфискација на српски автомобили чии сопственици одбиваат да им се сменат старите регистарски таблички, од времето кога Косово сè уште беше дел од Србија. Одлуката дојде откако ЕУ предупреди дека конфискацијата на автомобилите може дополнително да ги поттикне етничките тензии. ЕУ во саботата соопшти дека Косово има право постепено да ги укинува регистарските таблички, но преодниот период треба да се продолжи. Косово прогласи независност во 2008 година, но околу 50.000 етнички Срби кои живеат во северниот дел одбиваат да ја признаат власта на Приштина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВечерва на „Кино на отворено“ во Кисела Вода: „Таинствената шума“ и култниот „Пред дождот“Во прекрасна опуштена атмосфера, синоќа во паркот „Македонија“ се одржа првата вечер од манифестацијата „Кино на отворено“ во Кисела Вода. Присутните уживаа во програмата која ја отвори детскиот анимиран филм „Клинци Каубојци“, а продолжи со проекцијата на наградуваниот македонски филм „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска и продукција на Јорданчо Петковски и Ана Хамши. Општина Кисела Вода ги поканува граѓаните да бидат дел од филмското дружење и вечерва, на истата локација. Вечерашната програма, која се одржува во близина на Домот на културата „Билјана Беличанец“, стартува во 19:00 часот со детскиот анимиран филм „Таинствената шума“, синхронизиран на македонски јазик. Веднаш потоа, од 20:25 часот, следува проекција на култниот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, македонско ремек-дело кое има освоено над 30 меѓународни награди, меѓу кои и „Златниот лав“ во Венеција, како и номинација за Оскар. Настанот се реализира во соработка со Кинотека на Република Македонија и „Киноверзум“. Ве очекуваме и вечерва во паркот „Македонија“!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВидео: Првиот ден на „Октоберфест“ во сенка на инцидентПрвиот ден на „Октоберфест“ во сенка на инцидент. Посетители виселе наопаку, итните служби веќе згрижиле 600 лица.Посетителите на „Октоберфест“ во Минхен виселе наопаку околу пет минути за време на една атрактивна панаѓурска вожња, а причината за инцидентот сè уште е непозната, пренесе ДПА. Откако се симнале од високиот тобоган,неколку лица, главно помлади, се пожалиле на блага вртоглавица и проблеми со циркулацијата. По кратка лекарска контрола, сите се вратиле на фестивалот на пивото. Службата за итна помош соопшти дека првиот ден од 191-виот „Октоберфест“ згрижила околу 600 пациенти. Најголемиот фестивал на пивото во светот беше отворен вчера и ќе трае 16 дена, сè до 4 октомври. https://www.instagram.com/reel/DdeZBufocli/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loadingТагови: Октоберфест Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисГригор Димитров: „Новак Ѓоковиќ ми призна дека се чувствува празно“Најдобриот бугарски тенисер Григор Димитров ги откри деталите од разговорот со најтрофејниот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ.Новак Ѓоковиќ и Григор Димитров се единствените преостанати членови на „старата гарда“ и сè потешко им е да најдат мотивација откако Роџер Федерер, Рафаел Надал, Енди Мареј, Стен Вавринка и Гаел Монфис ги закачија рекетите на клинец... Ривалството што имавме можност да го следиме повеќе од една деценија беше само по себе инспирација за играчите. Бугаринот, кој е голем пријател со српскиот ас, неодамна откри што му кажал Ѓоковиќ за повлекувањето на Федерер и Надал, со кои ги водеше најголемите битки на АТП-турнејата. Тој призна дека се чувствува исто и дека му недостасува жарот што го имал додека се натпреварувал против најдобрите играчи во овој спорт. „Морам да бидам искрен. Веќе неколку години сум прилично дистанциран од сè што се случува на АТП-турнејата. Сè уште се натпреварувам, но веќе не ги следам случувањата во мојот спорт, ниту пак сум упатен во нив. Целиот мој живот се вртеше околу тенисот, а сега малку ме растажува сознанието дека дури и не ги познавам повеќето од активните играчи“, изјави Димитров. Во моментов, само 10 од најдобрите 100 играчи во светот се постари од 30 години, а само шестмина имаат 35 или повеќе години. Григор признава дека се чувствува осамено... „Годините можеби се само бројка, но во нашиот спорт имаат огромно влијание. Не се работи само за она што се случува на теренот, туку и за интеракцијата со другите за време на турнирот.“ Со години, Димитров беше еден од играчите кои им создаваа големи проблеми на „големата тројка“ и уживаше во тој натпреварувачки дух и во улогата на аутсајдер. „Дел од мене си замина од тенисот кога Федерер и Надал се повлекоа. Знам дека и Ѓоковиќ се чувствува исто, бидејќи разговарав со него за тоа. Се потсетивме колку беше возбудливо да се соочуваме со постојаните предизвици на таа ера“, рече тој и истакна: „Да се соочуваш со тројцата најдобри играчи на сите времиња речиси секоја недела беше неверојатно чувство, а во моментов е невозможно да доживеам нешто слично. Не сакам да навредам никого од сегашните играчи, но за мене ерата на 'големата тројка' секогаш ќе претставува најголем предизвик со кој може да се соочи еден тенисер“, изјави Бугаринот, кој успеа да стигне до третото место на АТП-листата и да освои девет титули во ерата на „големата тројка“.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook