3Драма над Црното Море: Откриени се дронови кај Змискиот остров, подигнати се шпански ловци и хеликоптери
3Навивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)
МакедонијаРадуков: би бил крајно изненаден ако македонските власти не знаеле за бегството на МихаиловаНе можам да тврдам дека било договорено, но би бил исклучително изненаден доколку македонските власти не знаеле за заминувањето на Ива Михаилова во Бугарија, изјави бугарскиот амбасадор во Скопје, Желјазко Радуков.Не можам да тврдам дека било договорено, но би бил исклучително изненаден доколку македонските власти не знаеле за заминувањето на Ива Михаилова во Бугарија, изјави бугарскиот амбасадор во Скопје, Желјазко Радуков во интервју за бугарската телевизија bTV. Негираше дека знаел за планот за бегство на Михаилова и иако подвлече дека не може да го поддржи начинот на кој таа ја напуштила Македонија, Радуков посочи оти го разбирал нејзиниот очај поради ниската доверба во македонските институции. Тој изрази сомнежи за тоа како Михаилова успеала да ја напушти Македонија набројувајќи ги судските ограничувања, одземените патни исправи и полициските мерки што, според него, постојано биле применувани. -Нема како да не разбереме дека од неа се бара да има доверба во еден систем, во кој општеството има доверба некаде околу 2 проценти. ... Пред нејзиниот дом редовно имаше униформирана полициска патрола, а и да излезеше ја придружуваа полициски службеници во цивилна облека. И Вие како новинари забележавте дека за време на судските рочишта во Кочани таа споделуваше дека во ноќните часови имало дронови над нејзината куќа. И одеднаш сето тоа, на некаков начин, исчезнува и таа ја преминува границата? Ајде, Ве молам! Значи нема едно такво излегување од земјата при сите тие превентивни мерки што ги опишавте да остане незабележана од тамошните власти? Тоа не можам да го тврдам, но би бил исклучително изненаден ако не било усогласено. - Желјазко Радуков - амбасадор на Република Бугарија во Македонија Ива Михаилова цела недела е во болницата „Пирогов“ во Софија, а според бугарските медиуми таму ќе остане до почетокот на следнава седмица. Од здравствената установа посочуваат дека се прават дополнителни високоспецијализирани испитувања за да се разјасни нејзината здравствена состојба, по што ќе се процени како ќе продолжи нејзиното лекување. Во меѓувреме, претставници од Министерството за здравство утре ќе остварат средба со бугарските здравствени власти и ќе разговараат за случајот, бидејќи нејзиното бегство се случи токму кога беше договорено бугарски лекари да дојдат во Македонија. Додека Бугарија нема намера да ја екстрадира, македонската Влада нема намера да се откаже од барањето на одговорност за случајот со Ива Михаилова. Иако Бугарија тврди дека нема да ја даде назад, македонските власти велат дека располагаат со механизми и најавија дека околностите околу нејзиното заминување, како и за случајот со бегството на нејзиниот татко ќе бидат презентирани пред партнерите во НАТО и ЕУ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСе урна преполна трибина во Норвешка- еден навивач заврши во болница, натпреварот е прекинат Натпревар од норвешката лига помеѓу Тромсе и Боде Глимт беше прекинат по 40 минути игра поради сериозен инцидент на стадионот Алфхајм, каде што дел од гостинската трибина се урна под тежината на навивачите. Едно лице е однесено во болница.Според норвешките медиуми, до пет лица паднале откако се урнала конструкцијата, а хоспитализираниот навивач бил свесен, потврди Симен Педерсен, службеник за односи со медиумите на Боде Глимт, објави Ројтерс. Инцидентот се случил зад еден од головите, додека гостинските навивачи скокале и пееле. Еден очевидец, Андрине Моен, изјави за локалниот весник VG дека подот одеднаш се урнал и редот пред неа се преполовил. Според неа, најмалку две лица паднале низ подот на трибината, но не е познато од која висина паднале или колку луѓе биле вклучени во инцидентот. Полицијата започна истрага и е одлучено дека оштетената трибина повеќе нема да се користи. Гостинските навивачи прво биле евакуирани, а потоа преместени на страничните трибини на стадионот. Натпреварот продолжи во 16 часот, а Боде/Глимт успеаја да се вратат на фудбалските обврски и да поведат непосредно пред крајот на првото полувреме. Ола Бринхилдсен постигна гол во втората минута од судиското продолжение (45+2). До крајот, Бринхилдсен го зголеми резултатот на 2-0 во 73-тата минута.Тагови: навивач трибина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
СветЗаврши ли времето на Нетанјаху- Ајзенкот е новиот мандатар за состав на владата на Израел Израелскиот претседател Исак Херцог ја започна прес-конференцијата со изјава дека одржал консултации со претставници на сите партии, по израелските избори кои резултираа со политичка блокада.Тој ги опиша разговорите како „тешки и длабоки“, објави Скај Њуз. „Стана јасно дека сите граѓани на Израел, без оглед на нивните ставови, начини на живот или верувања, имаат еднаков глас, независно од тоа од која страна или партија доаѓаат“, вели тој. „Основното прашање е: кој има најголеми шанси да формира влада? „Затоа, во својство на претседател, одлучив мандатот за формирање влада да му го доделам на претседателот на партијата ‚Јашар‘, Гади Ајзенкот.“ За контекст: Како што веќе известувавме, Бенјамин Нетанјаху се бори да остане на функцијата, откако неговата верско-националистичка коалиција го загуби мнозинството на изборите одржани на 27 октомври. Опозицискиот кандидат Ајзенкот, поранешен началник на Генералштабот, настапи како главен ривал, предводејќи блок од партии кои имаат за цел да го сменат израелскиот премиер со најдолг стаж на власт.Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЦрна Гора затвори 23 од 33 поглавја, договорот за пристап во ЕУ се очекува во јуниСо затворањето на поглавјата 1 – Слобода на движење на стоки и 12 – Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, Црна Гора стигна до 23 привремено затворени од вкупно 33 поглавја од преговорите.Со затворањето на поглавјата 1 – Слобода на движење на стоки и 12 – Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, Црна Гора стигна до 23 привремено затворени од вкупно 33 поглавја од преговорите, така што остануваат уште десет до крајот на преговорите. Владата и европските институции најавија дека целта е сите преостанати поглавја да бидат затворени до крајот на годината, додека премиерот Милојко Спајиќ очекува во јуни следната година да го потпише Договорот за пристапување кон Европската Унија. Две нови поглавја беа затворени на 30. Меѓувладина конференција меѓу Црна Гора и Европската Унија во Брисел, каде што црногорската делегација ја предводеше Спајиќ. Тој по средбата рече дека затворањето на поглавјата 1 и 12 претставува продолжување на резултатите на европскиот пат. „Додека годината се ближи кон крајот, ние даваме резултати. Секоја реформа бара голема посветеност, резултатите се тука. Нашиот фокус останува непроменет – владеење на правото, силни институции, подобар животен стандард“, рече Спајиќ.Тагови: ЕУ Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter