Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија, Бразил – 2026
1Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија, Бразил – 2026
Веб ТВГенералниот секретар на Советот на Европа Ален Берсе во посета на МакедонијаFollow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамНовиот „Nissan Skyline“ доаѓа наскоро: „Вештачката интелигенција има голема улога“Откако „Nissan“ ја изненади јавноста со првиот тизер за новиот седан „Skyline“ претходно оваа година, најновите извештаи сугерираат дека автомобилот би можел да дебитира веќе кон крајот на оваа година.Извршниот директор на компанијата, Иван Еспиноза, потврди за „Nikkei Asia“ дека новата генерација „Nissan“ ќе ја претстави во текот на претстојната зима, што значи дека официјалниот превез би можел да се подигне пред крајот на 2026 година. Додека развојот на претходниот модел (генерацијата V37) траеше дури 55 месеци, новата, 14-та генерација ќе биде завршена за само 26 месеци. Таквото драстично забрзување на програмата се припишува на употребата на вештачка интелигенција. „Голем дел од овој успех лежи во можностите на вештачката интелигенција и употребата на нови, понапредни дигитални алатки во фазите на дизајнирање, тестирање и производство“, објасни Еспиноза. Љубителите на традиционалното возење ќе бидат задоволни кога ќе чујат дека „Nissan“ потврдил дека новиот „Skyline“ нема да користи „CVT“ менувач. Гласините сугерираат дека автомобилот ќе добие мануелен менувач поврзан со 3,0-литарски двоен турбо „V6“ мотор од спортскиот модел „Nissan Z“, кој ќе ја погонува задната оска. За да се привлече поширок круг купувачи, планирана е и верзија со погон на сите тркала и автоматски менувач, но „Skyline“ е првенствено позициониран како спортски седан за ентузијасти. Кога станува збор за дизајн, само затемнетите тизери од април се уште се достапни за јавноста, но инсајдерите тврдат дека автомобилот изгледа „агресивно и модерно, со пропорции што евоцираат спомени од оригиналот“. Тизерите јасно ја покажуваат значката „Skyline“ на задниот столб, црната табла што ги врамува препознатливите тркалезни задни светла, како и класичното лого „S“ на предната страна, објавува „Autoblog“. Автомобилот ќе има јасни почести на својата богата историја, но нема да биде чист ретро модел. Со оглед на тоа што иконското име „Skyline“ го слави својот 70-ти роденден следната година, „Nissan“ го избра совршениот момент да ја оживее легендата. Извор: Б92Тагови: Nissan Skyline Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРедици за гориво на автопатот Москва-Санкт Петербург (ВИДЕО)Украинската војна со беспилотни летала против руските рафинерии стигна до бензинските пумпи во Москва и Санкт Петербург.Двата клучни руски града неодамна ги воведоа првите ограничувања за продажба на бензин, дел од огромниот недостиг што сега погоди повеќе од 25 руски региони, објавува независниот медиум „Москва тајмс“. The Moscow-Saint Petersburg highway. A massive queue has formed at a gas station. Fuel sale restrictions have been introduced across Russia. pic.twitter.com/zJm8VuL2pK — WarTranslated (@wartranslated) June 16, 2026 Иако украинските напади систематски ги уништуваат руските рафинерии за нафта со месеци, ситуацијата сега влезе во сосема нова фаза. Недостатокот за прв пат се прелеа во двата најголеми и политички најважни градови во земјата, директно влијаејќи на животниот стандард на обичните граѓани. На социјалните мрежи циркулира видео кое наводно прикажува ред за гориво на автопатот помеѓу Москва и Санкт Петербург, родниот град на рускиот претседател Владимир Путин. ❗️A massive fuel queue has formed on the M-11 highway between Moscow and St. Petersburg Drivers are reportedly being forced to wait in line for up to three hours just to refuel. Videos circulating online show long lines of vehicles stretching along the highway as motorists… pic.twitter.com/vzzxkc6Mzy — NEXTA (@nexta_tv) June 16, 2026 Како што открива извештајот на „Блумберг“, со нападите врз рафинериите, Киев сака да ги исуши изворите на финансирање за руската воена машинерија и во исто време да ги скрати крилјата на Москва за да не профитира од скокот на цените на нафтата предизвикан од војната во Иран. Украинските беспилотни летала само во мај 16 пати нападнаа руски рафинерии, при што беа погодени осум од десетте најголеми објекти во земјата. Вкупно се регистрирани најмалку 30 напади врз руската нафтена инфраструктура, што е месечен рекорд од почетокот на целосната инвазија.Тагови: гориво москва Санкт Петербург Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиИсториски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија, Бразил – 2026Македонската универзитетска репрезентација во карате постигна историски резултат на Светското универзитетско првенство во боречки спортови во Бразилија.Со освојувањето на златен, сребрен и два бронзени медали, Македонија се позиционира во генерален пласман на 4 -то место, како една од најуспешните нации на овој престижен настан одржан од 8 до 13 јуни 2026 година. македонските спортисти ја потврдија својата доминација и високата конкурентност на меѓународната спортска сцена. Триумфот на Вукашин Јовановиќ - Златниот медал на Вукашин Јовановиќ во категоријата до 67 килограми претставува врв на македонското учество на Светското универзитетско првенство во боречки спортови во Бразилија. Јовановиќ, кој настапува за КК Макпетрол, покажа извонредна зрелост во финалната борба против Амин Абделмалки од Белгија. Иако регуларниот дел заврши со резултат 2-2, судиското изјаснување од 3-2 му ја донесе титулата светски универзитетски шампион. Неговиот пат до златото беше обележан со доминантни победи во групната фаза и елиминациите, вклучувајќи ги дуелите со: Мартин Асерето од Чиле (7-0) Хосеин Вафа од Иран (5-5) Сирапат Чимвонг од Тајланд (3-0) Кабело Заморан Шоте од Шпанија (8-0) Хосеин Вафа од Иран (8-4) во полуфиналето) Младиот каратист на Макпетрол рангиран е на 4-то место во ТОП 10 најуспешни спортисти на светското првенство во Бразилија, со два освоени медали еден златен и еден сребрен медал. Покрај индивидуалниот успех на Јовановиќ, македонската репрезентација предводена од селекторот Бошко Заборски и тренерот на репрезентацијата Петар Заборски оствари значајни резултати во екипна конкуренција. Машката репрезентација во кумите се закити со сребрен медал, откако во полуфиналето ја совлада силната селекција на Турција со 3-1, додека во финалето загуби од Шпанија. Женската селекција го освои бронзениот медал, оствари победи со Австралија и Чиле, потврдувајќи го континуитетот на квалитет во македонското карате. Овие резултати се постигнати во конкуренција на околу 1.500 спортисти од 46 земји, што дополнително ја зголемува тежината на освоените одличја. Успешната серија на македонскиот тим ја отвори Стефан Стојановиќ, кој исто така е член на К. К. Макпетрол, тој освои бронзен медал во категоријата над 84 килограми. Неговиот успех беше клучен за подигнување на моралот на целата експедиција, која броеше 10 каратисти од пет различни универзитети. Оваа генерација спортисти докажа дека систематската работа и дисциплината се клучни фактори за успех на највисоко светско ниво. Настапот во Бразилија ја истакнува важноста на универзитетскиот спорт како мост помеѓу академското образование и врвните спортски достигнувања. Успехот на македонските студенти-спортисти не е случаен, туку резултат на долгогодишна работа во клубовите, како што се КК Макпетрол, Штип, Цветан Димов, Куштрими и Арена. Инвестицијата во овие млади луѓе се покажа како стратешки исправна за македонскиот спорт. Селекторот Бошко Заборски:- истакна дека овој резултат е потврда за конкурентноста на македонските каратисти на светско ниво. Освоените медали, светската титула и тимските пласмани меѓу најдобрите во светот претставуваат еден од најголемите успеси во историјата на универзитетскиот спорт во Македонија. Но, можеби уште повредна од самите медали беше пораката што ја испрати оваа генерација спортисти. Во составот на репрезентацијата имаше каратисти Македонци и Албанци, момчиња и девојки од различни средини, обединети околу една цел – да ја претставуваат Македонија на најдобар можен начин. Под македонското знаме тие покажаа дека успехот нема етничка, верска или политичка припадност. На татамито настапуваа како еден тим, како една репрезентација и како едно семејство. Токму затоа овој успех има многу поголемо значење од освоените медали. Оваа селекција покажа како треба да изгледа претставувањето на Македонија во светот – преку знаење, квалитет, меѓусебна почит, единство и заедничка борба за државните бои. Во време кога општеството често се дели по различни основи, овие спортисти покажаа дека најсилни сме кога сме заедно. Тие не освоија само медали, туку и почит, и станаа пример како се гради успешна и обединета Македонија.Тагови: карате Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПредложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38