Герасимовски: Со Нацрт ДУП-от „Барутана“ воведуваме плански ред – нема услови за нова „Панорамика“ и дивоградби - Канал 5

Герасимовски: Со Нацрт ДУП-от „Барутана“ воведуваме плански ред – нема услови за нова „Панорамика“ и дивоградби

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во интервју за Канал 5 ги презентираше клучните аспекти од изработката на ДУП-от „Барутана“.

Герасимовски: Со Нацрт ДУП-от „Барутана“ воведуваме плански ред – нема услови за нова „Панорамика“ и дивоградби

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во интервју за Канал 5 ги презентираше клучните аспекти од изработката на ДУП-от „Барутана“, потенцирајќи дека новиот план не го зголемува, туку значително го намалува обемот на градење и воведува јасни правила за заштита на просторот на Водно.

Наводите за можни ерозии ги отфрли како нестручни бидејки се темели врз стручни анализи и физибилити студии.

„ДУП-от е дете на ГУП-от, кој е донесен со параметри што важат и денес. ГУП-от се темели на стручни проценки, снимања и анализи на теренот, вклучително и оние за ерозивноста“, изјави Герасимовски.

Тој нагласи дека неконтролираното и диво градење е главен ризик за појава на свлечишта и ерозија, додека планското уредување обезбедува стабилност и безбедност.

„Свлечиштата најчесто се резултат на непланска и самоволна градба. Со овој ДУП воведуваме ред наместо такви практики,“ додаде тој.

Градоначалникот демантираше дека се зголемува бројот на градежни парцели, посочувајќи дека тие се преземени од претходниот план.

Според новиот нацрт-план, вкупната дозволена изградба се намалува од 43.429 м² на 29.459 м² (за 33%), максималната изграденост се ограничува на 40%, се дозволува само едно подземно ниво, зелените површини се зголемуваат на 40%.

„Нема да има изигрувања како во случајот со ‘Панорамика’, каде се градеа повеќе лажни подземни нивоа. Со овој план се дозволува само едно подземно ниво за паркирање, со што се гарантира дека такви злоупотреби нема да се повторат“, истакна Герасимовски.

Тој информираше дека и сега е во постојан контакт со реномирани експерти од струката.

„Имавме консултации со стручни лица и градежници, денеска се сретнав со професорот и екс градоначалник Грчев. Тој укажа дека многу нестручни лица си даваат слобода да коментираат без елементарно познавање на материјата“, рече градоначалникот.

Герасимовски нагласи дека станува збор за план кој има континуитет со постојните решенија.

„Се создаде непотребна фама. Ова не е нов план, туку ДУП кој постои од 2002 година. Ние не го зголемуваме обемот на градење, туку го уредуваме просторот и воведуваме јасни правила“, истакна тој.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Радуков: би бил крајно изненаден ако македонските власти не знаеле за бегството на Михаилова

Не можам да тврдам дека било договорено, но би бил исклучително изненаден доколку македонските власти не знаеле за заминувањето на Ива Михаилова во Бугарија, изјави бугарскиот амбасадор во Скопје, Желјазко Радуков.

Радуков: би бил крајно изненаден ако македонските власти не знаеле за бегството на Михаилова

Не можам да тврдам дека било договорено, но би бил исклучително изненаден доколку македонските власти не знаеле за заминувањето на Ива Михаилова во Бугарија, изјави бугарскиот амбасадор во Скопје, Желјазко Радуков во интервју за бугарската телевизија bTV. Негираше дека знаел за планот за бегство на Михаилова и иако подвлече дека не може да го поддржи начинот на кој таа ја напуштила Македонија, Радуков посочи оти го разбирал нејзиниот очај поради ниската доверба во македонските институции. Тој изрази сомнежи за тоа како Михаилова успеала да ја напушти Македонија набројувајќи ги судските ограничувања, одземените патни исправи и полициските мерки што, според него, постојано биле применувани.

-Нема како да не разбереме дека од неа се бара да има доверба во еден систем, во кој општеството има доверба некаде околу 2 проценти.

... Пред нејзиниот дом редовно имаше униформирана полициска патрола, а и да излезеше ја придружуваа полициски службеници во цивилна облека. И Вие како новинари забележавте дека за време на судските рочишта во Кочани таа споделуваше дека во ноќните часови имало дронови над нејзината куќа. И одеднаш сето тоа, на некаков начин, исчезнува и таа ја преминува границата? Ајде, Ве молам!

Значи нема едно такво излегување од земјата при сите тие превентивни мерки што ги опишавте да остане незабележана од тамошните власти?

Тоа не можам да го тврдам, но би бил исклучително изненаден ако не било усогласено. - Желјазко Радуков - амбасадор на Република Бугарија во Македонија

Ива Михаилова цела недела е во болницата „Пирогов“ во Софија, а според бугарските медиуми таму ќе остане до почетокот на следнава седмица. Од здравствената установа посочуваат дека се прават дополнителни високоспецијализирани испитувања за да се разјасни нејзината здравствена состојба, по што ќе се процени како ќе продолжи нејзиното лекување. Во меѓувреме, претставници од Министерството за здравство утре ќе остварат средба со бугарските здравствени власти и ќе разговараат за случајот, бидејќи нејзиното бегство се случи токму кога беше договорено бугарски лекари да дојдат во Македонија.

Додека Бугарија нема намера да ја екстрадира, македонската Влада нема намера да се откаже од барањето на одговорност за случајот со Ива Михаилова. Иако Бугарија тврди дека нема да ја даде назад, македонските власти велат дека располагаат со механизми и најавија дека околностите околу нејзиното заминување, како и за случајот со бегството на нејзиниот татко ќе бидат презентирани пред партнерите во НАТО и ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пезешкијан: Иран никогаш нема да попушти пред претераните барања на САД

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Техеран никогаш нема да попушти пред, како што ги нарече, претераните барања на САД и дека ќе продолжи да се спротивставува на американскиот притисок.

Пезешкијан: Иран никогаш нема да попушти пред претераните барања на САД

Пезешкијан ова го порача за време на виртуелен состанок посветен на разгледувањето на кандидатурата на Мехрдад Ахлаги Кетабчи за нов министер за одбрана на Иран, објавија иранските медиуми. Пезешкијан нагласи дека на иран сега, повеќе од кога било, му се потребни стручни кадри и посветени припадници на вооружените сили.Тој повтори дека техеран нема намера да нападне ниту една земја, тврдејќи дека иран не го сторил тоа ниту во изминатите два века.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Русија нè нападна 76 пати откако Трамп најави примирје

Русија десетици пати го нападна енергетскиот сектор на Украина, како и нејзината нафтена и гасна индустрија, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски: Русија нè нападна 76 пати откако Трамп најави примирје

Во текот на изминатата недела – откако американскиот претседател Доналд Трамп најави прекин на нападите врз енергетската инфраструктура – ​​Русија десетици пати го нападна енергетскиот сектор на Украина, како и нејзината нафтена и гасна индустрија, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Откако американскиот претседател пред една недела најави ’енергетско примирје‘, Русија намерно го нападна енергетскиот сектор на Украина и нејзината нафтена и гасна индустрија 76 пати“, напиша Зеленски на социјалната мрежа „X“.

Тој додаде дека во најновите напади биле погодени електрични потстаници во регионите Виница, Житомир, Хмелницки и Одеса.

Ниту Киев, ниту Москва не го потврдија договорот за примирје што го најави Трамп.

Пред една недела, Трамп изјави дека Украина и Русија се договориле за она што тој го нарече „енергетско примирје“.

Во објава на социјалните мрежи, Трамп напиша дека енергетското примирје ќе стапи на сила веднаш, иако не даде дополнителни детали во врска со ова тврдење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер